fbpx

Важни причини зошто треба трајно да ја замениме рафинираната храна (БРАШНА) со ПОЛНОЗРНАСТА храна

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Секој од нас има слушнато дека храната од интегрални житарки е подобра за нашето здравје во однос на онаа од рафинираните житарки. Но, дали знаете зошто?

Зошто треба да јадеме интегрален, односно ,,црн” леб? Црн ориз? Зошто е подобро да јадеме лебови кои се подготвени од повеќе различни житарки и се збогатени со различни семиња, па некогаш и јатки?

Одговорот на прашањето зошто ваквата храна треба да нѝ стане навика лежи во самиот нејзин назив ИНТЕГРАЛНА, што подобро на македонски би се превело ПОЛНОЗРНАСТА ХРАНА. Тоа би значело храна која се добива од ЦЕЛИТЕ зрна или брашната добиени од целото зрно. Присуството на различни семиња и некакви јатки, дополнително ја зголемува нутритивноста на лебовите.

"“Online”/

Секогаш давајте и предност на полнозрнастата храна!

Само полнозрнастите житарки можат да нѝ го понудат ,,целокупниот пакет бенефити од одредена житарка, бидејќи за разлика од рафинираните, тие не подлежат на процеси во кои ќе им бидат отстранети одредени значајни делови, односно делови полни со различни хранливи материи.

Сите полнозрснасти житарки (зрна) се составени од 3 дела: лушпа, никулец и ендосперм. Секоја од овие компоненти е извор на уникатни нутриенти.

Лушпата е особено богата со расителни влакна, Б витамини, различни минерали (железо, бакар, цинк, магнезиум), но и различни други фитонуриенти, помеѓу кои и антиоксидативни соединенција.

Fibro Gel

Никулецот е богат со здрави маснотии, витамини од Б групата, витамин Е и низа други фитонутриенти. Од друга страна, внатрешниот дел на зрното или ендоспермот е извор на скроб (сложени јаглехидрати), протеини, но во доста помал обем на микронутриентите со кои се богати другите делови од зрното.

Секоја од споменатите, значајни хранливи материи, има своја лепеза на позитивни дејства по нашето здравје, на пример, да се задржиме на една од најзначајните разлики што ги прават интегралните продукти – високата содржина на растителни влакна. Бенефитите од нив се најразлични, па така:

▫ Ја попречуваат работата на дигестивните ензими – со што се успорува дигестијата и на тој начин се избегнуваат шеќерните пикови, а потоа и наглите падови кои се ризични по здравјето, а нè оставаат и постојано гладни. На тој начин се намалува и гликемискиот индекс на целокупната присутна храна во дигестијата.

▫ Влијаат на поуспешното заситување – освен преку регулрањето на глукозата (обезбедуваат нејзино постепено апсорбирање во крвотокот), фиберот делуваа на заситувањето и преку врзувањето на вишокот вода во стомакот.

▫ Го подобруваат дигестивно здравје –подобра цревна перистатика, намален ризик од најчестите дигестивни заболувања – дијареа, запек, нарушувања поврзани со корисната цревна микрофлора, воспаленија итн. Едно истражување покажува дека со зголемувањето на внесот на фибер во организмот, опаѓаат шансите за развивање на колоректален канцер.

▫ Претставуваат храна за корисната цревна микрофлора – здравјето, односно балансот на цревната микрофлора е значаен предуслов не само за дигестивното, туку и за целокупното здравје на човекот.

▫ Можат да ги намалат холестеролните нивоа – значаен фактор за здравјето на срцето. Прочитајте повеќе во една од нашите претходни статии: Зошто е значаен липидниот профил?

▫ Имаат антивоспалително дејство – повеќе истражувања нѝ даваат податоци според кои можеме да видиме дека оние луѓе што имаат исхрана богата со фибер, имаат пониски вредности за CRP или Ц-реактивниот протеин.

CRP е супстанција создадена од црниот дроб или адипоцитите при ситуации на присутни воспалителни процеси во телото.

Зголеменото ниво на Ц-реактивниот протеин (утврдено преку соодветен крвен тест) се смета за неспецифичен ,,маркер”за некакво заболување. Тоа значи дека CRP покажува дека постои некое воспаление во организмот, но не може да ја одреди неговата точна локализација. Покрај CRP, во крвта постојат и други воспалителни маркери, како што се: фибриноген, амилоид А и интерлеукин 6.

Неговите повишени нивоа најчесто се поврзуваат со кардиоваскуларни заболувања, дијабет, но и ревматоиден артритис.

[Поврзано: Дознајте повеќе за Фиброгелот, природен фибер (псилум) суплемент, на следниот линк: ФИБРОГЕЛ – природни растителни валкна]

Што е главниот проблем со белите, рафинирани брашна?

Со индустријализацијата на млиновите, значајно се менува и начинот на кој се обработуваат житарките. Така, при процесирањето се отстрануваат лушпата и никулецот на зрната и останува само ендоспермот, мекиот и најлесно дигетивниот дел од зрното, сиромашен со микронутриенти. Ваквото отстранување почнало да се прави главно заради масната содржина во никулецот, што може значително да го намали рокот на траење на продуктите добиени од брашното.

Според тоа што претходно го кажавме за 3-те главни делови на зрното, јасно е дека рафинираното брашно ќе биде екстремно помалку нутритивно, но исто така ќе даде и продукти со повисок гликемиски индекс, односно лесно дигестибилни продукти. При процесирањето на зрната се губат над 50% од Б витамините, над 90% од Е витаминот и речиси ЦЕЛАТА СОДРЖИНА НА РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА!

Иако белите лебови е можно доплнително да се збогатат со одредени нутриенти, сепак нивната апсорпција најверојатно нема да биде иста како кај интегралните лебови, а дополнително, различните антиоксидативни компоненти и останатите фитохемикалии тешко можат вештачки да се заменат или додадат.

Секогаш одберете полнозрнаста храна: овес, бунгур, киноа, просо, ‘рж, јачмен, пченка, но и ориз и производи кои се добиени од цели зрна (но, внимавајте се додавани и други компенти, како шеќери или маснотии).

[Поврзано: Важни разлики помеѓу белиот и интегралниот ОРИЗ!
Лебот е здрава храна!]


Здравствени бенефити од полнозрнастата храна

Достапните релевантни истражувања велат дека квалитетот на јаглехидратите е во најмала рака исто толку важен колку количината во која се консумираат! Квалитетот во смисла, сложени (скроб и останати дигестибилни и недигестибилни полисахариди) пред простите јаглехидрати (различна процесирана шеќерна храна), односно полнозрнастите житарки, пред рафинираните.

Кои се предностите во однос на нашето здравје од полнозрнастати житарки кои студиите ги утврдуваат:

Намален ризик од инфламаторни (воспалителни) заболувања – како ревматоиден артритис, гихт, астма, улцеративен колитис, Кронова болест и некои невродегенеративни заболувања.

Намален ризик од кардиоваскуларни заболувања, но и општа смртност – на пример, една студија дава податоци според кои се заклучува дека луѓето кои јадат најмалку 70g полнозрнасти житарки дневно, имаат за 22% помал ризик од општа смртност и 23% помал ризик од срцеви заболувања. Полнозрнастите житарки го намалува вкупниот холестерол, триглицеридите и инсулинските нивоа.

Значително намален ризик од дијабет тип 2истражувањата покажуваат дека заменувањето на рафинираните житарки и храната добиена од нив, со полнозрнаста храна, значително го намалува ризикот од развивање на дијабет тип 2. Растителните влакна и останатите фитохемикалии на целите зрна можат да ја подобра инсулинската сензитивност, глукозниот метаболизам и како што веќе претходно кажавме, да превенираат од шеќерни пикови и нагли падови – многу важно за превенција од дијабетот. Дополнително, ваквата храна го намалува и ризикот од гојазност – ризик-фактор за дијабет, но и низа други хронични заболувања.

Подобро дигестивно здравје – споменавме дека растителните влакна ја оптимизираат цревната перистатика, односно движењето на храната низ цревата, па така превенираат од запек, но и од низа други дигестивни заболувања, како дивертикулоза, улцеративен колитис, Кронова болест итн.

[Поврзано: Во кои ретки ситуации глутенот може да создаде проблеми, прочитајте тука.]

Потенцијално заштитно дејство и во однос на некои малигни заболувања –одредени истражувања покажуваат дека јадењето полнозрнаста храна може да понуди превенција од малигни заболувања на дебелото црево.


На овој линк прочитајте како едноставната и лесна промена на белиот леб со полнозрнасти лебови, може да има серизони позитивни импликации по нашето здравје!

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X