fbpx

Медитеранската исхрана го намалува ризикот од СРЦЕВ и МОЗОЧЕН УДАР

tonus

Постојат многу видови диети и типови исхрана, но Медитеранскиот начин на исхрана доминира над нив со својата научна потврденост, како и со вековната традиција.

Што подразбираме под Медитерански начин на исхрана?

Генерално е прифатено дека луѓето кои живеат во медитеранскиот регион имаат подолг животен век и помалку страдаат од хронични заболувања.

Не се работи за некоја посебна тајна, луѓето во овие региони водат физички поактивен живот, јадат претежно храна без додадени шеќери, заситени масти, месото го избегнуваат, мастите претежно ги добиваат од маслиновото масло и јатките, а препроцесиранта храна е реткост.

"“Online”/

Така, Медитеранската исхрана може да понуди низа на здравствени бенефити, вклучително губење на килограмите, поздрави срце и мозок, превенција од канцер, контрола и превенција на дијабетот итн.

Не постои ,,една” Медитеранска диета. Грците јадат различно од Италијаните, кои пак јадат различно од Французите, Шпанците и оние на блискиот исток. Сепак, принципите се споделени.

Кои се принципите на Медитеранската исхрана?

За првпат во педесетите години на минатиот век Медитеранската исхрана е дефинирана врз основа на навиките на населението во Крит во тој период.

Принципите на овој начин на исхрана вклучуваат:

  • Претежно овошје, зеленчук, житарки, ореви, семе, маслиново масло и мешунки.
  • Животински протеини претежно во форма на риба и морска храна, минимизирајќи млечни производи, јајца, месо, риба и преработена храна. Риба околу двапати неделно.
  • Билки и зачини наместо сол..
  • Секојдневна физичка активност.
  • Оброците како семеен настан или настан за дружење со пријателите.
  • Цели житарки, а не обработени.
  • Бадемите или оревите како закуска.
  • Избегнување заситени масти како путер и животински масти, а употреба на маслиново масло.

Помал ризик од исхемичен мозочен удар

Покрај останатите позитивни ефекти, постојат повеќе студии што велат дека трајното практикување Медитеранска исхрана, може да го намали ризикот од мозочен удар.

[Поврзано: Мозочен удар – како да го препознаете, што да превземете и зошто е важно да реагирате?]

Eдна таква студија, од Универзитетот Колумбија во Њу Јорк, утврдува дека лицата што имаат најблиска исхрана до медитеранската и ја имаат усвоена како траен начин на исхрана, можат да го намалат својот ризик од мозочен удар за најмалку 18%.

Истражувачите анализирале податоци за над 104 илјади учители во Калифорнија, со просечна возраст од 52 години. Станува збор за студија што траела со години, а волонтерите биле поделени во 5 групи, врз основа на тоа колку конзистентно се придржувале на исхраната.

Споменатиот намален ризик бил пресметан земајќи ги предвид и останатите ризик-фактори за мозочен удар, како пушење, седечки начин на живот, зголемена телесна тежина итн.

[Поврзано: Пушење и срцево здравје]

Слични податоци ни доаѓаат и од Американската Асоцијација за здравје на срцето

Претходно наведената студија од Универзитетот Колумбија е само една помеѓу многуте. Американската Асоцијација (АHA), за здравје на срцето , инаку авторитет во светот на медицината, исто така објави истражување што покажува дека постои директна конекција помеѓу Медитеранската исхрана и намалениот ризик од срцев удар и општо, подобро кардиоваскуларно здравје.

Како резултат на овие податоци, АHA спроведува иницијата во која Медитеранскиот начин на исхрана отворено се промовира како одличен начин за превенција на, за жал, се’ почестите проблеми со кардиоваскуларното здравје помеѓу популацијата.

[Поврзано: Повторно прогласена за најдобра исхрана на годината – МЕДИТЕРАНСКА ИСХРАНА 2020]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор