fbpx

Одржување на здраво ниво на ШЕЌЕР во крвта го зачувува и здравјето на ПАНКРЕАСОТ!

tonus

Во оваа денешна статија ќе зборуваме за здравјето на панкреасот, поконкретно за тоа како правилното контролирање на шеќерот во крвта ќе се одрази позитивно и врз здравјето на оваа жлезда.

 

Што се случува во телото по внесување на храна богата со шеќер?

Уште на самиот почеток треба да се напомене дека под изразот шеќер подразбираме бел, рафиниран шеќер – сахароза. Иако изразот шеќери погрешно се асоцира и со некои останати соединенија, пр. скробот, тоа се всушност сложени јаглехидрати и во телото имаат различен ефект од оној на белиот шеќер. Просто кажано, сите шеќери се јаглехидрати, но јаглехидратите не се шеќери.

Сахарозата претставува шеќер, дисахарид, изграден од моносахаридите глукоза и фруктоза. На нашето тело му е потребна глукозата како извор на енергија, па така таа е корисна и неопходна за нас. Јаглехидратите и шеќерите внесени во телото се доведуваат до молекули на глукоза и таа потоа со помош на хормонот инсулин, навлегува во нашите клетки. Доколку е внесено умерено количество на шеќери, здрав организам може да произведе доволно инсулин и на тој начин да се транспортира шеќерот до клетките. Но, консумирањето на голема количина шеќери (особено доколку се прости шеќери како сахарозата) доведува до нагло и големо количество на создаден инсулин. Ова со текот на времето може да доведе до проблеми во количината која се создава и ефикасноста на овој хормон.

"“Online”/

Колку е повеќе инсулин испуштено во крвта, толку побрзо нивото на шеќер во крвта се стабилизира и ние всушност сме повторно гладни. Со внесот на нов оброк богат со шеќер, ваквиот циклус се повторува.

 

Поврзаноста меѓу шеќерите, прекумерната тежина и дијабетот

Храната која е богата со шеќери или пак има додадени шеќери е најчесто и високо калорична. Со прекумерното и редовно внесување на ваква храна се доведуваме во ризик од имање на прекумерна тежина. Храната богата со шеќери предизвикува брзо создавање на инсулин во телото, а тоа значи и брза и голема доза на енергија за нас. Доколку таа енергија во моментот не ни е потребна, тоа може да доведе до дебелеење, а прекумерната тежина е ризик фактор за појавата на дијабет тип 2.

Инсулинската сензитивност ја одредува ефикасноста со која глукозата се отстранува од крвта, се внесува во клетките и таму се искористува. Со намалувањето на ваквата сензитивност, шеќерот во крвта може да остане хронично покачен, состојба која доведува до појава на дијабет тип 2.

Редовното внесување големи количини на шеќер директно влијае врз нашата тежина, врз нивоата и ефикасноста на создадениот инсулин, а сето тоа заедно влијае врз ризикот од појавата на дијабет тип 2.

 

Преку контролирање на шеќерот во крвта ние го чуваме и здравјето на панкреасот

Одржувањето на оптималните нивоа на глукоза во крвта е од особена важност за зачувување и подобрување на здравјето на панкреасот. Панкреасот игра централна улога во хомеостазата на глукозата преку лачењето на инсулин и глукагон, хормони кои го регулираат нивото на шеќер во крвта. Кога нивото на глукоза во крвта е постојано покачено, како кај пациенти со неконтролиран дијабетес, панкреасните бета клетки одговорни за производство на инсулин се подложени на стрес и дисфункција, што доведува до прогресивно влошување на функцијата на панкреасот. Спротивно на тоа, продолжените периоди на хипогликемија (низок шеќер) може да го оптоваруваат панкреасот преку прекумерно стимулирање на секрецијата на инсулин, потенцијално предизвикувајќи исцрпеност на бета клетките и нарушувајќи ја реакцијата на инсулин. Хроничната хипергликемија, исто така, придонесува за воспаление на панкреасот и оксидативен стрес, забрзувајќи и влошувајќи го оштетувањето на клетките, што доведува до развој на болести на панкреасот, како што се панкреатитисот, па дури и карцином. Правилното управување со нивото на глукоза во крвта преку модификации на исхраната, физичка активност, придржување кон терапијата и суплементи, како и редовно следење е она што е од суштинско значење за зачувување на здравјето на панкреасот, минимизирање на ризикот од компликации и подобрување на целокупната метаболичка функција на организмот. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор