fbpx

Дали ПРЕКУМЕРНАТА ТЕЖИНА може да ги влоши симптомите на МЕНОПАУЗА?

tonus

Денес ќе зборуваме за еден од најчестите проблеми на денешницата – прекумерната тежина. Поконкретно, ќе погледнеме како истата може да ги влоши и нагласи симптомите на менопауза кај жените.

 

Покачената тежина – една од најчестите здравствени состојби на денешницата

Прекумерната тежина е дефинирана како состојба кога телото има абнормални, односно прекумерни резерви и наслаги од масти. BMI (Body mass index) е еден начин на кој лесно може да се провери нашата моментална состојба во поглед на телесната тежина. Секако, поради својата едноставност, ваквиот метод е доста општ и не секогаш целосно прецизен и објективен.

Во светски рамки, САД е на првото место како држава со најголема гојазност. Но, се проценува дека во периодот од 1975 па до денес, на глобално ниво, прекумерната тежина кај популацијата е за три пати позастапена. Таа исто така претставува најпревентабилна причина за предвремена смртност. Истата е поврзана и со бројни други заболувања, како што се: дијабет, кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар и др.

"“Online”/

Во 2016 година, повеќе од 1,9 милијарди возрасни луѓе (над 18 години) ширум светот, имале прекумерна тежина.

Загрижувачки е што ваквиот пораст е забележан и кај децата и тинејџерите. Едно истражување покажало дека гојазноста кај оваа група е зголема за 10 пати од 1975 година до денес. Во 2016 бројот на деца и тинејџери со прекумерна тежина бил 124 милиони, наспроти 11 милиони во 1975.

 

Истражување: симптомите на менопауза се поизразени кај жените со прекумерна тежина

Едно ново истражување ја проучувало поврзаноста меѓу телесната тежина, симптомите на менопауза, како и ефикасноста на хормонската терапија кај жени со прекумерна тежина. Истражувањето траело 5 години, а во него биле вклучени 119 жени. Тие биле поделени во две групи – жени со здрава телесна тежина и жени со прекумерна тежина. 

Резултатите покажале дека кај групата жени со прекумерна тежина, симптомите на менопауза (топли бранови, надразливост, променливо расположение и сл.) биле повеќе нагласени и тие имале повеќе симптоми, во споредба со жените со здрава тежина. Во поглед на топлите бранови, научниците од студијата споделиле теорија дека тие се поизразени како резултат на масното ткиво кое делува како еден вид на инсулатор, зголемувајќи ја температурата и создавајќи дополнителна топлина кај жените. Другиот механизам е преку зачестената појава на хормонски дисбаланс кај жените со прекумерна тежина – состојба која со сигурност ќе влијае врз симптомите на менопауза. 

Дополнително, самото масно ткиво има способност да создава естроген, па така иако нивото природно би се очекувало да се намали со отпочнување на менопаузата, тоа би можело да остане покачено кај жените со прекумерна тежина. Ова би имало низа на различни ефекти врз организмот и сериозно би влијаело на текот и симптомите на менопауза.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор