fbpx

Редовната, умерена ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ е исклучително корисна за лицата со АРТРИТИС!

tonus

Многу погрешна и честа перцепција е дека физичката активност е некаков вид на „обврска“ кој мора да се извршува како задача, а за тоа е потребно многу слободно време, дисциплина и посветеност. Точно е дека дисциплината и посветеноста се важни и потребни, но секој може да искористи бар дел од придобивките кои ги дава физичката активност со малку вложено време. Луѓето често веруваат дека обична прошетка, возење велосипед или некакво раздвижување во домот или градината не се сметаат за физичка активност. Токму овие активности се препорачливи за повозрасната популација, а истите се прилично нежни и умерени врз телото. Во тој поглед, тие може да бидат особено поволни и корисни за лицата со артритис, нешто за што ќе зборуваме малку повеќе во продолжение.

Зошто е важно да сме физички активни?

Редовната физичка активност, покрај здравата исхрана, е можеби една од наједноставните, а сепак најефикасни алатки за одржување на нашето здравје и виталност. Како здрава навика, вежбањето може значително да допринесе кон подобрување на нашето физичко, но и ментално здравје.

Дел од придобивките кои физичката активност ги дава се:

"“Online”/
  • Одржување на телесната тежина – физичката активност помага да ја одржиме, па и намалиме телесната тежина, бидејќи таа ја зголемува потрошувачката на калории. Било кој тип на активност, во било кој период може да ви помогне да потрошите неколку дополнителни калории.
  • Подобрено срцево здравје и намален ризик од заболувања – вежбањето е добар начин да се регулира „лошиот“ LDL холестерол, а да се подобри нивото на т.н „добар“ холестерол. Редовната физичка активност го намалува ризикот за: мозочен удар, срцев удар, хипертензија, тип 2 дијабет и сл.
  • Подобар и поквалитетен сон – физичката активност е еден од најдобрите начини за да го подобриме квалитетот на нашето спиење. Повеќе на оваа тема може да прочитате во една од нашите претходни статии, која можете да ја најдете тука.
  • Подобрена физичка подготвеност, градење ново мускулно ткиво и поздрави и посилни коски.
  • Подобрено расположение – вежбањето и движењето доведуваат до лачење на одредени хормони – ендорфини, адреналин и сл. Тие се сметаат за заслужни за ефектот на подобрување на расположението кој го има физичката активност.

Зошто е важна физичката активност кај постарите лица?

Проценките се дека луѓето над 65 години, во просек, поминуваат 10+ часа во денот, во седечка или легната положба. Ваквата неактивност има значаен ефект врз нивното здравје. Ризикот од пад, срцеви заболувања и предвремена смрт се зголемува поради ваквиот начин на живот.

Со самото стареење, евидентно е дека телото мора да се раздвижува доколку сакаме квалитетен  живот. Најобичните секојдневни активности, како прошетки, пазарење или дружење со пријателите може да бидат отежнати или спречени поради недоволната активност. Можно е да се јават болки во делови од телото што претходно не ни претставувале проблем.

Истражувањата се неоспорни и навистина бројни се придобивките од физичката активност, како за старите лица, така и за сета останата популација.

Зошто умерената физичка активност е пожелна за лицата со артритис?

Лицата кои страдаат од артритис, може навистина да искористат од бројните придобивки кои ги нудат умерените вежби и форми на физичка активност. Тие може да ја намалат и олеснат болката, да ја подобрат функцијата на зглобовите, да го „кренат“ расположеннието и да го подобрат целокупниот квалитет и начин на живот. Под умерени форми на физичка активност подразбираме вежби и раздвижувања кои се нежни врз зглобовите и не ги оптеретуваат со што би го зголемиле ризикот за повреда. Тука воглавно спаѓаат пешачењето, возењето велосипед и пливањето. Редовното вежбање исто така може да ги одложи компликациите кои може да се јават поради артритисот. Дополнително, лицата кои страдаат од артритис, а притоа имаат и некои останати здравствени проблеми – дијабет, кардиоваскуларни заболувања, прекумерна тежина – може навистина да си помогнат на сопственото здравје преку редовното раздвижување.

Некои општи препораки за било која форма на физичка активност за лицата со артритис се:

  • Започнете бавно и продолжете со бавно, умерено темпо
  • Прилагодете ја физичката активност доколку симптомите на артритис се влошат
  • Обидете се да останете активни и покрај можните непријатни симптоми
  • Практикувајте активности кои се нежни за зглобовите (за почеток, пешачењето е најдобар и најлесен избор)
  • Најдете распоред и ритам кој ви одговара

Покрај пешачењето, пливањето и возењето велосипед, активности како: вежби со тежина, истегнување, вежби за рамнотежа се исто така погодни при артритис. При започнување со било каква активност, сосем е нормално да се јават некои непријатни симптоми како – болки, згрченост, непријатност, отоци и сл. Но, со континуитет и редовност, во период од 6-8 недели зглобовите би требало да се адаптираат на физичката активност и со тоа може долгорочно да ја намалиме болката.

Дополнителни препораки во овој поглед би биле:

  • Додека не се намали болката, модифицирајте ја активноста и вежбајте поретко или во помали интервали.
  • Обидете се со друг тип на активност која е понежна на вашите зглобови.
  • Пред било кое раздвижување, загрејте ги мускулите, а по вежбањето, дадете си време за да се „оладите“.
  • Бидете активни во согласност со темпото кое ви одговара и следете ги сигналите на вашето тело. Не се заморувајте претерано – доколку можете да разговарате за време на активноста и не сте прекумерно задишани, тогаш тоа темпо е соодветно.
  • Вложете во пар чевли кои се удобни и со кои можете полесно да се движите, дури и на подолги патеки.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор