fbpx

Железото е скапоцен минерал за нашето тело – Како да го вратиме балансот?

tonus

Секоја жива клетка, без разлика дали е растителна или животинска, во себе содржи одредена количина на минералот железо. Најголемиот дел од железото во човековиот организам е компонента на протеинот наречен хемоглобин во црвените крвни клетки и на миоглобинот, протеин во мускулите. Железото и во двата споменати протеини има улога да го пренесува и задржува кислородот, а потоа и да го ,,ослободува”. Хемоглобинот во крвта го пренесува кисородот од белите дробови до ткивата низ телото. Миоглобинот го задржува кислородот во мускулите и го користи при нивните контракции.

Како дел од бројни ензими, железото е од витално значење и за различните процеси за добивање на енергија во клетката. Дополнително, железото е потребно за создавање на нови клетки, аминокиселини, хормони и невротрансмитери.

Железото е скапоцен минерал за нашето тело!

Повеќе примери покажуваат колку железото е скапоцено за нашиот организам – при изумирањето на црвените крвни клетки, црниот дроб го зачувува железото и го враќа во коскената срцевина, по што повторно се употребува за создавање нови клетки. Само мали количества на железо се ,,губат”, од дигестивниот тракт, со сечењето на ноктите, лупењето на кожата и слично. Крварењето пак, води кон губење на поголеми количества железо од организмот.

Телото презема специјални мерки за одржување на балансот на железото во организмот. Железото е силен оксиданс кој генерира реакции на слободни радикали. Ваквите слободни радикали го зголемуваат оксидативниот стрес и воспалителните процеси поврзани со повеќе заболувања, како дијабет, кардиоваскуларни заболувања и канцер. За да се осигура доволно ниво на железо за телесните потреби, а во исто време да се превенира вишокот што очигледно може да биде и опасен, постојат специјализирани протеини за транспорт и складирање на железо во телото, а апсорпцијата е силно регулирана (поради фактот што железото активно не може да се излачи).

"“Online”/

Во нормални услови, само 10 -15% од внесеното железо преку исхраната се апсорбира. Во услови кога имаме зголемена потреба за железо, како при бременост на пример, апсорпцијата се интензивира, односно се зголемува.

Специјални протеински молекули во тенкото црево имаат способност да го ,,заробат” железото и да го задржат сe’ додека телото нема потреба, по што се апсорбира во крвотокот. Други протеини, наречени трансферини, го разнесуваат железото низ организмот. Кога потребите од железо се зголемени, телото продуцира повеќе трансферини. Кога овој минерал е во вишок, специјализирани протеини за складирање во црниот дроб, коскената срцевина и другите органи се задолжени за негово складирање.

Недостаток на железо и анемија

Недостатокот на железо и анемијата не се една иста работа – можно е човек да има недостаток од железо, а да не биде анемичен.

При анемијата доаѓа до недостаток од хемоглобин, поради нарушените резерви на железо во организмот. Без доволно железо, процесите на добивање енергија во клетките се нарушуваат. Резултатот е хроничен замор, слабост, главоболки, апатија и слаба отпорност на пониски температури. Поради ниските концентрации на хемоглобин во крвта, кој претставува црвениот пигмент, доаѓа до побелување на кожата, па личноста станува видно бледа.

И помалите недостатоци од железо имаат свои симптоми – далеку пред да може да се воспостави анемијата како дијагноза. Дури и при најмалите недостатоци на железо, може да дојде до промени во енергетскиот метаболизам, спречување на правилната синтеза на невротрансмитерите, намалување на физичкиот и менталниот капацитет за работа и слично.

Недостатокот од железо кај децата може да се забележи преку некои нивни однесувања, како лесна иритабилност, намален фокус и концентрација, замор и слично. Се работи за симптоми коишто прво се забележуваат во ситуација на дефицитарност од железо, но и првите што се поправаат при враќањето на баласот. 

[Поврзано: Анемија – Какви видови постојат и зошто е толку честа?]

Враќање на балансот на железо во телото

Без разлика дали се работи за анемија кај жените или кај мажите, таа претставува сериозна состојба и најдобро е воопшто да не дојде до појава на истата. Ова најлесно може да се постигне со избалансирана, разновидна исхрана. Храна богата со железо е:

  • Риба
  • Темно зелените зеленчуци – спанаќ, брокула, кељ
  • Житарките, а особено оние кои содржат додадено железо
  • Мешунките
  • Јаткастите плодови и семиња
  • Јајцата

[Поврзано: Кои се најдобрите извори на железо во исхраната?]

Дополнително, преку внес на храна богата со витаминот Ц, ја помагаме апспропцијата на железото во телото. Препорачливо е внес на ваквата храна (портокал, цитрусни овошја, домати, киви) по оброк кој содржел железо.

 Доколку со исхрана не може да се задоволат зголемените потреби од железо, постојат суплементи што можат да помогнат. Нивната употреба треба секако да биде дискутирана и одобрена од вашиот лекар.

 Во држави каде дефицитот од железо е сериозно застапен, ваквите суплементи се даваат на сите бремени жени. Сепак, постои разлика при дозирањето и потребата од железо кај трудниците и жените кои имаат менструален циклус. Ова е важно бидејќи нивните потреби за железо се различни, а со самото тоа и внесот на железо и неговата доза ќе имаат различни ефекти.

Преку редовни контроли на крвта и нивото на железо во неа и преку добра исхрана која доколку е потребно ќе вклучува и суплементи, може да се контролира и спречи ваквата состојба.

Наскоро железото ќе биде и дел од палетата на суплементи на Д-р Митов!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор