fbpx

Жените полесно се “опиваат” од мажите. Мит или вистина?

tonus

Алкохолот е еден од најстарите употребувани психоактивни супстанции во човековата историја. Тој зазема важно место во различни култури и општества ширум светот. Се користел за ритуални цели, при прослави и за најразлични други социјални потреби, играјќи различни важни улоги низ развојот на човековата цивилизација. 

Со развојот на науката, особено со истражувањата во сферата на медицинската наука, денес имаме бројни податоци во однос на ефектите што ги има оваа компонента на нашето тело. Во наредните статии ќе се осврнеме на повеќе од значајните аспекти во однос на алкохолот и неговото влијание врз нашето здравје. Во продолжение, ќе се обидеме да дадеме одговор на една често поставувана дилема: Дали и зошто алкохолот полесно и побрзо им влијае на жените, отколку на мажите? 

Фактори што влијаат врз тоа колку лесно се опиваме

Консумирањето алкохол (во исти количества) различно се одразува на различни индивидуи врз основа на повеќе фактори, вклучително и биолошките разлики помеѓу половите. Иако во продолжение ќе ги нагласиме овие разлики, важно е да се кажат и другите фактори што влијаат на тоа колку брзо и лесно некој ,,паѓа” под влијанието на алкохолот, како на пример телесната тежина, метаболизмот и толеранцијата. 

"“Online”/

Кои се главните причини зошто жените имаат помала толеранција кон алкохолот од мажите

  • Телесна композиција

Еден од примарните биолошки фактори што влијае на алкохолната интоксикација е телесната композиција или составот на телото. Жените, во просек имаат поголем процент на телесни маснотии и помал процент на вода во однос на мажите. Со оглед на тоа што алкохолот потешко преминува во масното ткиво, жените имаат помал волумен на дистрибуција на алкохолот низ телото. Ова значи дека кога жените внесуваат исто количество алкохол како мажите, концентрацијата на алкохолот во крвотокот кај нив поконцентрирана. Ова секако води кон побрз и повидлив ефект врз свесноста. 

  • Разлика во ензимите

Алкохолниот метаболизам главно се одвива во црниот дроб и тоа под дејство на специјализирани ензими наречени алкохол дехидрогенази (АДХ) и алдехид дехидрогенази (АЛДХ). Жените генерално имаат пониски нивоа на АДХ во однос на мажите, што го успорува иницијалното разградување на алкохолот во организмот. Ова одложување му дозволува на алкохолот да остане во крвотокот подолг период, помагајќи ја продолжената интоксикација.

Дополнително, мажите имаат плус од ензимите во желудникот, додека кај жените тие отсуствуваат.

  • Хормонски промени

Хормоните играат значајна улога во однос на тоа како алкохолот се одразува врз индивидуите. Хормонските флуктуации, односно промени во хормонските нивоа што се случуваат кај жените, примарно во текот на менструалниот циклус можат значително да влијаат врз одговорот на алкохолот. На пример, жените се почувствителни на алкохол во периодот на пременструалната фаза, кога хормонските промени го афектираат алкохолниот метаболизам и со тоа толеранцијата на алкохолот.

[Поврзано: Едноставен тест за хормонски дисбаланс кој можете самите да си го направите]

  • Разлика во големина, односно телесна тежина

Во просек, мажите се поголеми и потешки од жените. Па така, истото количество алкохол што се консумира од помали индивидуи ќе резултира со поголема концентрација на алкохол во крвта. Заради овие причини, честопати и покрај испиените исти количества на алкохол, жените полесно се опиваат.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор