fbpx

ПЕТ митови поврзани со ИСХРАНАТА кои се особено чести, а НЕТОЧНИ!

tonus

Денешницата е позната по лесната достапност до огромен број информации кои понекогаш доста лесно го привлекуваат и задржуваат нашето внимание. Модерното време носи и модерни проблеми, па луѓето често имаат проблем и потешкотија при сортирањето и интерпретирањето на сите овие информации. Особено постои море од информации во поглед на нашето здравје и исхрана. Постојат многу препораки, многу предупредувања и многу мислења. Но, некои од нив навистина имаат добиено на популарност и кај многу луѓе веќе важат за факт, кој е неоспорлив. Во продолжение ги издвојуваме дел од најпопуларните митови поврзани со исхраната.

Најчестите митови и заблуди поврзани со исхраната и здравјето

1 . Храната која содржи масти е нездрава

Масната храна често е асоцирана со нешто нездраво и штетно. Луѓето често погледнуваат и помислуваат на мастите кога купуваат одредени намирници, а помалку придаваат значење на типот на масти кои би можела таа да ги содржи. Но, факт е дека мастите имаат централно и клучно место во нашата исхрана и се заслужни и неопходни за одржување на оптимално здравје. Тие се сепак еден од трите главни макронутриенти (покрај протеините и јаглехидратите). Одредени истражувања покажуваат дека исхрана која е базирана на нискомаслени продукти, доведува до зголемен ризик од појава на срцеви заболувања, инсулинска резистентност, покачено ниво на триглицериди и сл. Секако, постои храна чиј липиден состав е непожелен и штетен. Тука може да се вбројат намирниците кои се извор на транс и заситени масти (најчесто од пржена и високо процесирана храна, процесирано месо, црвено месо и сл.). Како здрав извор на масти се смета храна богата со незаситени, а особено со омега-3 масни киселини: лосос, туна, бакалар, харинга, јаткасти плодови, маслиново масло, семиња и сл.

[Поврзано: Незаситени масти – зошто се здрави и каде да ги најдеме?]

"“Online”/

2 . Калорискиот дефицит е најважното нешто при процесот на слабеење

Калорискиот дефицит, односно трошење на повеќе калории во текот на денот отколку што внесуваме, секако е темелот на кој се базира слабеењето. Телото мора да е во позиција на дефицит за да посегне по сопствените резерви, а тоа се постигнува со недостиг од калории преку исхраната. Но, постојат навистина многу фактори кои исто така влијаат врз слабеењето. Хормоналниот дисбаланс, проблеми со тироидната жлезда, користење на одредени лекарства или генетиката се дел од факторите кои сериозно може да допринесат и влијаат на овој процес. Затоа е многу важно луѓето да не се обесхрабруваат кога при навистина здрава и ниско калорична исхрана, не ги гледаат посакуваните резултати. Но, доколку таквата исхрана е одржлива и долго време се придржуваме до неа, а притоа физички сме активни, слабеењето е загарантирано. Исто така, квалитетот на храната е значително повеќе важен од калориите кои таа ги содржи.

3 . Јаглехидратите се штетни и истите нè дебелеат

Слично како и мастите, јаглехидратите важат за нутриенти кои допринесуваат кон зголемена тежина и дека истите при „диети“ треба да се избегнуваат. Но, реалноста е дека јаглехидратите се макронутриент кој му е неопходен на телото и се среќаваат во огромен дел од намирниците. Нивното елиминирање или намалување доведува до исхрана која не е разновидна и всушност поради тоа правиме голема штета на организмот. Намирниците како: зеленчуци, овошје, полнозрнести житарки и нивните брашна, мешунките и јатките содржат јаглехидрати, но и низа на други соединенија – минерали, растителни влакна, здрави масти, протеини и витамини. Треба да се разграничи и разликува употребата на прости и на сложени јаглехидрати. Интегралните тестенини и компирот важат за намирници кои нè дебелеат, но всушност тие се извор на сложени јаглехидрати (скроб), кои телото долго ги дигестира и тие даваат континуиран и стабилен извор на енергија. Проблемот со јаглехидратите лежи во простите шеќери, кои нагло се искористуваат од телото, допринесуваат за нагло лачење на инсулин и даваат многу енергија во краток период. Доколку телото нема потреба од таа енергија во моментот, таа се складира и тоа доведува до зголемена телесна тежина.

[Поврзано: Прости наспроти сложени јаглехидрати, која е клучната разлика?]

4 . Лебот треба да се избегнува

Лебот, особено белиот, во последно време добива репутација на храна која дебелее и која е нездрава. Тоа е делумно и точно, бидејќи белиот леб е калоричен, не е високо нутритивен и често прекумерно се консумира. Но, целосното избегнување на лебот, особено на интегралниот леб кој е подготвен од полнозрнести брашна е непотребно. Тој има понизок гликемиски индекс од белиот леб, но исто така содржи и поголемо количество на растителни влакна и минерали. Сепак и интегралниот леб содржи доста калории, па и неговата употреба треба да е умерена.

[Поврзано: Важни причини зошто треба трајно да ја замениме рафинираната храна (брашна) со полнозрнеста храна]

5 . Солта е штетна

Во овој мит има доза на вистинитост, но солта не смее да се каже дека е штетна за целата популација. Прекумерниот внес на сол преку исхраната може да доведе до проблеми како покачен крвен притисок, бубрежни заболувања и низа на други здравствени проблеми. Дополнителен проблем се јавува кога се внесува премногу сол (натриум), а премалку калиум во исхраната. Ова може да предизвика сериозни проблеми кај луѓето со хипертензија. Меѓутоа, факт е дека солта (натриумот) е есенцијален минерал и има клучна улога во организмот. Но, важен е и изворот преку кој внесуваме сол. Солта е чест придружник на пржената, масната и високо процесираната храна. На тој начин, се внесува храна која е исклучително нездрава, а дополнително се внесува и прекумерно количество на сол. Клучно е солта да се внесува преку здрави извори (салати, готвени јадења, супи и сл.) и таа да е во умерени количини. Важно е да се нагласи дека и недоволен внес на сол преку исхранта може да доведе до срцеви заболувања, но факт е дека ваквиот дефицит е редок и често луѓето ја внесуваат солта повеќе од потребното.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор