fbpx

Кои ПРИДОБИВКИ по здравјето треба да ги очекуваат ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ кога ќе ги откажат ЦИГАРИТЕ?

tonus

Во оваа статија ќе покриеме два сериозни и загрижувачко чести проблеми по јавното здравје – пушењето и дијабетот. Веќе имаме зборувано за како пушењето го зголемува ризикот за појава на дијабет, но денес ќе се задржиме на придобивките кои би ги очекувале дијабетичарите кога би ги откажале цигарите.

 

Пушењето и дијабетот

Пушењето се смета за еден од најлесно превентабилните ризик фактори за разни заболувања и предвремена смрт. Покрај зголемениот ризик за појава на канцер, срцеви заболувања, белодробни заболувања и низа други здравствени проблеми, пушењето го зголемува ризикот и од појава на тип 2 дијабет.

Истражувањата покажуваат дека пушачите имаат 30-40% поголеми шанси за појава на тип 2 дијабет, наспроти непушачите. Дополнително, луѓето кои се дијабетичари а при тоа и пушачи имаат повеќе потешкотии при дозирањето на инсулинот и регулирањето на болеста. Ризикот за појава на тип 2 дијабет се зголемува со бројот на испушени цигари.

"“Online”/

Се смета дека без разлика на типот на дијабет, цигарите го отежнуваат контролирањето и подобрувањето на состојбата. Пушачите кои се дијабетичари имаат зголемени шанси за појава на сериозни здравствени проблеми, а при тоа имаат и зголемен ризик за други компликации како:

  • Срцеви и бубрежни заболувања
  • Намалена и влошена циркулација, особено во стапалата и нозете што може да доведе до значително посериозни проблеми
  • Ретинопатија
  • Периферна неуропатија (оштетување на нервите кај екстремитетите, што може да доведе до вкочанетост, втрнатост, болки, слабост и сл.)

 

Кои придобивки се очекуваат кога лице со дијабет би ги откажало цигарите?

Откажување на цигарите претставува особено важна „интервенција“ за лицата со дијабет поради нивното длабоко и комплексно влијание врз метаболичкото и кардиоваскуларното здравје. Пушењето ја влошува функцијата на инсулинот и го нарушува метаболизмот на глукозата преку различни механизми, вклучувајќи зголемен оксидативен стрес, воспаление и ендотелијална дисфункција.

Дополнително, тутунскиот чад содржи бројни токсични соединенија кои директно ги оштетуваат бета клетките на панкреасот, што доведува до нарушена секреција на инсулин и влошување на хипергликемијата. Престанокот со пушење го намалува целокупното ниво на инфламација, намалувајќи го ризикот од прогресија на дијабетичната бубрежна болест. Исто така, со откажување на цигарите, лицата со дијабетес можат значително да го намалат ризикот од развој на кардиоваскуларни компликации, како што се коронарна артериска болест, мозочен удар и периферна артериска болест. Откажувањето на цигарите влијае позитивно и на можните микроваскуларните компликации, вклучително и на дијабетична нефропатија и ретинопатија, преку елиминирање на штетните ефекти на никотинот и другите штетни состојки во цигарите врз функцијата на помалите крвни садови. Дополнително, откажувањето ја подобрува целокупната белодробна функција и го намалува ризикот од респираторни инфекции, а со тоа промовира подобро севкупно здравје и ја намалува веројатноста за дијабетични компликации.

Сето ова укажува на фактот дека кај сите пушачи, а особено кај оние со дијабет треба силно да се охрабрува и поддржи процесот на откажување на цигарите. Ова се смета за една од главните превентивни алатки, но и начин на третман на оваа состојба која може да прогресира и навистина да го загрози целокупното здравје. 

За повеќе на темата – откажување на цигарите, кликнете ТУКА!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор