fbpx

Видливите и невидливите придобивки од вежбањето

tonus

Помалку или повеќе, сите сме запознаени со главните бенефити од редовната физичка активност: намален ризик од бројни заболувања, преку поуспешното контролирање на телесната тежина (кардиоваскуларни заболувања, дијабет, метаболен синдром итн.), потоа подобро ментално здравје, подобро расположение, повеќе самодоверба и многу други корисни ефекти.

Резултатите од редовното применување на различните физички активности – намалена телесна тежина, затегнато тело, зголемена мускулна маса, помалку целулит – логично, делуваат силно на подобрување на самодовербата и градењето на позитивна слика за сопственото тело.

Но, едно истражување дава навистина интересни резултати, кои веројатно ќе ве изненадат. Имено, истражувачите од Универзитетот Флорида, САД, утврдиле дека самиот акт на вежбање, односно редовното практикување било каква физичка активност, ја подобрува сликата за сопственото тело, дури и доколку посакуваните резултати (слабеење, поголема мускулна маса итн.) не се толку евидентни или видливи.

"“Online”/

Ова би значело дека дури и кога сте далеку од целта, а редовно вежбате, повеќе ќе го сакате и почитувате своето тело.

Вежбајте и за да се чувствувате пријатно во својата кожа

Според д-р Хедер Хаусенблас, спортски психолог од Универзитетот во Флорида и авторка на споменатата мета-анализа, луѓето кои во голема мера не ги остваруваат своите главни цели преку вежбањето, како губењето килограми, зголемувањето на мускулната маса или подобрувањето на параметрите за срцево здравје, се чувствуаат исто така добро во врска со своето тело, како и оние кои остваруваат значаен дел од наведените цели.

Логично е да се смета дека слабеењето и другите видливи, физички бенефити од физичката активност, многу повеќе придонесуваат во однос на самодовербата и сликата за сопственото тело од самиот акт на вежбање, но податоците од оваа студија велат нешто друго. Всушност се работи за мета-анализа, односно студија која сумира податоци за врската помеѓу вежбањето и сликата за сопственото тело од дури 57 претходно спроведени истражувања.

Незадоволството од сопственото тело е пандемиска појава

Агресивното промовирање на идеалот за убавото тело, особено во последните 20-30 години, од страна на доминантните медиумски наративи, но и културолошкиот фактор, допринесуваат огромен дел од луѓето да се чувствуваат непријатно во своето тело. Ова важи и за мажите и за жените, од било која возраст.

Заради овие причини се јавуваат и проблемите со посегнувањето по различни диети, влегувањето во магичниот круг на нивниот јо-јо ефект, па дури и пушењето, земањето на стероиди, зголемениот интерес за естетски хируршки зафати итн. Се трошат милиони и милиони за различни ,,магични” препарати за слабеење и обликување на телото.

Што можеме да заклучиме?


Студијата од Универзитетот Флорида ни покажува дека физичката активност се наметнува како решение за пандемскиот проблем со сликата за сопственото тело, од уште еден аспект.

Дури и минималното (30 минути, 5 пати неделно), но редовно практикување на било која умерена физичка активност, има потенцијал да ни овозможи подобро чувство во сопствната кожа.

Покрај тоа што самиот акт на вежбање ја подобрува сликата за сопственото тело, истражувачите утврдуваат и дека луѓето кои имаат најнегативно мислење за своето тело, вежбаат најмалку. Тоа значи дека ефектот кај нив би можел да биде и најзабележлив!Очигледно психолошкиот и физичкиот бенефит од вежбањето не мораат секогаш да одат заедно.

Физичкото здравје е важно, но исто така од исклучителна важност е и тоа како се чувствуваме во сопственото тело. Така, резултатите од ова истражување треба да дадат охрабрување и мотив плус да продолжите со редовното вежбање, дури и ако физичките бенефити или резултати се спори или сосема не ги забележувате.

Долгорочното, конзистентно вежбање секако ќе ги донесе резлутатите и во физичка смисла. Некогаш е можеби потребно нешто подолг период.

Во некои од нашите претходни статии, прочитајте повеќе корисни совети околу тоа како да започнете со вежбањето. Линкови од статиите поврзани со денешната тема се поставени статиите се поставени подолу.

Извор:

Effects of Exercise Interventions on Body Image: A Meta-analysis by Anna Campbell, Heather A. Hausenblas

Поврзани статии и видеа:

Што се всушност калориите и колку дневно треба да се внесат за да слабеете?
Што треба да знаете за вежбите со тежина?
Придобивки од физичката активност
Физичка активност и срцеви заболувања
Физичка активност и зголемено ниво на шеќер во крвта
Кој начин на пешачење најбрзо ги согорува мастите?
5 изненадувачки придобивки од пешачењето!
Зошто физичката активност е најмоќниот антиоксиданс?
10 совети како да слабеете преку пешачењето

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор