fbpx

Зошто физичката активност не’ расположува и ни го подобрува менталното здравје?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Една позната изрека вели: Во здраво тело, здрав дух или здрав ум!

Во повеќе наврати се покажало дека народната мудрост или интуиција ретко кога целосно греши, па тоа е случај и со оваа поговорка!

На сите ни е добро познато колку е корисна физичката активност за нашето тело. Но, дали сте знаеле дека редовната активност може да делува изненадувачки позитивно и неа нашето расположение, да го подобри сонот, па дури во голема мера да помогне и во справувањето со стресот, анксиозноста и депресијата?

"“Online”/

 

Физичката активност не го подобрува само физичкото здравје!



Логично е во прв план да ни бидат физичките придобивки од редовното вежбање, како намалувањето на телесната тежина и сите бенефити од овој процес, зголемувањето на мускулната маса, засилувањето на координираноста, појачаниот имунитет, зголеменото либидо, па дури и продолжувањето на животниот век. Но сето ова е далеку од единствената причина која треба да нè мотивира и поттикнува да останеме активни.

 

[Поврзано: Остеопороза – колку е значајна физичката активност?]

Оние што се редовно активни, добро знаат дека вежбањето дава силно чувство на една целокупна добросостојба: поголема енергичност, подобар сон, релаксација, подобра самодоверба или слика за себеси и позитивна мисла во текот на целиот ден.

 

Дополнително на ова, истражувањата и искуствата покажуваат дека редовното вежбање помага и во превнцијата и ,,третманот” на најчестите проблеми со менталното здравје, како стресот, промеливото расположение, анксиозноста, депресијата, па дури и проблемите со меморијата.

 

[Поврзано: Видливите и невидливите придобивки од вежбањето!]

 

,,Количините” не се толку важни, важна е истрајноста!

 

За среќа, споменатите корисни ефекти можете да ги искусите без да бидете спортист или фанатичен рекреативец! Без разлика на нивото на вашата физичка подготвеност и поминатите километри, и со помалку интензивините, едноставни вежби можете да ги почувствувате бенефитите по менталното здравје. Сличното важи и во однос на физичките придобивки.

 

[Поврзано: Секој намален килограм е важен и се брои! Зошто?]

 

Не мора да се измачите за да ги видите резултатите! Доволни се и кратки, но редовни проштки.

Дополнително, постојат научни податоци кои велат дека дури и вежбањето само 2-3 денови неделно, може да биде ефикасно како и секојдневното, доколку на пример во тие денови пешачите колку што би пешачеле низ целата недела. Ова е значајно за луѓето кои се позафатени и не можат секојдневно да одвојуваат време за активност. Но и кај нив постои начин да бидат редовно активни – пешачење или возење велосипед до работното место, качување по скалите наместо одење со лифт – искористување на секоја прилика за раздвижување.

 

 

Вежбање како одличен, здрав начин за справување со насобраниот стрес!

Физичката активност е веројатно најдобриот начин за дистракција или избегнување (ослободување на простор) на непријатните ,,стресни циклуси” при кои мозокот е постојано ,,бомбардиран” со негативни мисли, што понатаму водат кон негативни заклучоци и така во круг.

Движењето ги релаксира мускулите, поттикнува излачување ендрофини, ја ослободува тензијата во која се наоѓа целото тело, или едноставно речено – му помага на телото, но и на умот да се чувствува подобро.

 

 

Моќен противник на депресијата!

Повеќе истражувања покажуваат дека вежбањето може да помогне во третирањето на умерените облици на депресија со иста ефикасност како и самите антидепресиви! Секако, сето тоа без потенцијалните несакани ефекти на медикаментите.

Како еден пример, една студија од Харвард Универзитетот, вели дека одењето 1 час или трчањето 15 минути дневно, го намалува ризикот од сериозни облици на депресија и до дури една третина.

Вежбањето ни е моќен сојузник во борбата со депресивните нарушувања поради неколку главни причини: намалување на инфламацијата во мозокот, зголемување на невронската мрежа, ослободување на ендрофини и невротрофини и подобро снабдување на мозокот со кислород.

Ендрофините се моќни компоненти (хормони) што предизвикуваат чувство на среќа и задоволство.

 

На крајот, како што веќе претходно нагласивме, редовната активност е најдобра дистракција од непријатните ,,напади” или ,,циклуси” на стрес – ризик-фактор за низа ментални нарушувања.

 

Редовната физичка активност исто така е многу корисна и за:

 

  • Справување со ADHD (синдром на невнимание и хиперактивност) и PTSD (пострауматско стресно растројство) – ја подобрува мотивацијата, концентрацијата, фокусот, го поттикнува лачењето на допамин, серотонин итн.
  • Подобра меморија и когнитивни способности – поттикнување на лачење на невротрофини.
  • Подобра самодоверба и слика за себеси 
  • Подобар сон 
  • Поголемо ниво на енергија 

[Поврзано: Депресијата не е обична тага!]

 

 

Неколку кратки совети како полесно да почнете со некаква физичка активност ако веќе имате психичкото здравје

Непријатните емоции кои постојано ги прогонуваат лицата со ваквите проблеми најчесто целосно ја одземаат енергијата и мотивираноста, инаку неопходни фактори во одредена доза, за да се почне со било каква активност. Но, тоа не значи дека е невозможно да се вежба во вакви ,,услови”:

  • Почнете полека – не си поставувајте превисоки цели. 
  • Планирајте ги активностите во периоди од денот кога се чувствате најенергично. 
  • Имајте здрава исхрана! 
  • Немојте веднаш да се откажувате ако првото искуство и не ви е така пријатно! 
  • Важно е која активност ќе ја изберете. Фокусирајте се избор на активност која ќе ви создава чувство на задоволство. 
  • Вежбајте со пријател

 

[Поврзано: Физичката активност и мозокот!]

 

Поврзани статии и видеа:

Што се всушност калориите и колку дневно треба да се внесат за да слабеете?

10 совети како да слабеете преку пешачењето

Што треба да знаете за вежбите со тежина?

Придобивки од физичката активност

Физичка активност и срцеви заболувања

Физичка активност и зголемено ниво на шеќер во крвта

Кој начин на пешачење најбрзо ги согорува мастите?

Fibro Gel

5 изненадувачки придобивки од пешачењето

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X