fbpx

Едноставен лек за КОНСТИПАЦИЈА? – редовна ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ!

tonus

Преку нашите статии редовно зборуваме за неопходноста од редовна физичка активност. Таа е клучна во одржувањето на нашето здравје, а науката навистина ја поврзува со огромна листа на бенефити. Денес, ќе зборуваме за една можеби невообичаена придобивка од физичката активност, која ќе биде од особена важност за лицата кои редовно имаат констипација.

Зошто е важно да сме редовно физички активни?

Редовната физичка активност, покрај здравата исхрана, е можеби една од наједноставните, а сепак најефикасни алатки за одржување на нашето здравје и виталност. Како здрава навика, вежбањето може значително да допринесе кон подобрување на нашето физичко, но и ментално здравје.

Дел од придобивките кои физичката активност ги дава се:

"“Online”/
  • Одржување на телесната тежина – физичката активност помага да ја одржиме, па и намалиме телесната тежина, бидејќи таа ја зголемува потрошувачката на калории. Било кој тип на активност, во било кој период може да ви помогне да потрошите неколку дополнителни калории.
  • Подобрено срцево здравје и намален ризик од заболувања – вежбањето е добар начин да се регулира „лошиот“ LDL холестерол, а да се подобри нивото на т.н „добар“ холестерол. Редовната физичка активност го намалува ризикот за: мозочен удар, срцев удар, хипертензија, тип 2 дијабет и сл.
  • Подобар и поквалитетен сон – физичката активност е еден од најдобрите начини за да го подобриме квалитетот на нашето спиење. Повеќе на оваа тема може да прочитате во една од нашите претходни статии, која можете да ја најдете тука.
  • Подобрена физичка подготвеност, градење ново мускулно ткиво и поздрави и посилни коски.
  • Подобрено расположение – вежбањето и движењето доведуваат до лачење на одредени хормони – ендорфини, адреналин и сл. Тие се сметаат за заслужни за ефектот на подобрување на расположението кој го има физичката активност и токму за ова ќе зборуваме во продолжение.

Колку често треба да практикуваме некакви физички активности?

Како најдобра комбинација од вежби за оптимално здравје се смета комбинацијата од аеробични (трчање, џогирање, пливање, возење велосипед) и вежби со тежина. Никогаш и за никого не е доцна да започне со било какво раздвижување. Пешачењето е еден од наједоставните примери за активност која е блага и нежна кон телото и речиси сите може да ја практикуваат. Како добар почеток се смета пешачење од 30 минути, 5 пати во неделата. Со редовна физичка активност, срцето станува поефикасно и посилно, а тоа може лесно да се забележи преку пулсот. На пример, доколку побавно пешачење го покачувало пулсот до 120, со текот на времето, истото темпо на пешачење може да го покачи пулсот само до 100 срцебиења во минута. Тоа значи дека срцето работи поефикасно, односно дека сме ја подобриле неговата функција.

Секако, вежбањето треба да е со доза на умереност и знаците кои ги дава телото секогаш треба да се почитуваат. Уморот е позитивна последица од вежбањето, но дозволете му на телото да одмори бидејќи и одморот е клучен дел од процесот на вежбање.

Како физичката активност помага при констипацијата?

Констипацијата или запекот, се јавува кај голем дел од популацијата, а причините може да бидат различни. Најчесто таа се должи на: несоодветна исхрана, лекарства, здравствени состојби, промени во секојдневнието и рутината, недоволен внес на течности и влакна, но и недоволна физичка активност.

Лицата кои се редовно физички активни, речиси никогаш немаат проблем со констипација. Физичката активност се смета за еден од најдобрите и најлесни начини за т.н „раздвижување на цревата“.

Ефектот на физичката активност врз работата на цревата, особено на дебелото црево е прилично едноставен. Едноставно кажано, дебелото црево реагира на раздвижување и активност. Исто така, градење и зајакнување на мускулното ткиво помага за подобро движење и перисталтика на цревата. Абдоминалните мускули и дијафрагмата имаат клучна улога во процесот на празнење на цревата. Ако мускулите во пределот на стомакот и цревата се слаби, тогаш и нивната функција во поглед на празнењето на цревата ќе биде ослабната.

Во овој поглед, најмногу се препорачуваат кардио, односно аеробичните вежби и вежбите со сопствена тежина. Кардио вежбите се сметаат за најдобри во поглед на констипацијата, бидејќи најмногу го стимулираат движењето на цревата. Дури и 30-минутно пешачење е доволно и може да помогне при констипација. Ваквиот ефект на физичката активност е видлив и особено важен за повозрасната популација, која најчесто има сериозен недостаток од раздвижување. Исто така вреди да се напомене дека физичката активност ќе биде корисна за случаите на констипација кои се предизвикани од полесни причини – промени во секојдневната рутина, промени во исхраната, недоволна хидрираност и сл. За констипацијата предизвикана од лекарства или здравствени состојби – физичката активност може да не биде доволна.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор