fbpx

Што го прави ФИБРОГЕЛ еден од најдобрите природни извори на растителни влакна?

tonus

 

Растителните влакна се вбројуваат во групата на јаглехидрати и иако немаат калориска вредност, претставуваат неопходен дел од нашата исхрана. Често поради недоволното време за подготвување на оброците и консумирање на брза храна, доаѓа до дефицит при внесот на ваквите корисни компоненти. Имено, најдобар извор за растителни влакна претставуваат намирниците од растително потекло. Како такви, се смета дека полнозрнестите житарки се едни од најдобрите диететски извори на фибер во човековата исхрана. Токму затоа, го препорачуваме Fybrogel, а во продолжение и ќе објасниме што тој претставува и зошто е добар за нашето здравје.

 

Зошто е важно да се внесуваат растителни влакна преку исхраната?

 

Како што веќе споменавме, растителните влакна или фибер припаѓаат на групата на јаглехидрати. Познато ни е дека јаглехидратите се есенцијални или неопходни макронутриенти. Сепак, иако припаѓаат во оваа група, растителните влакна се недигестибилни или несварливи за нашиот дигестивен систем, односно телото не поседува ензими кои би ги разградиле до глукоза. Тие сепак се сметаат за нутриенти кои имаат низа на позитивни влијанија во организмот.

"“Online”/

 

Имено, растителните влакна ја попречуваат работата на дигестивните ензими со што се успорува дигестијата и на тој начин се избегнуваат шеќерните пикови, а потоа и наглите падови кои се ризични по здравјето, а нè оставаат и постојано гладни. На тој начин се намалува и гликемискиот индекс на храната. Истражувањата покажуваат дека исхраната богата со фибер, значително го намалува ризикот од развивање на дијабет тип 2.

 

Покрај тоа, растителните влакна ја подобруваат цревната перисталтика и го намалуваат ризикот од појава на најчестите дигестивни заболувања. Ризикот за појава на дијареа, констипација исто така сериозно се намалува. Редовниот и доволен внес на фибер допринесува и кон подобрена регулација на телесната тежина.

 

Растителните влакна се смета дека го намалуваат и ризикот од појава на кардиоваскуларни заболувања, а тоа е докажано и преку повеќе истражувања и студии. Една таква студија, од Универзитетот Харвард, САД, следела над 40 илјади машки здравствени работници, при што утврдила дека оние што имале исхрана најбогата со фибер, имале намален ризик од срцеви заболувања за дури 40%.

 

Друго истражување, со женски испитанички, покажува доста слични резултати и заклучоци. Ова е доста очекувано и логично, со оглед на фактот дека влакната имаат способност да ги намалат покачените нивоа на холестерол и триглицериди во крвта, помагаат при регулацијата на крвниот притисок, како и на телесната тежина. Сите тие претставуваат ризик фактори за појава на разни срцеви заболувања.

 

 

Растителните влакна делуваат и како пребиотици

 

Терминот пребиотици не треба да се меша со пробиотиците. Имено, пребиотиците, кои главно и најчесто се растителните влакна, претставуваат храна за нашата цревна микрофлора. На тој начин допринесуваат кон бројни здравствени бенефити, односно:

◦ го намалуваат ризикот од метаболички нарушувања

◦ значително придонесуваат во контролирањето на телесната тежина

◦ продуцираат кратко-верижни масни киселини, корисни за здравјето на микрофлората

◦ стимулираат активност на имунитетот

◦ оставаат ,,помалку простор” за патогените бактерии

◦ го стимулираат општото здравје на дигестијата

 

 

Фиброгел претставува одличен извор на псилиум – тип на растителни влакна

 

Fybrogel производот е целосно природен производ, добиен од лушпите од семето на растението Plantago ovata. Во светот се среќава и под други имиња: испагула, псилиум, исабгол и сл. Во основа, растителните влакна се делат на два типа – растворливи и нерастворливи. Растворливите влакна, како што кажува и самото име, се делумно растворливи во вода, а со тоа и во нашето тело. Псилиумот, односно Fybrogel припаѓа токму во оваа група. Како добар извор на растворливи влакна се сметаат и житарките: овес, јачмен, ‘рж, пченица и сл.

 

Псилиумот има одлична растворливост во вода, правејќи густа, вискозна смеса при негово растворање. Ваквата смеса не е подложна на дигестија во нашиот дигестивен систем, а тоа и ги дава бројните здравствени бенефити. Имено, тој помага при регулирање на високиот холестерол, триглицериди и шеќер во крвта. Холестеролот се регулира преку механизам на негово врзување при самото движење на растителните влакна во цревата.

 

Дополнително, псилиумот допринесува за подолготрајно чувство на заситеност и помага при регулирање на апетитот. Тоа пак допринесува кон полесна и подобра контрола врз телесната тежина. Една студија од 2011 година, покажува дека псилиумот внесен во форма на суплемент и во комбинација со исхрана богата со влакна, допринесува кон значителна намалена тежина и вредности за BMI (Body mass index) кај испитаниците.

 

Бидејќи е недигестибилен, псилиумот помага да се создаде поголем волумен на столица. Тоа одлично делува при нејзиното регулирање и е одличен начин да се реши проблемот со констипацијата. Телото воглавно добро реагира на псилиумот и истиот не формира никаков тип на зависност, за разлика од некои други лаксативи.

 

Се препорачува внесување на една лажичка во голема чаша вода по оброк, за оптимално регулирање и забрзувае на перисталтиката. Се препорачува веднаш да се испие со водата, со цел да не дојде до формирање на структура на гел во самата чаша. Ефектите се видливи во период од 24-72 часа.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор