fbpx

Што вели МЕДИТЕРАНСКАТА ИСХРАНА во однос на МЕСОТО?

tonus

Кога станува збор за медитеранскиот начин на исхрана, историски гледано луѓето од овој регион на трпезата го имале она што земјата имала највеќе да им го понуди – многу свежа храна (овошје и зеленчук), полнозрнести житарки, мешунки, јатки, семиња итн.

Медитеранската исхрана и месото

Бидејќи самите животни и нивното одгледување било скапо во однос на средства, но и на простор, употребата на месото во традиционалната медитеранска исхрана било ограничено на празниците, религиозните ритуали и некои специјални пригоди. Впрочем, ова во голема мера важи и за нашата македонска традиционална исхрана.

Денес, науката потврдува дека генерално растителната Медитеранска исхрана, каде месото, па и млечните производи се употребуваат најчесто како гарнир, а не како главно јадење, има бројни здравствени, но и еколошки придобивки.

"“Online”/

[Поврзано: Повторно прогласена за најдобра исхрана на годината – Медитеранска исхрана 2020!]

Приближно 0 грами процесирано месо

Медитеранската исхрана е генерално земено растителна исхрана, а кога се употребува месото, најчесто се работи за рибата. Речиси никогаш не се користат препроцесирани, црвени месни производи кои се докажано канцерогени. Најчесто се употребува пилешко месо, месо од зајак, телешко и козјо месо.

Дополнително, месото најчесто доаѓа од ,,домашно” производство, односно од животни кои биле одгледувани низ природните пасишта. Добар пример за ова е исхраната на островот Крит, срцето на медитеранскиот начин на живот. Месото кое таму се консумира (секако, умерено и во ретки пригоди), поради начинот на кој се одгледувани и хранети животните, има помалку заситени маснотии, но и повеќе здрави, омега 3 масни киселини.

[Поврзано: Кои се омега 3, а кои омега 6 масни киселини? Кои се најдобрите ПРИРОДНИ извори?]

Помалку е подобро!

Без разлика какво е свежото месо достапно низ нашите маркети и пазари, секој може да го практикува медитеранскиот принцип на јадење месо – помалку е подобро.

На пример, наместо големи порции со стек и пржени компири 2 до 4 пати неделно, во секоја смисла подобро би било да се има еден оброк со помало парче стек во комбинација со повеќе печени компири или некаква хранлива, покалорична салата, еднаш неделно. На пример со Медитеранска киноа салата или табуле.

Или на пример, повеќе леќа и сварен исцеден грав, со малку телешко месо еднаш во неделата, нарендано пилешко месо на интегрална паста, супа или чорба итн.

И тоа малку додадено месо, значително ќе влијае на вкусот на претходно наведените јадење!

Начинот на подготовка е многу важен!

Медитеранскиот начин на исхрана исто така подразбира здрава подготовка на месото. Можеби еден од поголемите проблеми со исхраната богата со месото, е неговата подготовка.

[Поврзано: КОНЕЧНО – Кој начин на ГОТВЕЊЕ ги УНИШТУВА хранливите
те материи? А кој не?

Сите сме чуле дека пржената храна е штетна. Но, ЗОШТО е?]

Свежото месо многу често се подготвува со многу масло (пржење, често и ,,длабоко” пржење, со целосно потопување во масло) или пак печење на скара.

Со ваквата подготовка, месото се збогатува со дополнителни количества заситени масти, а со тоа и со повеќе калории.

Дополнително на ова, во процесот на пржењето и печењето на скара се  уништуваат и повеќе хранливи материи. Од друга страна пак, се интензивираат процесите на формирање на трансмастите, убедливо најлошите масти за човековиот организам, а за жал месото станува и извор на огромен број и количество различни токсични материи.

[Поврзано: Буквално НАЈШТЕТНИТЕ масти – ТРАНСМАСТИТЕ. Што треба да знаете за нив?]

Краток заклучок

Главната причина зошто луѓето јадат различни месни производи во поголеми количества се вкусовите карактеристики. Поголемиот дел од нив се свесни дека тоа не е добра навика, но неретко постои и загриженост дека ако се намали со месото, ќе се јават недостатоци на различни нутриенти. Тоа генерално не е точно.

Во тааа насока, што треба да ни биде поуката од односот на медитеранскиот начин на исхрана кон месото – инаку од науката повеќе пати прогласен за најдобриот досега достапен начин на исхрана од повеќе аспекти?

  • Помалку е подобро – намалувањето на месото нема да ни донесе проблеми, напротив.
  • Употребувајте го месото како гарнир, а поретко како главно јадење – помалку месо во оброците повторно ќе ни го даде посакуваниот вкус!
  • Заборавете на препроцесираните месни произоди – ако не можете без месо, имајте 1 до 2 оброци неделно, кои вклучуваат малку месо (до околу 200g). Ова важи само за непроцесираните месни (неконзервирани) производи, а не за различните шунки, салами, чајни, кулен, сланина, чварки итн. Според СЗО, ваквите производи се докажан ризик-фактор за малигни заболувања, а секако го зголемуваат и ризикот од низа други чести болести!
  • Варете го или печете го месото, без или со сосема малку масло за јадење

Поврзано:

Медитеранска исхрана

Програма на Д-р Митов за ЗДРАВО СЛАБЕЕЊЕ

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор