fbpx

Интересен ефект на КОФЕИНОТ – допринесува и за подобро кардиоваскуларно здравје!

tonus

Кафето претставува секојдневен, неизоставен напиток и ритуал за многумина и воедно е вториот најконсумиран пијалок во светот, по чајот. Покрај неговата функција за расонување, полесно будење и енергичност, кафето се асоцира и со друштвен и релаксирачки аспект – односно напиток кој често е придружен со разговор со нашите најблиски, колеги, пријатели и сл. Секој си има свој личен избор и начин на негова подготовка, но главно го сакаме поради една важна состојка која тоа ја содржи – кофеинот.

Кофеинот е можеби најзаслужната молекула за онаа потреба од кафе која се јавува кај голем дел од нас. Тој се асоцира со ефектот на расонување, но науката покажува дека постојат и останати начини на кој тој влијае и делува на нашиот организам. Некои истражувања покажуваат дека тој има и одредени позитивни влијанија врз нашето здравје и токму за ова ќе зборуваме малку повеќе во денешната статија.

Што претставува кофеинот и какво дејство има во организмот?

Кофеинот се смета за едно од најчесто консумираните соединенија ширум светот кое главно допринесува за полесно будење, расонување и зголемена енергија и фокусираност. Тој претставува природен стимулант кој најчесто се среќава во зрната кафе, во чајот и во какаото. Инаку, главното дејство на кофеинот е преку неговото влијание на делови од мозокот и централниот нервен систем каде го спречува врзувањето на аденозинот. Аденозинот инаку, претставува невротрансмитер кој е заслужен за чувството на замор. Со текот на денот, нивото на аденозин се зголемува, со што чувствуваме и поголем умор и потреба од сон. Кофеинот е молекула која се врзува со рецепторите кои инаку би требало да се поврзат со аденозинот. Притоа, кофеинот не ги активира ваквите рецептори, па на тој начин аденозинот моментално не може да се поврзе за нив и ние добиваме чувство на зголемена енергичност.

"“Online”/

Кофеинот се смета дека има прилично брзо дејство. Количеството присутно во една шолја кафе, му е потребно само околу 20 минути за да се најде во крвотокот и околу еден час за да го даде неговото полно дејство.

Како што споменавме, кофеинот е присутен во кафето и неговото количество ќе зависи од типот на кафе, начинот на кој зрната се печени, начинот на подготовка на кафето и сл.

Покрај кафето, кофеинот е присутен и во какаото, но во помали количества. Во чајот, кофеинот се среќава само во одредени типови и тоа: црниот чај (се смета дека има најголемо количество), зелениот чај, белиот чај и др. Главно, чајот од билки – нане, камилица, кантаријон, планински и сл. – не содржи кофеин. Овошните чаеви исто така припаѓаат на групата чаеви кои не содржат кофеин.

Како кофеинот се поврзува со намален ризик за кардиоваскуларни заболувања?

Кардиоваскуларните заболувања претставуваат број 1 здравствен проблем кај општата популација и се заслужни за најголемиот број на смртни случаи секоја година. Проценките се дека, во 2019 година, 17,9 милиони луѓе умреле како последица од некое срцево заболување. Оваа бројка е екстремно алармантна и всушност претставува 32% од вкупниот број на смртни случаи таа година. Од овие речиси 18 милиони, 85% биле случаи на инфаркт и мозочен удар, а се смета дека дури 75% од смртните случаи се случуваат во земји каде доминираат ниски и средно-ниски примања. Бројката од речиси 18 милиони е значителна и загрижувачка, а многу ретко се зборува и се апелира за ваквиот проблем.

Ваквите здравствени проблеми често се јавуваат поради присуство на други состојби кои се всушност ризик фактор, како: покачени нивоа на холестерол и триглицериди, покачен притисок и сл.

Во едно ново, неодамнешно истражување, бил испитуван ефектот кој кофеинот го има врз срцевото здравје. Имено, консумирањето на околу 400 милиграми (mg) кофеин од неалкохолни пијалоци, допринесува за намален ризик од кардиоваскуларни проблеми. Научниците откриле дека кофеинот има влијание врз нивото на LDL или т.н „лош“ холестерол кој се транспортира од крвта до клетките на црниот дроб, преку разлини, доста комплексни механизми. Студијата покажала дека ваквиот позитивен ефект на кофеинот врз црниот дроб, му овозможува истиот да има поголема и подобра способност да се справи и ослободи од вишокот на холестерол во крвта. Инаку, оваа доза од 400mg се смета за општо прифатена и припаѓа во дозволените граници за дневен внес.

 

Секако, со кофеинот треба да се внимава бидејќи истиот може да го покачи нашиот пулс, крвен притисок и сл. Најдобро е пијалоците да се одвојат и консумираат во поголема временска рамка и да не се во преголеми количини.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор