fbpx

Дали РАНОБУДНИЦИТЕ се поздрави од „НОЌНИТЕ ПТИЦИ“?

tonus

Ранобудник или „ноќна птица“ – најверојатно припаѓате во една од овие две категории кога станува збор за навиките на спиење. Некои луѓе едноставно имаат повеќе енергија во вечерните часови и заспиваат подоцна, а некои преферираат денот да го започнат и завршат порано. Но, што ги диктира ваквите навики и преференци и дали истите може да влијаат на нашето здравје? Науката вели да и токму за ова ќе зборуваме во продолжение.

 

Зошто е важна т.н „хигиена на спиење“?                     

Спиењето претставува незаменлива и неопходна потреба на организмот со која истиот се обновува, одмара и репарира. Сонот е клучен за секое ткиво и клетка, за одржување на нормалната функција на метаболизмот, имуниот систем, растот, развојот итн. Без доволно сон, првенствено страда нашиот мозок, со што се намалуваат неговите нормални способности и функционирање. Општите препораки за возрасната популација велат 7-9 часа сон секоја ноќ. Ваквите потреби се различни за помладата популација, каде некогаш се потребни и над 10 часа сон.

Секако, ваквата потреба за сон не секогаш соодвестува со секојдневниот распоред и обврски, па често луѓето спијат помалку од препорачаното. Тоа доведува до нарушени когнитивни функции, како и промени во нивото на енергија, расположение, нарушен имунитет и сл. Дополнително загрижувачки е што луѓето градат еден вид на толеранција кон хроничниот недостаток од сон, па така тие често се залажани дека на тој начин можат да живеат без никаков проблем и последици. Недостатокот од сон науката го поврзува со зголемен ризик за повеќе различни здравствени состојби: покачена телесна тежина, тип 2 дијабет, хипертензија, срцеви заболувања, нарушено ментално здравје, зголемени нивоа на стрес хормони и сл.

"“Online”/

 

Што одредува дали ќе сме ранобудник или „ноќна птица“?

Се смета дека овие преференци и навики се збир на повеќе различни фактори: генетика, фактори од средината, биолошки фактори итн. Истражувањата покажале дека генетиката има силно влијание врз т.н „хронотип“ – преференца на нашиот циркаден ритам и неговото контролирање на циклусот на спиење. Дури се откриени конкретни гени заслужни за ваквите навики. Покрај генетиката и начинот на фукнционирање на нашиот циркаден ритам – изложеноста на светлина, возраста, влијанија од средината се сметаат за други фактори кои влијаат на навиките за спиење.

 

Дали нашите навики за спиење влијаат на нашето здравје? Дали ранобудниците се поздрави од ноќните птици?

Иако можеби ваквите навики делуваат безопасно, науката покажува дека сепак тие имаат влијание на нашето здравје. Едно неодамнешно истражување покажало дека лицата кои покасно заспиваат и покасно се будат се во поголем ризик од дијабет тип 2 и треба повеќе да внимаваат на начинот на живот. Ова важи и за лицата со неконстанти, променливи шаблони на спиење.

За целта на истражувањето биле анализирани податоци од над 63.000 жени во периодот од 2009 до 2017 година. Тие самите ги пријавувале своите навики за спиење, начинот на исхрана, телесната тежина, употребата на алкохол и цигари, степенот на физичка активност, фамилијарна историја на дијабет и сл. Според резултатите, околу 11% од жените биле „ноќни птици“, односно подоцна заспивале и се буделе. Околу 35% пријавиле дека рано се будат, а преостанатиот дел пријавил дека е нешто измеѓу.

Резултатите покажале дека оние испитанички кои се класифицирале како ноќни птици, имале за 19% поголем ризик од појава на дијабет, земајќи ги предвид и останатите навики и начин на живот. Од оние жени кои имале најздрав начин на живот, само 6% биле од групата кои доцна заспиваат. За разлика од тоа, од испитаничките со најнездрав начин на живот, 25% биле т.н „ноќни птици“.

 

Овие резултати ја нагласуваат важноста од стабилен, редовен и квалитетен сон. Исто така, легнувањето и заспивањето порано може да се одрази позитивно на здравјето, директно, но и индиректно. Преку заспивање и будење покасно, ние може целосно да го „изместиме“ или нарушиме циркадниот ритам, па така и навиките за исхрана и физичка активност да бидат нарушени. Покрај тоа, хормоните, нивото на енергија и менталното се здравје се исто така силно поврзани со навиките за спиење.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор