fbpx

Знаете ли што значи поимот ФУНКЦИОНАЛНА ХРАНА?

tonus

Веројатно досега повеќе пати сте го слушнале поимот функционална храна, кој во последно време сè повеќе добива на популарност. Еден вид на синоним е и поимот нутрацевтик.

Станува збор за поим кој првпат се употребува во Јапонија во 80-тите години на минатиот век. Новиот збор се употребувал во контекст на напорите на јапонската влада да ја промовира здравата и збогатена храна помеѓу населението.

Овој поим се однесува на прехранбените производи со специфичен состав (или збогатен состав), или комбинација од хранливи материи. Се работи за нутриенти со потврдени корисни физиолошки дејства, односно хранливи материи кои можат да поттикнат одредени здравствени придобивки.

"“Online”/

За функционалната храна може да се смета секоја храна што го исполнува следниот услов: Покрај својата основна, нутритивната вредност, да има и потвредна здравствена придобивка. Тоа би значело со поредовното консумирање на оваа храна, да се поттикнуваат суштински процеси во организмот што ќе овозможат подобро здравје. Функционалната храна може да има растително, животинско потекло, па дури и микробиолошко потекло (квасци и бактериски пробиотици). Исто така, ваквиот тип храна може да биде сосема непроцесиран, но и обработен. Кога веќе се додаваат одредени компоненти, нивниот сличен облик треба да е присутен и во самата храна..

Во продолжение, повеќе на тема функционална храна, односно нешто повеќе за ваквата храна и нејзините потенцијални придобивки.

Многу повеќе од хранлива вредност

Функционалните прехранбени производи ни нудат ефекти врз организмот што одат далеку над нутритивните. Одредени типови ваква храна содржат и додатоци, па и суплементи, односно претставуваат формулации дизајнирани за подобрување на одреден аспект од здравјето.

Во однос на делувањето во организмот, нутрацевтиците можат да имаат:

  • Антиоксидативна улога
  • Имуномодулаторна улога
  • Антипиретична улога
  • Улога на намалување на холестеролот и триглицеридите итн.

Добри примери за функционална храна

Нутритивно сконцентрираните прехранбени продукти, како различните овошки и зеленчуци, потоа јаткастите плодови, семињата и полнозрнестите житарки се добар пример за функционална храна. Главната причина се нивните бројни фитохемикалии или фитонутриенти.

[Поврзано: Нутритивно концентрирана храна – што е тоа?]

Овесот, на пример, содржи тип на фибер наречен бета глукан. Станува збор за компонента со силен позитивен ефект по нашето здравје – намалена инфламација, подобрен имунитет и подобро здравје на срцето. Многу подетално околу ефектите на бета глуканот, прочитајте тука.

Генералната поделба на функционалната храна е на конвенционална и ,,модифицирана” (не генетски) или променета.

Конвенционалата храна е природна, односно храна која не е или е многу малку процесирана. Во неа се задржани нејзините најважни функционални хранливи материи, како витамини, минерали, антиоксиданти, здрави масти и слично.

На пример: овошје, зеленчук, семиња, јатки, мешунки, риба, ферментирана храна, различни зачини, пијалаци како кафе, зелен чај и слично.

Кај ,,променатата” функционална храна станува збор за продукти што се збогатени со одредени компоненти, со цел подигнување на нивната нутритивна, но и вредност во однос на здравјето – витамини, минерали, пробиотици, растителни влакна и слично.

На пример: збогатени сокови, збогатени млечни производи, како млеко или јогурт, збогатени растителни млека, збогатени житарки за доручек, паста, леб, гранола плочки, јајца и слично.

Потенцијални корисни ефекти од функционалната храна

Главните здравствени бенефити од функционалната храна се движат во 3 насоки:

  1. Превенција на недостатоци од хранливи материи

Функционалната храна вообичаено е многу богата со неколку или голем број на хранливи материи – витамини, минерали, здрави масти, растителни влакна.

Хранејќи се здраво и балансирано, успешно ќе можеме да превенираме недостатоци од било кои нутриенти. Во оваа насока, не би ни биле потребни никакви ,,збогатени” прехранбени продукти.

Сепак, имајќи предвид дека начинот на исхрана не може целосно да се стандардизира, а имајќи ја предвид и социјалната нееднаквост, но и брзиот начин на живот, збогатените функционални продукти и тоа како се од корист. Впрочем, истражувањата покажуваат дека токму ваквите продукти во последните децении значително ја намалиле зачестеноста на различните нутритивни дефицити (недостатоци) во светски рамки.

Како добар пример може да го земеме збогатувањето на пченичното брашно во Јапонија со железо, што речиси ја преполови анемијата помеѓу децата во оваа земја. Ваквата практика е од огромно значење за посиромашните и земјите во развој.

  1. Заштита/превенција од одредени заболувања

Различните функционални продукти се богати со различни ,,функционални” компоненти. Ќе наведеме само 2 како пример:

  • Омега 3 масни киселини здрави маснотии што ја намалуваат инфламацијата, го подобруваат кардиоваскуларното здравје и функцијата на мозокот. Многу повеќе за нив, прочитајте тука.
  • Растителни влакна – фиберот поттикнува подобра контрола на шеќерните нивоа во крвта, нè заштитува од дијабет, гојазност, срцеви заболувања, па и мозочен удар. Растителните влакна исто така можат да превенираат и третираат дигестивни проблеми, влучително чиреви, хемороиди, киселини, запек, дијареа итн.

[Поврзано: ФИБРОГЕЛ – природни растителни влакна]

  1. Обезбедување на правилен раст и развој

Одредени хранливи материи се клучни за правилен раст и развој на најмалите.

На пример, одредена храна за бебиња, доилки и бремени жени е збогатена со фолна киселина. Ниските нивоа на овој витамин (Б9) се поврзуваат со бројни нарушувања на нервниот систем кај најмалите. Други клучни нутриенти во развојот на децата се омега 3 масните киселини, железото, цинкот, калциумот и витаминот Б12.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор