fbpx

Кафето – Најдобар пријател на ЦРНИОТ ДРОБ!

tonus

Заболувањата на црниот дроб вклучуваат бројни состојби, како хепатитис, цироза, алкохолно и неалкохолно замастен црн дроб, хепатоцелуларен канцер. Модерниот начин на живеење, помеѓу останатото подразбира и прекумерна употреба на алкохол, калории и маснотии. Ова пак се поврзува со зголемена телесна тежина, зголемен ризик од дијабет и кардиоваскуларни заболувања, но и со болестите на црниот дроб.

Црниот дроб е фабриката на нашето тело

Црниот дроб е еден од најголемите органи во нашето тело кој е вклучен во навистина бројни витални метаболитички процеси, вклучително регулација на крвниот шеќер и мастите, дигестијата и во неутрализацијата на лековите и токсините. Со оглед на овие факти и најмалите проблеми со клетките на црниот дроб, имаат силен негативен ефект по нашето целокупно здравје. Постои навистина голема веројатност за одредена поврзаност помеѓу состојбите како дијабет тип 2 и метаболен синдром и заболувањата на црниот дроб. Така, лицата со овие состојби треба да внимаваат и да прават проверки со соодветни тестирања. Во оваа насока важно е да се каже дека голем број од здравствените состојби поврзани со црниот дроб не даваат значајни симптоми, па препознавањето, односно дијагностицирањето е особено важно.

[Поврзано: Добри вести за љубителите на кафето!]

"“Online”/

Проблем за јавното здравје

Заболувањата на црниот дроб претставуваат значителен дел во медицинската статистика на болести. Во ЕУ се проценува дека со некаков тип на заболување на црниот дроб се соочуваат околу 30 милиони луѓе. Ова покажува дека темата е значително прашање за јавното здравје и во нашата земја.

Во 2017 година на научен панел во Лондон, 12 експерти за здравјето на црниот дроб од различни европски земји, дискутираа во однос на улогата на кафето за здравјето на црниот дроб. Во продолжение ќе ги разгледаме нивните заклучоци.

Кафето е пријател на нашиот црн дроб

Се’ повеќе истражувања ја поврзуваат консумацијата на кафе со подоброто здравје на црниот дроб. Д-р Карло Ла Векиа од Универзитетот во Милано, сумирајќи ги податоците од поважни истражувања на темата, вели дека слободно можеме да кажеме дека умерената консумација на кафето се поврзува со намален ризик од заболувања на црниот дроб. Според европските институции за безбедност на храната, за умерено внесување на кафе се сметаат 3-5 шолји кафе на ден.

[Поврзано: Пиењето кафе ни е во гените?]

Хепатоцелуларен канцер

На научниот панел заклучуваат дека според повеќе значајни мета-студии, пиењето кафе се поврзува со 40% намален ризик од канцер на црниот дроб. Однос е очигледно поврзан со дозирањето.

Овој тип на канцер веројатно се развива од некои веќе постоечки состојби на црниот дроб, па според научниците превентивниот ефект на кафето најверојатно се базира на фактот што кафето има заштитен ефект на општото здравје на органот. Според податоците од едно финско истражување, ризикот од канцер на црниот дроб директно е поврзано со зголеменото ниво на црнодробните ензими наречени гама-глутамил трансфераза (GGT). Истражувачите од Јапонија пак, велат дека пиењето кафе (околу 5 шолји) може да ги намали нивоата на GGT за дури 30%. 

Цироза

Истражувањата од САД и Италија сугерираат дека пиењето кафе конзистентно се поврзува со намален ризик од цироза, со потенцијално намалување од 25 до дури 70%. Уште посилен ефект е утврден кај пациентите со цироза поврзана со консумирање алкохол. Всушност, цирозата е стадиум пред развивањето рак, а претходно веќе споменавме дека кафето превенира болестите што им претходат на малигните.

Едно од потенцијалните објаснувања за ваквиот ефект е антиоксидативната содржина на кафето, пред се’ фенолите. Тие ја спречуваат инфламацијата и ја поттикнуваат експресијата на специфични детоксифицирачки ензими на црниот дроб.

[Поврзано: Кафе за превенција од Паркинсонова болест]

Замастен црн дроб, метаболен синдром

Според релевантна научна литература, консумирањето кафе се поврзува и со во просек 40% намалување на ризикот од повишени нивоа на ензимите на црниот дроб наречени ALT. Дополнително, умерената конумација на кафе се поврзува и со намален ризик од дијабет. Според експертите ваквиот ефект се должи на намалената инсулинска резистенција, потенцијал што исто така го поседува кафето.

За среќа, позитивниот ефект на кафето се покажал како вистинит за повеќето различни и најчесто употребувани типови кафе!

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор