fbpx

Која ХРАНА се препорачува за лицата со БУБРЕЖНИ ЗАБОЛУВАЊА?

tonus

Денес ќе зборуваме на тема која ретко се споменува, а тоа е бубрежното здравје и исхраната. Ќе ја погледнеме меѓусебната зависност, но и ќе одвоиме неколку типови на намирници кои може да се од особена корист на оние со веќе нарушено бубрежно здравје. 

 

Зошто е толку важна правилната исхрана?

Во многу претходни статии и преку многу примери сме ја согледувале поврзаноста меѓу правилната, избалансирана исхрана и здравјето. Врз речиси сите здравствени состојби, исхраната на помал или поголем начин има влијание. Исто така, исхраната е докажано дека има огромно влијание и врз нашето ментално здравје, а преку повеќе студии е докажано дека таа може да ги намали ризиците од појава на анксиозност и депресија кај луѓето. Значи, исхраната е клучна во одржувањето на нашето целокупно здравје.

Исхраната има огромно влијание и врз нашата способност и врз резултатите од физичката активност која ја практикуваме. Правилниот сооднос на течности, јаглехидрати и протеини, консумирани во соодветно време, може да ги подобрат нашите перформанси при вежбањето и да го намалат уморот. Таа исто така влијае и врз нашето спиење, нашето ниво на енергија, нашето репродуктивно здравје, нашите умствени и когнитивни способности итн. Накратко речено, исхраната е она што нè придвижува, она што нè одржува здрави, енергични и витални. Затоа, таа е неопходно да биде балансирана и здрава.

"“Online”/

[Поврзано: Истражување – МЕДИТЕРАНСКАТА ИСХРАНА може да го продолжи ЖИВОТНИОТ ВЕК!]

 

Која храна делува особено позитивно на здравјето на бубрезите?

За лицата со нарушено здравје на бубрезите, придржувањето кон исхрана погодна за здравјето на бубрезите е од клучно значење за управување со нивната состојба и можно успорување на прогресијата на бубрежното заболување. Ваквата „диета“ обично ја нагласува храната со ниска содржина на натриум, фосфор и калиум, а притоа внимавајќи и на внесот на протеини. Свежото овошје и зеленчукот – јаболка, бобинки, зелка, кромид, трупка, карфиол се неколку примери кои ги издвојуваме како одличен избор поради нивната ниска содржина на калиум. Слично на тоа, тие се богати со витамини, минерали и антиоксиданси, подобрувајќи го целокупното здравје. 

Житариците како белиот леб, оризот и тестенините се претпочитаат пред полнозрнестите житарки затоа што имаат помала содржина на фосфор. Дополнително, како протеинска храна се препорачува пилешкото, рибата и белките од јајца, бидејќи тие обезбедуваат основни хранливи материи без да ги оптоваруваат бубрезите со вишок отпадни производи. Здравите масти кои се наоѓаат во маслиновото масло, авокадото и јаткастите плодови се исто така корисни бидејќи помагаат во одржувањето на кардиоваскуларното здравје без да придонесуваат за дополнителен стрес и оптеретување на бубрезите. Од суштинско значење за лицата со нарушена бубрежна функција е тесно да соработуваат со нивнот лекар за да ја прилагодат нивната исхрана врз основа на нивните специфични нутритивни потреби и тип и фаза на бубрежната болест. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор