fbpx

МЕЛАТОНИН – хормонот на спиење кој е важен и за КАРДИОВАСКУЛАРНОТО ЗДРАВЈЕ!

tonus

Најверојатно до сега сте слушнале за хормонот мелатонин. Тој главно се асоцира со циклусот на спиење, односно претставува хормон чие создавање зависи од периодот од денот. Неговото ниво инаку се зголемува со пристигнување на ноќта и тој предизвикува чувство на поспаност. Но, неговите ефекти не се целосно лимитирани само на циклусот на спиење. Овој хормон се смета дека има повеќе функции и влијанија на здравјето, а денес ќе се задржиме на неговиот потенцијален ефект врз кардиоваскуларното здравје

 

Кардиоваскуларните заболувања – реален и чест проблем на денешницата

Во САД статистиката вели дека на секои 36 секунди, еден човек умира од срцево заболување. Тоа се околу 655,000 луѓе годишно, односно 25% од вкупните смртни случаи во САД. Во светски рамки, зачестеноста на кардиоваскуларните заболувања речиси се дуплирала од 1990 до 2019 година. Смртноста исто така пораснала од 12 милиони смртни случаи во 1990 до 18 милиони во 2019. Ваквите алармантни и шокантни бројки чисто укажуваат на фактот дека срцевите заболувања се сериозен и значаен проблем на денешницата. Начинот на живеење е главен фактор кога станува збор за овие состојби. Целта е да се обидеме воопшто да не дојде до овие здравствени проблеми, а не само да ги третираме кога ќе се јават, без никакви дополнителни промени во животните навики. Едно нешто што може сите луѓе почесто да го практикуваат, а е клучно за здравјето на срцето, е редовната физичка активност.

 

Дали мелатонинот има влијание и на кардиоваскуларното здравје?

Точно е дека најголемиот дел од истражувањата за овој хормон се фокусирани на неговиот ефект на спиењето, но сепак неговото дејство и функција не завршуваат таму. Овој хормон претставува антиоксидант, кој ги заштитува нашите клетки од т.н слободни радикали и го намалува оксидативниот стрес во организмот. 

"“Online”/

Одредени истражувања покажуваат дека лицата со кардиоваскуларни заболувања најчесто имаат и намалени нивоа на мелатонин, споредено со здрави лица. Постојат силни докази дека е присутна взаемна поврзаност меѓу нивото на мелатонин и кардиоваскуларното здравје. Колку е нивото на мелатонин пониско, толку се смета дека ризикот за кардиоваксуларни заболувања е поголем.

Од друга страна, мелатонинот делува и на крвниот притисок, па на тој начин дополнително влијае на целокупното срцевото здравје. Се смета дека тој влијае на делот од мозокот кој го контролира притисокот и промовира вазодилатација, односно проширување на крвните садови. Исто така, постојат истражувања кои покажуваат дека срцевите удари се почести наутро, кога нивото на мелатонин е најниско. Сето ова укажува дека мелатонинот има заштитна улога за кардиоваскуларното здравје. Нивото на мелатонин инаку природно се намалува со возраста, а тоа е само дел од објаснувањето зошто голем дел од повозрасната популација има намален и влошен квалитет на спиење. Ова би можело да се гледа и како една споредна, дополнителна причина за зголемениот ризик од кардиоваскуларни заболувања кај повозрасните.

Потребни се повеќе истражувања на темата, но сепак може да заклучиме дека ефектот и влијанието на овој хормон не застанува само кај спиењето. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор