fbpx

6 причини зошто ЛЕТОТО е најдобриот период за СЛАБЕЕЊЕ!

tonus

Летото веќе е во полн ек, па освен за стандардните одмори, овој период е одлична шанса и за намалување на килограмите. Генерално земено, летото се смета за најдобрата сезона за намалување на вишокот телесна тежина. Постојат повеќе причини заради кои ова е случај. Во продолжение нешто повеќе околу нив.

Летото наметнува различни енергетски потреби

Нашите тела се умни, метаболизмот својата работа секогаш ја извршува оптимално. Телото секогаш ни дава вистински сигнали за нашите есенцијални потреби, додека ние самите не ги нарушиме. Ова особено важи за потребите од храна.

Чувството за глад не е контролирано од стомакот, туку од мозокот поточно од централниот дел од мозокот, наречен хипоталамус. Хипоталамусот работи во координација со хормонот на глад, наречен грелин, препознавајќи чувство на глад, ситост и задоволство и на тој начин регулирајќи го апетитот. Но овој дел од мозокот е одговорен и за терморегулацијата, па постои теза дека на лето кога темепературите се високи, тој е ,,позафатен” со регулирањето на телесната топлина и обрнува помалку внимание на чувството за глад.

"“Online”/

Факт е дека солиден дел од енергијата во ладните периоди се троши за затоплување на организмот, што би значело дека енергетските потреби дефинитивно зависат од сезоната.
Значи, летото е период во кој телото природно има помали потреби од калории. Дополнително, хипоталамусот е ,,позафатен”, но постојат и други фактори кои нé прават помалку гладни во оваа сезона:

• дефокусираноста од калоричната храна со поголемата раздвиженост, односно помалку време да се мисли на јадење
• пиењето повеќе вода
• избегнувањето на топлата масна и калорична храна
• подоброто расположение и избегнувањето да се јаде заради анксиозност итн

Летото е период кога имаме повеќе шанси за физичка активност

Покрај правилната исхраната, здравото слабеење е невозможно без вклучување на редовна физичка активност. Летниот период е одлична шанса за активирање, но и период во кој имаме сé помалку оправдувања зошто не сме активни.

Денот е продолжен, воздухот е почист, зеленилото примамува, а и подобреното расположение кое исто така е случај на лето, значително влијаат на мотивираноста да започнете со некаква активност.

Редовното вежбање ќе допринесе за губење на плус калории, но ќе ја подобри и состојбата на мускулите и умот. И едноставните умерени активности се доволни кога се редовни. Повеќе корисни совети околку слабеењето со една таква умерена физичка активност (пешачењето), прочитајте тука и на следниот линк Кој НАЧИН на ПЕШАЧЕЊЕ најбро ги СОГОРУВА МАСТИТЕ?.

Време на подобро расположение и мотивација

Продолжениот ден, освен што ни обезбедува повеќе светлина – витамин Д и подобрено расположение – ни овозможува и повеќе време за себе. Повеќе време за себе имаме и заради одморите кои се најчесто во овој период од годината. Освен тоа, ова е период во кој повеќе време поминуваме со блиските. Нивната поддршка најчесто се покажува како клучна во намерата да се ослабе.

Така, полесно можеме да планираме, но и да го спроведеме она што сме го планирале, а тоа често е и намерата да се симне некој вишок килограм. Времето за одмор или времето  за правење работи кои ни значат, може значително да го намали стресот и на тој начин полесно да се справуваме со стресното јадење. На намалување на стресот влијаат и зголемената физичка активност и подолгото време поминато во природа во летниот период. Повеќе околу врската помеѓу зголемената тежина и стресот, прочитајте тука.

Во овој период имаме и повеќе шанси да го нормализираме биоритамот и да спиеме доволно, што е исто така многу значајно за слабеењето. Повеќе за врската помеѓу спиењето и телесната тежина прочитајте тука.

Тополото време прави да пиеме повеќе вода

Големите жештини предизвикуваат постојано потење, па ретко кој во овој период не пие големи количини вода. Сите сме свесни колку е важно да се пие доволно вода, но дали сте знаеле дека пиењето вода е многу значајно и во процесот на губење килограми?

Имено, истражувањата велат дека дури во 60% од случаите, чувството за глад се помешува со она за жед. Потоа, пиењето вода само по себе промовира ситост, го забрзува метаболизмот, ја намалува потребата од високо-калорични сокови и ја олеснува физичката активност. Сето ова е од клучно значење за процесот на слабеење.

Сезона која изобилува со свежа храна

Во жешките летни периоди, освен во водата, разладување бараме и во свежата вкусна храна која е богата со вода – лубеница, диња, домати, краставица итн.
Моментално пазарите се пребогати со споменатите, но и  различни други типови на вкусни домашни овошки и зеленчуци. Жално би било да не се искористи оваа освежителна, вкусна, но и густо-нутритивна храна (мала калориска, но храна со голема хранлива вредност).

Истражувања покажуваат дека зголемената консумација на свежа храна, дури и кога нема други значителни промени во целокупната исхрана, влијае на намалување на килограмите.

Време за плажите

Летото е период во кој ,,подобро’’ се гледа дека сте фит, но и дека имате зголемена телесна тежина. Истражувањата покажуваат дека носењето бикини е поголема ,,закана” за женската самодоверба, отколку соблекувањето во спалната соба.

Доста често, особено кај помладите главен мотив за слабеење е подобриот изглед. Знаеме дека цврстината на мотивот е многу значајна за успешното слабеење, така што летото може да биде важен мотиватор кај помладите.

 

ПРОГРАМА ЗА ЗДРАВО СЛАБЕЕЊЕ

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор