fbpx

Зачудувачки својства на белиот ОЦЕТ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Алкохолниот оцет е прехранбен продукт кој е присутен во речиси секое домаќинство. Но, веќе од поодамна се познати и неговите својства во одржувањето на хигиенaта во домот.

Повеќе истражувања покажуваат интересни својства на оваа намирница. Може да делува позитивно на нивоата на шеќер и холестерол во крвта, односно да ги намали, да ја балансира pH вредноста во организмот, да делува позитивно на кожните инфекции, па и при намалувањето на телесната тежина.

Што е ,,белиот” или алкохолен оцет?

Алкохолниот оцет е составен од вода, во поголемиот дел и 5-10% оцетна киселина. Од што е направен? Историски, дестилираниот бел оцет се добивал од ферментирана шеќерна храна како цвекло, компир или меласа. Но, постојат и многу други методи на негово добивање. На пример денес, поголемиот дел од присутниот алкохолен оцет е направен од ферментирани житарки. Белиот вински оцет се прави од белото вино, додека оризовиот оцет се добива од ферментиран ориз. Во процесот на подготовка можат да се додадат и други состојки како екстракти од квасец или фосфати.

"“Online”/

Хранлива вредност

Алкохолниот оцет има многу ниска калориска вредност, поради отсуството на поголемиот дел на макронутриенти (нема протеини и маснотии, а има малку јаглехидрати). Но, сепак содржи одредени количества на микронутриенти како што се манган, селен, калциум, магнезиум и фосфор, а понекогаш може да содржи и бакар, калиум и натриум. Сите овие имаат специфични функции во нашиот организам.

Една чаша од ваков оцет содржи:
– 43Kcal
– 0,1g јаглехидрати
– 0g протеини и маснотии
– 0,1mg манган
– 1,2mcg селен
– 14,3mg калциум
– 2,4mg магнезиум
– 9,5mg фосфор

Корисни дејства на алкохолниот оцет

Fibro Gel

1) Намалување на нивото на шеќер во крвта

Едно од најпозитивните својства на оцетот кое се споменува во повеќе студии е неговата способност за намалување на шеќерот во крв и намаленото лачење на инсулинот, по оброците.

Оцетната киселина покажала својства на одржување на подолгото чувство на полн стомак и позитивен ефект на неколку ензими кои се вклучени во метаболизмот, односно во намалувањето на апсорпцијата на шеќерите.

2) Намалување на нивото на холестерол во крвта

Холестеролот е масна, поточна кажано липопротеинска молекула која има своја улога во организмот. Сепак, добро познато е дека поголемите количества од неа во крвта можат да ни направат штета. Иако повеќето истражувања се базираат на модели кај животните, повеќето од нив укажуваат на силното својство на белиот оцет да го намали нивото на вкупен холестерол, со што може да придонесе за вкупното кардиоваскуларно здравје.

3) Помош при слабеење

Некои студии покажуваат дека оцетната киселина, главната компонента на алкохолниот оцет, може да биде доста корисна во процесот на слабеење преку намалувањето на чувството на глад и апетит.

Една студија објавена во European Journal of Clinical Nutrition покажува дека оцетот може да го продолжи чувството на полн стомак и ситност. Слично на оваа студија, едно истражување спроведено на лабораториски глувци хранети со генерално масна храна, покажало дека оцетната киселина ефективно го намалува вкупниот внес на храна во телото.

4) Поттикнува pH рамнотежа и позитивно влијае на здравјето на кожата

Некои истражувања укажуваат на позитивното дејство на оцетот во борбата со инфекциите на кожата. Многу е важно секогаш пред нанесувањето на кожата, оцетот да се раствори во вода, за да се избегнат иритации и ,,горење” на кожата. За ваквата употреба потребни се консултации со вашиот лекар.

5) Ги убива бактериите

Поради неговата кисела pH и антимикробни својства, оцетот често се користи како средство за дезинфекција и чистење. Ваквото негово својство се користело и низ историјата. Значајно е дека повеќето површини кои не можат да се чистат со посилните неогрански киселини, можат да се чистат со оваа органска киселина, а ефектот да биде сличен. Алкохолниот оцет може да се користи за чистење на подовите, прозорците, стаклата, сите кујнски елементи итн. Важно е пред употребата, оцетот да се раствори во одредено количество на вода.

Исто така може да се користи и за отстранување и превенција од мувлите. Најдобро е за оваа намена да се користи во вид на спреј.

Дополнително на ова, забележано е позитивно дејство на оцетот при полесното заздравување на раните, но и во третманот на фунгалните инфекции на ноктите, кожата и ушни инфекции итн. Сите овие дејства се должат исто така на антимикробните својства.

Негативни ефекти на оцетот

Покрај сите овие позитивни ефекти, постојат секако и некои негативни. Киселоста на оцетот може да предизвика киселински рефлукс и жиговина кај некои луѓе. Користењето на нерастворен оцет може да предизвика иритации на кожата, но и на грлото и желудникот.

Fibro Gel

Киселоста на белиот оцет може да предизвика и еродирање на енамелот на забите со текот на времето многу повеќе од другите типови на оцет. Исто така, оцетот може да има интеракција со одредени медикаменти, како што се оние за висок крвен притисок или за регулирање на нивоата на калиум. Затоа, ако сте во оваа група луѓе, пред да почнете редовно да употребувате алкохолен оцет, консултирајте се со вашиот лекар.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X