fbpx

3-те најкористени суплементи за Ковид-19

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Голем дел од луѓето земаат витамини, минерали и различни производи на природна база, со цел да го засилат својот имунитет и да превенираат заболувања. Ваквите навики доживеаа ,,пик” со пандемијата на новиот коронавирус.

[Поврзано: Како ИМУНИТЕТОТ е поврзан со животниот стил?]

Различните компании кои произведуваат суплементи го искористија периодов за интензивни рекламни кампањи. Врз јавното мислење неминовно влијание извршија и промовирањата на одредени суплементи од јавни личности, како и од луѓе кои веќе имале искуство со болеста Ковид-19.

"“Online”/

[Поврзано: 17 распространети заблуди за Ковид-19!]

Дали суплементите од вашето шкафче можат да превенираат и да помогнат во третманот на инфекција со новиот коронавирус?

Имајќи предвид дека болеста која ја предизвикува коронавирусот е сосема нова, истражувачите сè уште немале доволно простор, односно време за да спроведат пообемни експерименти кои ќе дадат оптимални, доверливи резултати. Ова би значело дека моментално нема доволно докази дека било која суплементација може со сигурност да послужи како превенција или лек против Ковид-19.

Препораките кои сега се даваат од лекарите се базираат на достапните истражувања на тема имунитет и негово оптимално одржувања, како и од искуствата со претходните инфективини болести.

Во продложение, во кратки црти, што до денес утврдила науката за трите најчести суплементи кои се поврзуваат со потенцијална помош при Ковид-19.

Витамин Д

Уште наречен и сончев витамин, бидејќи е единствениот витамин кој може да биде синтетизиран и од самото тело, под дејство на UV зраците од сонцето. Овој витамин е еден од најпроучуваните суплементи. Извори во храната најчесто се рибата и млечните производи, како и некои други збогатени производи.

Зошто би можел да помогне при Ковид-19?

Овој витамин претставува во исто време и хормон кој го помага и засилува имуниот одговор на организмот.

Во една мета-студија на BMJ од 2017 година, се вели дека редовната суплементација со витамин Д, може значително да помогне во превенцијата од ресипираторните инфекции, особено кај луѓето кои имаат одреден недостаток од него.

Сепак, важно е да се нагласи – истражувањата не тврдат дека доколку имате витамин Д во нормални нивоа, дополнителните количества ќе направат некаква промена.

Како и да е, огромниот дел од популацијата, иако сме сончева земја, страда од недостаток на витамин Д. За жал, една студија од Македонија покажува дека витаминот Д се синтетизира само во летните месеци и тоа само ако сме изложени на сонце и тоа во најтоплиот дел од денот (од 10 до 3 часот). Заради овие причини, голема е веројатноста да имате некаков недостаток од овој витаминот, па добро е да суплементирате и тоа не само заради превенција од Ковид-19, туку и заради спречување на низа други ризици поврзани со витамин Д дефицитот. Многу повеќе за овој витамин, зошто ни е потребен и кој е во ризик од недостаток, прочитајте во една од нашите претходни статии: Витамин Д – КЛУЧОТ на над 4000 клеточни процеси!

 

Иако препораките за дозирање се индивидуални и треба да се определат по анализи и консултирање со вашиот лекар, генералните препораки се дека 600 до 800 IU (интернационални единици) дневно би биле оптимални. За безбеден дневен лимит се смета 4000IU.

 

Што знаеме досега за витаминот Д и Ковид-19 инфекцијата?

 

Досега постојат само неколку студии кои испитуваат директно дали витаминот Д прави некаква разлика во однос на Ковид-19.

Во мај годинава, во спасанието BMJ Nutrition, Prevention and Health, научниците публикуваа мета-анализа чиј заклучок беше препорака за суплементирање со витамин Д за лицата со недостаток, како мерка за превенција.

 

Моментално во тек се низа на истражувања на темата, вклучително и студија на Д-р Менсон, водечки експерт за витаминот Д и епидемиолог од Харвард. Студијата ќе утврдува дали суплементирањето со овој витамин ќе има ефект врз текот на Ковид инфекцијата, кај над 2700 позитивни пациенти. Значи, насокоро ќе имаме релевантни податоци на оваа тема. До тогаш, сигурни сме дека суплементирањето со витамин Д може да помогне само кај лицата кои имаат дефицит од него.

 

Цинк

 

Цинкот е вториот најзастапен ,,минерал во трагови” во човековиот оранизам, веднаш по железото.

Негово присуство е утврдено во над 100 различни ензими во телото.

Тој е моќен минерал кој ни е потребен за правилна функцијата на тироидните хормони, половите хормони и за одржување на нормално ниво на глукоза во крвта (инсулинот). Помага при метаболизмот на разградба на јаглехидратите за енергија, но и во одржувањето на здравјето на кожата и ноктите. Игра значајна улога и при делбата и растењето на клетките, при заздравувањето на раните итн.

Зошто би можел да помогне при Ковид-19?

Но, сепак, можеби најпознатото позитивно влијание на цинкот во организмот е негото моќно дејство во сузбивањето на настинките и другите инфекции кои се развиваат, типично, во студените месеци од годината. Всушност, цинкот е еден од клучните нутриенти за здравјето на имуниот систем. Ова се утврдува во студиите во кои цинкот се користел во третманот на респираторните инфекции, меѓуостанатите и инфекциите предизвикани од коронавирусите, односно сродните вируси на новиот коронавирус.

Дополнително, познато е и дека цинкот се ,,бори” со штетните соединенија кои постојано се формираат во организмот како резлутат на различни реакции – слободните радикали.

Ваквото антиоксидативно дејство има позитивно влијание за целокупното здравје на човекот, па така и за имунитетот.

 

Што знаеме досега за цинкот и Ковид-19 инфекцијата?

Во јуни месец годинава, истражувачите од Универзитетот на Ахен, Германија, врз основа на заклучоците од својата студија, силно препорачуваат суплементирање со цинк за превенција и при Ковид-19, особено ако е присутен некаков дефицит од споменатиот минерал.

Дополнително, некои претходни истражувања покажуваат дека земањето цинк го намалува ризикот од смртност при пневмониски инфекции, но и дека помага во превенирањето воопшто вирусот да навлезе во телото, успорувајќи ја неговата репликација (размножување).

Едно истражување од септември месец годинава, од Ковид болниците во Барселона, Шпанија, ни дава доста индикативни резултати. Имено, помеѓу 249 инфицирани пациенти, оние кои го преживеале коронавирусот имале значително повисоки концентрации на цинк во крвната плазма или во просек околу 63mcg/dl, додека оние кои ја загубиле битката со вирусот, имале просек на цинк во крвната плазма од 43mcg/dl.

Според лекарите од клиниката во Кливленд, САД, кои направиле анализа на досега познатите факти околу суплементацијата со цинкот, овој минерал може да допринесе за намалување на траењето на Ковид-19 инфекција, но и самата тежина на симптомите кои се појавуваат. Ова посебно важи за луѓето кај кои е утврден некаков недостаток од овој минерал.

На истата клиника, моментално се водат повеќе истражувања кои треба да ни дадат појасни информации околу влијанието на цинкот врз Ковид-19 инфекцијата, односно врз нејзините симптоми, потребата за хоспитализација (текот на болест), ефектот на комбинирањето со другите суплементи, како витамин Ц итн. Резултатите се очекуваат многу наскоро.

 

Многу повеќе околу овој важен минерал, прочитајте во една од нашите претхoдни статии: Без ЦИНК нема ИМУНИТЕТ!.

 

Витамин Ц

 

Витаминот Ц, познат и како аскорбинска киселина има навистина долга листа на значајни улоги во оргнизмот. Природно се наоѓа во свежата храна (овошките и зеленчукот), особено во пиперките, доматите, цитрусните, бобестите овошки, кивите итн.

Зошто овој витамин би можел да помогне при Ковид-19?

Витаминот Ц е доста моќно антиоксидативно средство кое придонесува за намалување на процесите на хронична инфламација во телото, но претставува и важен елемент за одржување на оптималната состојба на нашиот имунитет.

[Поврзано: 10 намирници за подобар имунитет!]

За разлика од претходно споменатите суплементи (витаминот Д и цинкот), овој витамин, кој е застапен во многу намирници, (а кај нас постои и традиција за негово суплементирање,) ретко кога е во некаков недостаток кај пошироката популација.

Студиите кои постојат за неговиот ефект при различни инфективни заболувања, даваат различни резултати. Додека едни наоѓаат позитивни ефекти, други велат дека суплементирањето со витаминот Ц не прави никаква позитивни промени.

Една сумарна анализа од Кина, која ги сумира досега познатите факти околу витаминот Ц и некои други потенцијални суплементи за Ковид-19, дава охрабрувачки резултати. Имено, клиничките студии покажуваат дека лицата кои земаат од овој витамин, имаат намален ризик од пневмонија, што укажува на потенцијално превентивно дејство во однос на долнореспираторните инфекции (еден од најчестите тешки симптоми на Ковид-19).

Еден научен труд пак, од Белгија, заклучува дека овој витамин може да помогне во превенирањето на респираторните инфекции и да ги ,,пригуши” силните воспалителна реакции кои можат да водат кон потешка симптоматологија.

[Поврзано: Вечно актуелниот – витамин Ц! А има и зошто!]

 

Како краток заклучок:

 

Еден научен труд, објавен од фармацевтите од Универзитетот Илиноис, САД, укажува на тоа дека не постојат доволно докази врз основа на кои би можеле слободно да тврдиме дека споменатите суплементи 100% би имале некаков бенефит во превенирањето и третманот на новиот коронавирус.

Сепак, како што претходно видовме, особено суплементацијата со Д витамин и цинк за превенција и третирање на короната е значајна, не само заради ветувачките испитувања кои излегуваат или се во тек, туку и заради тоа што споменатите нутриенти често се во дефицит кај населението, а имаат низа клучни функции за оптималното функционирање на организмот. За доволен внес на витаминот Ц, најдобро е да го зголемиме внесот на свежата храна. Со неа ќе внесеме и низа други фитохемикалии со различни позитивни ефекти, помеѓу кои и посилен имунитет.

Дополнително, суплементите сепак се само суплементи, а не лекови, па до одредена граница се сметаат за сосема безбедни и безопасни. Како и да е, особено ако земате одредена медикаментозна терапија, немојте да земате било какви суплементите на своја рака, консулитрајте се со вашиот лекар кој ќе ви даде корисни совети за тоа кои суплементи ви се потреби и во која доза.

Fibro Gel

Моментално, имунитетот ни е единственото оружје против короната, а тој е определен и од она што го јадеме, но и од целокупниот начин на живеење. Многу повеќе на оваа тема, прочитајте тука.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор