fbpx

Ашваганда за СИНДРОМ НА НЕРВОЗНИ ЦРЕВА?

tonus

         Една од главните одлики на модерното живеење е сеприсутноста на стресот како феномен. Како пропратни елементи тука неминовни се анксиозноста и депресивните чувства. Според истражувањата, само од 2020 година наваму имаме зголемување на анксиозноста за цели 25% и тоа на глобално ниво.

                       Стресот негативно се одразува на бројни здравствени аспекти, а помеѓу нив се вбројува и синдромот на нервозни црева (IBS). Станува збор за навистина непријатна здравствена состојба, која за жал е се’ почеста. Имено, се смета дека дури до 15% од сите посети на докторите, се поради овој проблем. Постои сериозна научна основа во тврдењата дека хроничниот стрес игра клучна улога во појавата и развојот на IBS.

[Поврзано: Нервозни црева – Како да го препознаете овој синдром?}

"“Online”/

                      Начини на третирање

                          И покрај напредокот во ова поле на медицината, достапните фармацевтски лекарства имаат се’ уште слаба ефективност, но и силен ризик од несакани ефекти. Заради овие причини, фокусот почнува да се насочува кон одредени хербални решенија кои би имале свој ефект, но без никакви контраиндикации или негативни последици. Во оваа насока, неминовно се појавува Ашвагандата, како адаптоген.  Се смета дека адаптогените супстанции регулираат одредени реакции во телото со што му помагаат истото да се доближи до некоја форма на рамнотежа и смиреност. Во тој поглед, Ашвагандата се смета дека има корисно и позитивно дејство врз ендокриниот, нервниот, имуниот и кардиоваскуларниот систем.Повеќе детали околу значењето на терминот адаптоген, прочитајте тука.

 Стрес и анксиозност – Најистражените области за примена на ашвагандата

                      Ашвагандата се смета дека директно влијае врз создавањето на одредени протеини и хормони (првенствено кортизол) и на тој начин го намалува штетното дејство на стресот. Исто така, таа се смета дека ја намалува активноста на одредени механизми кои се активираат во организмот при изложеноста на стрес. Во овој поглед, постојат голем број студии кои ги поткрепуваат ваквите информации.

                           Во една помала студија во која биле вклучени околу 60 испитаници, оние кои користеле суплемент од ашваганда во период од 8 недели, пријавиле намалено ниво на стрес, а кај нив било измерено и намалено ниво на кортизол – примарен стрес хормон. Дополнително, испитаниците пријавиле дека нивниот квалитет на спиење исто така бил подобрен, споредено со контролната, плацебо група.

                           Слични резултати покажала и уште една помала студија, каде испитаниците кои користеле суплемент од ашваганда (во количина од околу 240mg дневно) имале значително помала анксиозност.

                            Кога се користел во повисоки концентраии, како што бил случајот при едно истражување во кое биле вклучени 64 испитаници, екстрактот од ашваганда значително го намалил количеството на кортизол во крвта. Дополнително, не биле пријавени некои непосакувани ефекти од страна на учесниците во истражувањето.

      Ашваганда и метаболитичките ГАБА патишта

                         Еден од главните начини според кои ашвагандата има ефект против анксиозноста е модулирањето или регулирањето на гама аминобутерната киселина (ГАБА), односно нејзините метаболни патишта. Тие се особено важни за регулирањето на анксиозноста и стресните сигнали во организмот. ГАБА невроните се главните инхибиторни хемиски гласници во централниот нервен систем. ГАБА невроните лачат ГАБА киселина која се врзува за ГАБА рецепторите во нашите нервни клетки, испраќајќи сигнал за намалување на нервните импулси и намалување на способноста на нервните клетки да праќаат сигнали низ нервниот систем. На тој начин, буквално се блокираат и стресните сигнали. Пациентите со IBS имаат нерегулирани ГАБА метаболни патишта, односно помала застапеност на ГАБА неврони и рецептори.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ И НАРАЧАЈ АШВАГАНДА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК: https://shop.drmitov.mk/p/ashvaganda/

                     

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор