fbpx

КОВИД-19: вежбањето можеби штити од една значајна компликација

tonus

,,Редовното вежбање или физичката активност, може да го намали ризикот од акутен респираторен дистрес синдром (АРДС), главната причина за смрт кај пациентите со Covid-19.” – тврди Жен Јан, доктор од University of Virginia School of Medicine во своето последно истражување. Тој ги охрабрува луѓето да бидат физички поактивни, а нуди дури и потенцијален третман за повеќе заболувања, помеѓу кои и Covid-19!

Што велат резултатите од студијата од Универзитетот Вирџинија, САД?


Доктор Јан, вели дека неговите истражувања утврдиле силна поврзаност помеѓу физичката активност и превенцијата од АРДС, кој се појавува кај 3%-17% од сите пациенти со Covid-19 , односно заболувањето предизвикано од корона вирусот.

Истражувањата спроведени пред пандемијата со корона вирусот, велат дека околу 45% од пациентите кои развиваат АРДС, за жал умираат.

"“Online”/

,,Сè што слушаме во моментов е социјално дистанцирање или респиратор. Значи или да избегнеме изложеност на вирусот, или ако го фатиме, само респираторот може да не спаси.”- вели Јан и додава- ,, Другата страна на приказната е фактот што околу 80% од потврдените случаи на Covid-19 имаат лесни симптоми, и немаат никаква потреба од респираторна машина. Прашањето е: зошто е тоа случај?”

Потенцијална причина: Моќен антиоксидант?



Според доктор Јан, кој е воедно и директор на ,,Центарот за скелетни и мускулни истражувања” при Универзитетот Вирџинија, неговите, но и анализата на претходните истражувања на антиоксидативниот ензим – екстрацелуларна супероксидна дисмутаза (EcSOD), даваат особено интересни резултати. Имено, овој моќен антиоксидант ги ,,лови” слободните радикали, заштитувајќи ги нашите ткива и превенирајќи од најразлични заболувања.

Нашите мускули природно го создаваат овој антиоксидативен ензим (EcSOD), кој потоа се излачува во крвотокот, за да стигне до сите витални органи. Она што според доктор Јан тука е најважно – физичката активност, односно кардиоваскуларното вежбање – ,,кардио”, го стимулира или го зголемува лачењето на овој ензим од мускулното ткиво.

Значително намалените нивоа на овој ензим, се забележуваат при неколку заболувања и состојби, вклучително акутни белодробни заболувања, откажување на бубрезите, инфаркт итн. Лабораториските истражувања на глувци, покажуваат дека блокирањето на продукцијата на овој ензим, може да ги влоши срцевите проблеми, додека зголемувањето, од друга страна, може да има корисно дејство.

Исто така, намалувањето на нивоата на EcSOD, се поврзува и со хронични заболувања како остеоартритис.


Дури и нередовното вежбање, односно вежбањето понекогаш, значително го зголемува продуцирањето на EcSOD


Споменатото истражување, утврдило и дека само единечна сесија на физичка активност, може видно да ја зголеми продукцијата на EcSOD. Ваквите резултати, несомнено охрабруваат физичка активност на луѓето, со дополнителна цел: намалување на компликациите при евентуална зараза со корона вирусот. Секако, одржувањето на социјална дистанца и при вежабањето, се подразбира.

Дополнително, редовното вежбање поседува и низа други сè уште неоткриени корисни влијанија, а ова неодамна откриеното корисно дејство на EcSOD во однос на АРДС, го докажува ова.

EcSOD како потенцијален третман

Доктор Јан, исто така го предлага EcSOD како потенцијален третман за АРДС, но и за повеќе други здравствени состојби. Генетската терапија, на пример, може еден ден да биде употребувана за зголемување на продукцијата на овој антиоксидативен ензим. На тој начин, може да се обезбеди заштита на белите дробови на пациентите кои се борат со Covid-19.

Анималните, лабораториски истражувања, исто така покажуваат одредено дејство на EcSOD на глувците заболени со хронични бубрежни заболувања, а овој моќен антиоксидативен ензим веќе се препорачува како потенцијална терапија за дијабетична ретинопатија, многу честа компликација при дијабет, која може да води до целосно слепило.

Исто така,  EcSOD може да има корисно дејство против синдрмот на откажување на повеќе органи.

Краток заклучок



Често се вели дека физичката активност е лек. Ензимот EcSOD е само еден одличен пример, од кој можеме да многу да научиме за тоа како да ги употребиме биохемиските, физиолошки процеси кои се случуваат во телото при вежбање, во медицинската практика.

Како што рековме, неодамнешното откривање на дополнителна низа од корисни дејства на ензимот EcSOD, ни докажува дека постојат многу сè уште неоткриени и целосно непотврдени корисни дејства од физичката активност.

Заклучокот е едноставен: не треба да чекаме да се открие поголемиот дел од ,,мистеријата” за корисните дејства на вежбањето, за да почнеме да го практикуваме, па и за време на пандемија. Секако, со посебно внимавање. Започнете уште ведаш!

Извор:

University of Virginia Health System ,
“Extracellular superoxide dismutase, a molecular transducer of health benefits of exercise”. by Zhen Yan, Hannah R. Spaulding

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор