fbpx

Можат ли СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ да предизвикаат СТРЕС и да ја нарушат нашата БЛАГОСТОЈБА?

tonus

Поголемиот дел од денот, речиси секој од нас е опкружен со некаков тип на електронски уред – телефон, компјутер, телевизор и сл. Секако, голем дел од и од работните места имаат потреба од некаков вид на уред, но исто така, сè повеќе ги користиме и во нашето слободно време. Науката постојано го истражува нивното влијание врз нашето ментално здравје, когнитивни функции и расположение. Денес, ќе зборуваме за влијанието на интернетот и употребата на телефони врз нивото на стрес и менталната благосостојба.

 

Зошто се јавува стресот?

Стресот се смета за нормална човечка реакција кон штетни и потенцијално опасни ситуации – без разлика дали се тие реални и навистина опасни или нашата перцепција за нив е едноставно таква. Изложувањето на ваква ситуација предизвикува бројни хемиски реакции во телото кои го подготвуваат истото да се бори или да ја избегне опасноста. Ваквата реакција е позната како „fight or flight“ или „бори се или побегни“. Тоа е автоматска човечка реацкија и била клучна за нашите предци и за нивниот опстанок. Стресот го зголемува пулсот, го забрзува дишењето, ги затега мускулите и го зголемува крвниот притисок. Телото на овој начин е подготвено да делува, односно да се одбрани. 

Проблемот е што денес, ситуациите најчесто не се животно загрижувачки, односно изворот на стрес е често од безопасни извори. Сепак, перцепцијата за стресни ситуации е различна и индивидуална за секого. Нешто што е стресно за еден човек, може воопшто да не е за некој друг. Некои луѓе едноставно подобро се справуваат и функционираат со стресот. 

"“Online”/

Понекогаш стресот во умерени дози може да делува и позитивно. Тој може да ни помогне да завршиме некоја важна задача со зголемена концентрација, фокусираност и прецизност. Но, долгорочниот – хроничен стрес има сосем поинакви ефекти врз телото.

 

Како влијае технологијата врз нивото на стрес и ментално здравје?

Истражувањата покажуваат дека прекумерната употреба на социјалните медиуми и паметните телефони може да има штетни ефекти врз нивото на стрес и целокупната благосостојба. Постојаната интеракција со разните платформи на социјалните медиуми често води до зголемени нивоа на стрес поради различни фактори како што се стравот од пропуштање (FOMO), социјална споредба и сајбер-булинг (онлајн насилство). Луѓето може да доживеат зголемена анксиозност и негативни емоции кога се изложени на посебно селектирани, модифицирани и речиси лажни слики од навидум совршените животи на другите, поттикнувајќи нереални очекувања и чувство на празнина и разочарување. Покрај тоа, постојаните нотификации од паметните телефони придонесуваат за редовно одвлекување на вниманието, нарушувајќи го фокусот и концентрацијата, што може дополнително да предизвика стрес, особено доколку е потребно да сме фокусирани на некоја задача или работа. 

Долготрајната изложеност на екрани пред спиење, исто така, го попречува квалитетот на сонот, влијаејќи на регулацијата на расположението и когнитивната функција. Дополнително, седечката природа на користењето на социјалните медиуми ја изоставува и елиминира физичката активност, која е од суштинско значење за намалување на стресот и одржување на добро расположение и ментално здравје. 

Понатаму, користењето на социјалните медиуми и паметните телефони може да доведе до компулсивно однесување, што резултира со занемарување на социјалните интеракции во реалниот живот и влошување и занемарување на меѓусебните човечки односи, дополнително придонесувајќи за чувството на осаменост и изолација. 

И покрај тоа што социјалните медиуми и паметните телефони нудат поврзување и споделување на информации, нивната прекумерна употреба може значително да го загрози менталното здравје и благосостојба, нагласувајќи ја важноста на умереност и внимателно користење во денешната дигитална ера.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор