fbpx

Недостатокот од ВИТАМИН Д значи и зголемен ризик за појава на ХРОНИЧНО ВОСПАЛЕНИЕ!

tonus

Често зборуваме на нашиот блог за витаминот Д и за неговите бројни функции во нашиот организам. Добро знаеме дека овој витамин е особено важен за здравјето на коските, кожата, имунитетот, но реалноста е дека тој навистина има илјадници други функции. Една нова студија дури го поврзува недостатокот на витаминот Д со хроничната инфламација, состојба која е непосакувана и штетна и за која може да прочитате во наша претходна статија.

Основни информации за витаминот Д

Кога ќе се спомене овој витамин, луѓето веднаш го поврзуваат со здравјето на коските. И тоа е точно. Витаминот Д е важен за метаболизмот на калциумот и фосфорот, минерали клучни за здравјето на коските. Сепак, популарноста која ја стекна овој масно-растворлив витамин во последно време е заради фактот што постојано излегуваат нови вести околу него во научните списанија – цел спектар на негови нови функции и влијанија. Со ова, научниците ни покажуваат дека витаминот Д има значително поголема важност од тоа што претходно се сметаше, па треба и повеќе да внимаваме дали го имаме во доволни количини. 

Имуномодулатор, значајно влијание кај автоимуните болести, кај малигните заболувања, при метаболички синдром, а листата станува сé подолга и подолга.Колку е важен витаминот Д, покажува и самиот факт што секоја една клетка од телото има потреба од него, односно е одговорен дури за 4000 клеточни процеси.

"“Online”/

Хормон или витамин?

Малкумина знаат дека иако се реферира на витамин, станува збор и за прохормон или прекурсор на хормон. Дефиницијата за витамини е соединенија кои телото не може самото да ги синтетизира, а се неопходни во мали количини за извршување на некои важни процеси во телото.

Витаминот Д може да се синтетизира и има многу покомплексно дејство од останатите витамини во организмот, но сепак, неговото синтетизирање оди под дејство на сончевите зраци, затоа се вбројува и во витамините.

Витаминот Д во организмот се создава во кожата во вид на провитамин, а под дејство на сончевата УВ светлина се трансформира во активен витамин Д. Нашата кожа кога е изложена на директни сончеви зраци создава доволно количество на витамин Д и токму изложеноста на сонце е најсигурен начин за истиот да се синтетизира.

Како е витаминот Д поврзан со хроничната инфламација?

Во студијата на која денес ќе се задржиме, биле вклучени околу 295.000 лица од Обединетото Кралство. Било мерено нивното ниво на витаминот Д преку примерок на крв, како и нивото на Ц-реактивните протеини или CRP. Инаку, CRP е општа мерка за евентуално покачување на инфламацијата во организмот. Во просек, испитаниците имале витамин Д во концентрации од околу 50nmol/L, додека околу 11,7% од испитаниците имале вредности под долната граница – 25nmol/L.

Испитаниците исто така пополниле и прашалници преку кои научниците би добиле подобра слика за нивното здравје и начин на живот. После анализирање на овие податоци, научниците откриле дека само оние кои имале дефицит на витаминот Д имале и покачени нивоа на CRP. Истражувањето покажало и дека со зголемување на нивото на витамин Д кај испитаниците, се намалува и степенот на воспаление. Научниците сметаат дека ваквите резултати се надоврзуваат на голем број претходни истражувања во поглед на важноста на витаминот Д, а во случајов особено и кај хроничната инфламација. Со покачување и нормализирање на нивоата на витамин Д, научниците сметаат дека може да се минимизираат па дури и елиминираат ризиците кои може да се јават по здравјето како резултат на хроничното воспаление во организмот. Научниците сметаат дека витаминот Д го инхибира, односно спречува создавањето на про-инфламаторните соединенија преку повеќе механизми. На овој начин, витаминот Д всушност го намалува ризикот и за автоимуни заболувања, нешто што е докажано и преку претходни студии. Една таква студија покажала дека испитаниците кои користеле витамин Д суплемент, во концентрација од 2000IU/ден во период од 5 години, имале за 22% помал ризик од појава на автоимуни заболувања, во споредба со плацебо групата.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор