fbpx

Зошто кај висок притисок е потребна храна богата со калиум?

tonus

Во повеќе наврати низ нашите статии сме зборувале за солта како најзначаен ризик фактор за нарушен крвен притисок. Но, сè повеќе истражувања укажуваат дека во одржувањето на нормален крвен притисок еднакво важно со намалувањето на количествата сол (натриум), e зголемувањето на употребата на храна богата со калиум.

[Поврзано: Наједноставната промена што има потенцијал БУКВАЛНО да ви го спаси животот!]

 

Сериозна закана за јавното здравје

 

Хипертензијата или високиот крвен притисок е една од најсериозните закани за јавното здравје, не само кај нас во Македонија, туку и во пошироки, светски рамки. Статистиките од САД велат дека дури 1 од 3 луѓе се соочува со ова нарушување. Кај нас пак, срцевите заболувања се на самиот врв како причинители за општата смрност. Сосема е јасно дека хипертензијата е еден од најважните ризик-фактори во оваа насока.

"“Online”/

 

Најголемиот проблем со покачениот притисок е тоа што најчесто не покажува речиси никакви симптоми, па затоа често се нарекува и ,,тивок убиец”.

 

[Поврзано: ВАЖНО: Како ПРАВИЛНО да си измерите крвен притисок во домашни услови?]

 

Според анализите на Светската здравствена организација, проблемите со хипертензијата се ,,заслужни” за над 50% од смртоносните мозочни удари и за околу 45% од срцевите удари.

 

[Поврзано: Во зависност од вашата возраст, што треба да направите за ЗДРАВО СРЦЕ?]

 

Истражувањата се конзистентни: прекумерната употреба на солта во исхраната, особено во модерниот, западен начин на исхрана е веројатно главниот ризик-фактор за проблемите со крвниот притисок.

Сепак, една студија од 2017-та година јасно ни покажува дека постои уште еден еднакво значаен фактор од исхраната во контролата на крвниот притисок, покрај солта (натриумот) – храната богата со калиум.

 

[Поврзано: Без КАЛИУМ нема здраво срце]

 

Важноста на калиумот

 

Калиумот е еден од седумте есенцијани макроминерали или минерали кои треба да се внесуваат секојдневно, во релативно високи количества – најмалку 100mg дневно.

Микроминералите од друга страна, како железото или цинкот на пример, се исто така многу важни, но тие треба да се внесуваат во значително помали количини.

Калиумот е електролит кој е многу значаен за нервниот систем, а учествува и во регулирањето на мускулните контракции, заедно со натриумот. 

Ефектот на овој минерал во однос на мускулите е особено важен за срцевиот мускул, кој е особено сензитивен на минералите.

Како што рековме, калиумот е многу важен за здравјето на срцето. Не само што учествува во регулирањето на правилниот срцев пулс, тој го ,,неутрализира” негативниот ефект на натриумот во однос на повишениот крвен притисок. Колку поголеми количества калиум се внесува преку исхраната, толку повеќе натриум се излачува преку урината.

 

Калиумот помага и во балансирањето на течностите и минералите кои минуваат во и надвор од клетките, на тој начин одржувајќи го нормалниот крвен притисок. Дополнително, тој ги релаксира крвните садови, што исто така делува на намалување на притисокот. Луѓето кои имаат исхрана богата со калиум, имаат помал ризик од исхемичен мозочен удар. Ваков ефект не е утврден кај суплементирањето.

 

 

Нешто повеќе околу студијата



Споменатото истражување, водено од Д-р Алисиа МекДана од Универзитетот Јужна Калифорнија ја испитувало поврзаноста помеѓу калиумот, натриумот и нивниот сооднос, користејќи податоци од минати релевантни студии од областа.

 

Истражувањето подразбирало анализа на студии со испитаници, но и лабораториски податоци за молекуларните, клеточни механизми (физиологијата) на споменатите минерали.

 

Резултатите покажале дека поголемото ниво на калиум од хрaната во организмот, се поврзува со понизок крвен притисок, без разлика од нивото на внес на натриум. Во однос на соодносот натриум:калиум, што поголема диспропорција, тоа поголем ризик од срцеви заболувања.

 

Накратко кажано, поентата е следна: Калиумот внесен со исхраната игра клучна улога во одржувањето на нормалниот крвен притисок. Солта секако останува важна, но едноставното намалување на солта може и да не делува намалувачки на притисокот, без притоа да се зголеми внесот на храната богата со калиум.

 

Потребно е да јадеме повеќе храна извор на калиум

За жал, модерниот начин на исхрана подразбира огромен внес на сол, а од друга страна мал внес на калиум. Во просек, населението консумира околу 3g сол на дневно ниво (околу 1 или 1,5 лажичка) и 2600mg калиум. Тоа е далеку над потребите за солта и далеку под потребите за калиум (4700mg). Количествата внесенa сол во текот на денот не треба да надминуваат 2g, особено кај лицата со проблеми, како хипертензија, остеопороза, кардиоваскуларни, малигни и бубрежни заболувања.

 

Авторите на студијата објаснуваат дека еволутивно нашето тело е создадено да ,,работи” со ниско ниво на натриум (сол), а со високо количество калиум.

 

Како да внесете повеќе калиум во вашата исхрана, прочитајте во една од нашите претходни статии: Како да внесеме КАЛИУМ во поголеми количества.

 

[Поврзано: Загрижувачко откритие за солта]

 

 

Извор:

 

Cardiovascular benefits associated with higher dietary K+ vs. lower dietary Na+: evidence from population and mechanistic studies
Alicia A. McDonough, Luciana C. Veiras, Claire A. Guevara, and Donna L. Ralph, 04.04.2017,

American Journal of Physiology – Endocrinology and Metabolism

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор