fbpx

Совети од СЗО при карантин

tonus

Светската здравствена организација деновиве излезе со корисни препораки за подобрување на начинот на живот, во актуелните услови, односно ,,карантински – домашни услови”. Под овие совети не се подразбира само одржувањето на нормално физичко здравје, туку и задржување на нормалното ментално здравје.

Целиот свет го виде случајот на Италија со корона вирусот. Имајќи го во предвид нивното искуство, повеќето земји во светот воведоа построги мерки, пред ситуацијата целосно да ескалира. Меѓу главните рестриктивни мерки е карантинот или т.н. самоизолација.

Атмосфера на паника

Целата атмосфера која владее во светот е навистина сериозна, а често преминува во општа паника. Луѓето се дома и можат полесно да ги следат сите случувања (особено приоритет им се дава на лошите вести), па тоа може да ги доведе до нарушена психичка кондиција, а со тоа и губење на навиките за добро физичко здравје. Тоа може да биде случај и за оние кои тие навики веќе ги имале. Останатите се во поголем проблем.

"“Online”/

Освен ,,светските” проблеми, тука се и личните. Грижата за неостварените, одложените планови, како и најголемата – за неизвесноста на работното место.

Знаеме дека имунитетот, засега, ни е единственото оружје ако не нападне овој вирус. Затоа е значајно да го задржиме ,,подготвен”.

Токму заради овие причини, СЗО излезе со препораките за зашитата на физичкото и менталното здравје за време на самоизолацијата. Од таму велат дека освен што примената на ваквите совети или препораки ќе ви помогне во борбата со корона вирусот, тоа е корисно и за целокупното здравје на индивидуата на долг рок.

Советите на СЗО, во однос на физичкото здравје се следни:

– Практикувајте здрава исхрана која може да помогне во задржувањето и засилувањето на здравиот имун систем.

– Ограничете ја консумацијата на алкохол и шеќерни пијалоци.

– Не пушете!
Пушењето може да ги влоши симптомите на Covid-19 и го зголемува ризикот од развивање на многу сериозна, животозагрозувачка состојба.

– Бидете физички активни барем 30 минути во денот. Децата – најмалку 1 час.

– Ако во вашата земја нема 24 часовен полициски час, излезете сами или највеќе двајца на прошетка или возете велосипед.
Притоа, ако имате симптоми носете маска и во секој случај, држете ја пропишаната дистанца од најмалку 1,5 метри.

– Ако работите од дома, правете почести, краткотрајни паузи.

Совети во однос на менталното здравје

Директорот на светската здравствена организација Тедрос вели дека е нормално да се чувствуваме збунето, исплашено и под стрес во вакви околности. Затоа, главниот совет кој може да помогне во оваа смисла е да се обидете што помалку да си го нарушите секојдневието кое сте го имале претходно. Секако, тоа е многу тешко во овие услови, но е можно.
Советите се следни:

– Одржете го контактот со луѓето со кои сте го имале и претходно!
Тоа што сте дома, не значи дека треба да се наруши комуникацијата со блиските луѓе. Барем денес тоа е лесно. Поседуваме компјутери, телефони, паметни телефони…

– Засилете ја комуникацијата со домашните и луѓето на кои им верувате!
Ова е особено важно заради тоа што повеќето луѓе, поради брзиот начин на живот, немаат доволно комуникација со блиските. Тоа е важно не само поради надминувањето на стресот создаден од корона вирусот, туку и заради семејството.

– Слушајте музика, читајте книги, гледајте филмови, а за децата, тука се и забавните игри. Секако и за возрасните игрите не се забранети.

– Ограничете го примањето на вестите и информациите!
Нема ништо многу значајно да пропуштите доколку во денот само еднаш или двапати ги проверите новостите. Постојаното дозирање со негативни, често и лажни вести, може многу да одмогне.

– Информирајте се од кредибилни извори.
Лажните вести можат да ви создадат паника и да ви ја засилат анксиозноста.

– Нека ве интересираат и убавите вести. 🙂 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор