fbpx

Како НЕЗАСИТЕНИТЕ МАСТИ помагаат при ПОКАЧЕН ХОЛЕСТЕРОЛ?

tonus

Мастите се можеби едни од најозогласените макронутриенти. Тие генерално се сметаат за нутриент кој е нездрав, штетен и кој дебелее. Како и во многу други претходни статии, повторно ќе зборуваме дека ова е само мит и дека нашето тело апсолутно е зависно од внесот на здрави масти. Денес, ќе се задржиме на најздравиот вид масти – незаситените масти и ќе погледнеме зошто истите особено се препорачуваат кај лицата со покачен холестерол.

 

За што се корисни незаситените масти?

Како што веќе споменавме, дел од незаситените масти се есенцијални, односно неопходен е нивен внес преку исхраната. Тие се поврзуваат со бројни здравствени придобивки како:

  • намален ризик од кардиоваскуларни заболувања
  • намален холестерол
  • подобрена инсулинска сензитивност
  • имаат анти-воспалително дејство
  • ги регулираат нивоата на триглицериди во крвта
  • помагаат при одржување на телесната тежина
  • помагаат за нормална и здрава функција на мозокот и сл.

Во групата на незаситени масти спаѓаат мононезаситените (омега-9) и полинезаситените (омега-6 и омега-3 масни киселини) и тие се наоѓаат во различни намирници.

"“Online”/
  • За добар извор на мононезаситени масти се сметаат: маслиновото масло, маслинките, семките од тиква, јатките, јајцата, сончогледот и сл.
  • За добар извор на омега-3 се сметаат: масните типови на риба (лосос, сардини, пастрмка, харинга), чиа семе, орев, ленено семе и др.
  • Добри извори на омега-6 масните киселини се: сончогледовото масло, маслото и семето од сусам, семето од афион, лененото семе, бадемите, индиските ореви и др.

 

Како незаситените масти помагаат кај лицата со покачен холестерол?

Незаситените масти играат клучна улога во модулирање на нивото на холестерол и промовирање на кардиоваскуларното здравје. За разлика од заситенитe масти, кои можат да го зголемат нивото на холестеролот, а особено на „лошиот“ LDL холестерол, незаситените масти се асоцираат со позитивно влијание на липидниот профил. Овој тип масти помагаат во намалување на LDL холестеролот, а истовремено го зголемуваат HDL холестерол, со што се подобрува севкупниот сооднос LDL кон HDL, што е важен индикатор за кардиоваскуларниот ризик. Мононезаситените масти, кои се наоѓаат во изобилство во храната како што е маслиновото масло, авокадото и јаткастите плодови, се покажало дека го намалуваат LDL холестеролот без да го загрозат нивото на HDL холестеролот. Слично на тоа, полинезаситените масти, вклучително и омега-3 и омега-6 масните киселини кои се наоѓаат во риба, лененото семе и оревите, покажале моќни својства за намалување на холестеролот, но и на триглицеридите. Дополнително, незаситените масти поседуваат антиинфламаторни својства, што дополнително придонесува за нивните кардиоваскуларни придобивки. Со внес на повеќе незаситени масти во исхраната, а со намалување на внесот на заситени и транс масти, се постигнува одличен начин да се воспостави подобар липиден баланс и да се зачува и зајакне кардиоваскуларното здравје. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор