fbpx

МЕТФОРМИН – помага ли да ослабеме и до кој степен?

tonus

Во 2017 година, проценките се дека над 450 милиони луѓе ширум светот имале дијабет тип 2. Очигледно е дека ваквата состојба влијае на животот на многумина и е сé почесто застапена. За третирањето на тип 2 дијабетот, често се користи лекот метформин. Некои неодамнешни студии покажуваат дека овој лек може да помогне со процесот на слабеење кај одреден индивидуи. Во продолжение ќе дискутираме како овој лек помага при третирањето на дијабетот и дали и како помага и со слабеењето.

 

Што претставува тип 2 дијабетот и како метформинот помага при неговото третирање?

 

Тип 2 дијабетот претставува состојба каде телото неправилно ја искористува и регулира глукозата во крвта. Телото – панкреасот не произведува доволно инсулин, а покрај тоа и самите клетки не реагираат соодветно на инсулинот, па поради тоа помалку шеќер навлегува во нив. Сето ова доведува до состојба на зголемено ниво на шеќер во крвта.

Метформинот е лекарство кое се препишува на лица кои страдаат од тип 2 дијабет, но се користи и превентивно кај лица кои имаат голем ризик за појава на ваквиот дијабет.

"“Online”/

Метформинот делува така што го намалува количеството на шеќер кое црниот дроб го испушта во крвта. Тој исто така ја подобрува реакцијата и одговорот на телото кон инуслинот, односно овозможува клетките поефикасно и полесно да апсорбираат шеќер. Овој лек исто така помага да се намали апсорбцијата на шеќер во цревата, на тој начин намалувајќи го дополнително нивото на шеќер во крвта. Метформинот може да помогне при општа регулација на шеќерот во крвта, но и на регулирање на нивоата по внесен оброк.

Некои најчести несакани ефекти при употребата на овој лек се: болки во стомакот, гасови, надуеност, лошење, дијареа и грчеви.

Се смета дека за разлика од другите лекарства кои често се користат за третирање на дијабет, метформинот не доведува до зголемување на телесната тежина. Напротив, бројни истражувања покажуваат дека истиот може да помогне со намалување на тежината. Регулацијата на телесната тежина е еден од најдобрите начини за контролирање и подобрување на дијабетната состојба.

 

Метформин и слабеење – што велат истражувањата?

 

Начинот на кој метформинот може да помогне со слабеењето не е целосно разјаснет од науката. Но, се смета дека еден од начините на кои делува овој лек врз телесната тежина е преку намалување на апетитот. Една мала студија, која вклучувала 12 жени кои имале дијабет тип 2 го покажала токму тоа. Жените добивале метформин или плацебо, три пати на ден, во период од 3 дена. Тие добиле тест оброк на третиот ден, а пред тоа го оцениле степенот на глад кој го чувствувале. Истражувањето покажало дека жените кои примале метформин биле значително помалку гладни. Метформинот се смета дека може да помогне со намалување на внесот на калориите. Ваквата постепена, блага промена во чувството за глад може да помогне со долгорочно, полесно контролирање на телесната тежина. Една студија покажала дека ефектите од ова лекарство врз телесната тежина се постепени и најчесто за нив е потребно време од околу 1-2 години.

Степенот на слабеење е исто така индивидуален и зависи од човек до човек. Една студија покажала дека 29% од испитаниците ја намалиле својата тежина за околу 5%, а само 8% од испитаниците ја намалиле за околу 10%. Ваквата студија заклучила дека метформинот може да биде корисна алатка за иницијално намалување на телесната тежина, но доколку постои прекумерна телесна тежина, самото лекарство нема да има доволен ефект.

 

Потребни се и промени во начинот на живеење

 

Метформинот може да има одредени позитивни бенефити врз намалувањето на телесната тежина, но истиот не е замена за здрава и балансирана исхрана и физичка активност. Килограмите кои се намалени поради земањето на овој лек, можат многу лесно и брзо да се вратат доколку се запре со неговата употреба. Негова позитивна карактеристика е што воопшто не доведува до зголемување на тежината, за разлика од некои останати лекарства за дијабет. Истражувањата покажуваат дека комбинацијата од добра исхрана, вежбање и употребата на ова лекарство, покажало најдобри резултати кај луѓето кои имаат дијабет. Контролата на телесната тежина има огромна улога при живеењето со оваа состојба, но метформинот сам по себе не е доволен.

 

Промени во животниот стил кои можат да помогнат при дијабет:

 

  • Здрава исхрана – клучен фактор за полесно справување и живеење со ваквата состојба. Избегнување на брза, процесирана и храна богата со додадени шеќери, а поголем внес на овошје, зеленчук, полнозрнести житарки, јатки, мешунки, семки, риба и сл.
  • Физичка активност – вежбањето помага при регулација и намалување на шеќерот во крвта.
  • Редовни лекарски прегледи
  • Менаџирање на стресот – стресот се смета за важен фактор кој може да го зголеми нивото на шеќер.
  • Откажување на цигарите и внимавање на внесот на алкохол

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор