fbpx

Како треба да живеете ПОСЛЕ преживеан срцев удар?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Срцевиот удар е живото-загрозувачка состојба при која крвта што оди кон срцето одеднаш запира, поради блокираната коронарна артерија. На тој начин срцевиот мускул останува без неопходните нутриенти и доаѓа до оштетувања на околните ткива.

Најголемиот дел од луѓето го преживуваат првиот срцев удар и продолжуваат да живеат исполнет и продуктивен живот. Многу често се поставуваат прашањата: Што треба да се прави по срцевиот удар, каков треба да е начинот на живот? Што треба да промениме за да функционираме нормално, како и пред ударот? Колку време ќе биде потребно за сето ова?

Во продолжение, нешто повеќе околу ова.

"“Online”/

Терапиите се важни

Вообичаено, по срцевиот удар пациентите поминуваат околу 2 недели во болнички услови, а периодот може да биде и пократок, доколку се работи за условно кажано ,,помал” удар. Сепак, ако има некакви компликации, или некаков оперативен зафат (бајпас), болничкиот престој може значително да се оддолговлечи (и до повеќе недели, па и месеци).

Првото што пациентите ќе го забележат се новите медикаменти кои треба да ги примаат, или пак зголемување на дозите и бројот на лековите кои до тогаш ги примале. Сето ова е со цел ситуацијата да се оддржува под контрола, односно да се третираат симптомите и директните причини кои довеле до срцев удар.

Болниците обично нудат специјални програми за поддршка за ваквите пациенти и им помагаат побрзо да се подобрат параметрите за срцевото здравје, им нудат специјално дизајнирани вежби, како физички така и за менталното здравје, потоа едукација како максимално да се намали ризикот од понатамошни слични кардиоваскуларни проблеми, итн.

Fibro Gel

Многу е важно да зборувате со лекарот во однос на терапиите, да знаете за што се работи, зошто ви требаат токму тие лекови, добро да знаете кога, колку и како да ги консумирате, но да ги знаете и можните негативни ефекти.

Немојте да ги игнорирате емоциите

По срцевиот удар нормално е да чувствувате страв, депресија, анксиозност и да имате т.н. ,,негаторски” став и пристап.

Искуствата покажуваат дека тие можат да траат со месеци и да имаат влијание на:

◦ мотивацијата за физичка активност и било каква друга активност
◦ состојбата во семејството
◦ состојбата на работното место
◦ целокупниот процес на опоравување.

Зборувајте за овие работи со вашите блиски, со лекарот или најдобро со професионалец од областа, во однос на начините за справување со овие негативни емоции.

Што ќе морате да промените после срцевиот удар?

Терапијата ќе ви помогне да заздравите и да ги оддржувате во нормала параметрите за здравје на срцето, но таа ги третира само последиците – причините лежат главно во она што се подразбира под животни навики или начин на живеење. Затоа, ќе морате да ги промените лошите навики или да го минимизирате нивното негативно дејство. Во продолжение, неколку од најзначајните промени кои ќе морате да ги направите.

Кардиоваскуларните заболувања се високо превенталиблни!

Според истражувањето од 2014 година на Американскиот центар за контрола и превенција на заболувања (CDC), дури до 40% од смртните случаи предизвикани од најчестите причинители (пред сè, кардиоваскуларните, малигните и инфективните), можеле да бидат превенирани или спречени, а кога станува збор одделно за кардиоваскуларните болести, вклучително срцев и мозочен удар, тој процент е неверојатно висок – ДУРИ 80%!

Така, истражувањата се едногласни, превенцијата од кардиоваскуларните заболувања треба да биде приоритет и таа се обезбедува со промена на лошите животните навики, воглавно:

• Исхраната
• Физичката активност
• Стресот
• Пушењето и
• Претераната консумација на алкохол

Споменатите животни навики имаат клучно влијание врз главните ризик-фактори за срцеви заболувања, а тоа се:

◦ високиот крвен притисок
◦ липидниот статус или нивоата на триглицериди и холестерол во крвта
◦ нивото на шеќер во крвта
◦ метаболен синдром
◦ гојазност

1) Немојте да пушите


Ако сте биле пушач, ова е вистинскиот момент комплетно да се откажете од цигарите.

Пушењето
е главниот предизвикувач на кардиоваскуларните заболувања, односно предизвикува околу 25% од нив. Дури и луѓето кои пушат помалку од 5 цигари дневно покажуваат одредени знаци на рана фаза од некое кардиоваскуларно заболување.

Со зголемениот број на испушени цигари и временскиот интервал во кој се пуши, расте и ризикот од срцеви заболувања. Треба да се знае и дека пушењето на цигари со намалени нивоа на катран и никотин не го намалува ризикот од овие заболувања.

Хемикалиите кои се испуштаат при пушењето предизвикуваат воспаленија и отоци на клетките од ѕидовите на крвните садови. Ова може да предизвика намалување на обемот, односно стеснување на крвните садови, што може да води кон повеќе срцеви заболувања како:

• Атеросклероза состојба при која артериите се стеснуваат и стануваат помалку флексибилни, а се случува при таложење на наслаги од мастноии, холестерол или дргуи супстанции во крвните садови. Како што наслагите се зголемуваат, така се зголемува веројатноста од запирање на протокот на крвта. Пушењето го зголемува формирањето на ваквите наслаги.

Коронарно срцево заболување состојба при која артериите кои носат крв до срцето се стеснуваат од формираните наслаги или од крвните згрутчувања. Хемикалиите од цигарите предизвикуваат крвта да биде погуста и на тој начин полесно се формираат и згрутчувањата кои ги блокираат артериите.

Срцев и мозочен удар – попречување на дотокот на крвта до срцето или мозокот, што е предизвикано од претходно споменатите блокирања на артериите.

Периферална артериска болест – попречување на дотокот на крв(кислород и хранливи материи) до рацете и нозете. Пушењето претставува најчестата превентабилна причина за ваквите заболувања.

За среќа, пушењето е прогласено за најпревентабилна лоша навика, што значи дека во голема мера работите зависат од самите индивидуи.

Пред да се разочарате, бидејќи во повеќе обиди не сте успеале да ги оставите цигарите, треба да знаете дека во светот, моментално има десетици, ако не и стотици милиони луѓе кои го оставиле пушењето зад себе, па помеѓу нив и луѓе кои повеќе пушат од вас, а веројатно и некои што повеќе се измачувале да ги остават. Секој обид е важен и не е залуден!

Другата добра вест – НИКОГАШ НЕ Е ДОЦНА. Без разлика колку долго и колку многу пушите, никогаш не е доцна да ги оставите цигарите. Само 20 минути по прекинувањето, зголемениот пулс и крвниот притисок паѓаат. По само 12 часа, јаглеродниот моноксид во крвта доаѓа на нормални нивоа. За 2-12 недели, циркулацијата се подобрува и функцијата на белите дробови значително појачува. По 1-9 месеци, кашлањето и недостатокот од здив при активности значително опаѓаат.

2) Внимавајте на крвниот притисок и липидниот профил (мастите во крвта)

Повишениот крвен притисок не е нормална појава во било кој период од животот, на било која возраст, а особено после искуството со срцев удар. Тој е сигнал дека нешто не е во ред.

Поврзан е со повеќе патолошки состојби на директен или индиректен начин. Дијабетот, бубрежните заболувања, срцеви заболувања, артеросклероза се само мал дел од причините за појавата на висок крвен притисок.

Што точно значи тоа здрав, нормален крвен притисок? Кога го мериме крвниот притисок, добиваме две вредности (плус онаа за пулсот). ,,Горниот” или систоличкиот и ,,долниот” или диастоличкиот. На пример, 120/80.

Горниот број го претставува количеството притисок во артериите во текот на една контракција на срцевиот мускул, а долниот го претставува крвниот притисок за време на паузата помеѓу контракциите на срцето.

И двата броја се многу значајни во определувањето на состојбата, односно здравјето на срцето. Броевите поголеми од 120 за горниот и 80 за долниот означуваат дека срцето работи со поголем напор од нормалниот во целта да ја испумпа крвта низ целото тело.

Овој статус ни ги покажува нивоата на мастите (липидите или триглицеридите) и холестеролот во крвта. Важно е да правиме разлика помеѓу овие два поими.

Липидниот профил ќе го оддржиме нормален доколку сме доволно физички активни и се храниме здраво – исхрана без трансмасти, минимален внес на заситени масти (главно од животинската храна), исхрана богата со здрави маснотии, омега 3 масни киселини, моно и полинезаситени масни киселини. Потоа, начин на исхрана кој е богат со растителни влакна и низа корисни антиоксиданти.

3) Внимателно контролирајте ги дијабетот и гојазноста


Дијабетот и гојазноста се силни ризик-фактори за кардиоваскуларни болести, а најдобро се контролираат преку она што значи здрав начин на исхрана и редовната физичка активност.

Во денешно време, огромен дел од луѓето консумираат повеќе храна од што им е навистина потребно, но сепак не ги задоволуваат нутритивните или хранливите потреби на телото. Затоа, треба да се јаде повеќе свежа храна во најразлични бои, секоја боја крие различно богатство од хранливи материи, потоа полнозрнаста храна, јаткасти плодови, мешунки, семиња, риба итн.

Ова е храна со многу низок процент на заситени маснотии и без трансмасти, со добар процент на здрави моно и полинезаситени маснотии кои ни се неопходни, храна богата со растителни влакна кои можат да делуваат на намалување на холестеролот и е богата со сите потребни минерали и витамини. Медитеранскиот начин на исхрана ги следи токму овие приниципи.

Повеќе околу контролирањето на дијабетот и здравото слабеење, прочитајте во нашите претходни статии:

5 ризични навики при покачен шеќер во крвта

Што секој од нас би требало да знае за ДИЈАБЕТЕС

10 совети како да СЛАБЕЕТЕ преку ПЕШАЧЕЊЕ

Важни принципи на слабеењето – Што треба, а што не треба да правите?

4) Најдете начини за контролирање на стресот


Околу влијанието на стресот врз срцевото здравје се потребни повеќе истражувања, но јасно е дека тој може да влијае значително на некои од клучните фактори кои водат до срцеви заболувања, како висок крвен притисок, холестерол, пушење, намалена физичка активност и често прејадување што води кон гојазност. Дополнително, познат е синдромот на скршено срце, состојба при која заради длабока тага или екстремно стресна ситуација.

Справувајќи се со постојаниот стрес, многумина прибегнуваат кон пушење, алкохол и  нездрава храна, кои се јасни предизивкувачи на кардиоваскуларните болести.

Затоа, многу е значајно да се најдат начини за здраво менаџирање или контролирање на стресот. Успешното справување со стресните ситуации и хроничниот стрес е добра идеја и за општото здравје, а во последно време сé поголем број на студии го испитуваат конкретниот ефект на стресот врз кардиоваскуларното здравје.

 

5) Заборавете на алкохолот

 

Алкохолот, особено претерувањето со него, може да ги влоши срцевите заболувања и да го зголеми ризикот од нивно јавување. Тој може да:

◦ го зголеми крвниот притисок

◦ да ја зголеми веројатноста од срцев и мозочен удар

◦ да предизвика оштетувања на срцевиот мускул

Доколку моментално не пиете алкохол, експертите советуваат да не почнувате, но доколку сте љубител, добро е количните да ги сведете на минимум или да продолжите со умерената употреба, бидејќи алкохлот може да делува и на намалување на холестеролот во крвта.

Препораките се: не повеќе од два пијалока дневно за мажите и еден за жените.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X