fbpx

Како влијае ВРЕМЕТО врз КРВНИОТ ПРИТИСОК?

tonus

Често се случува времето да влијае на начинот на кој што се чувствуваме, но и на нашето здравје и благосостојба. Тоа често се должи и на одредени промени во нашиот организам, а еден аспект кој е силно зависен од времето и температурата е крвниот притисок. Денес ќе зборуваме како температурата, односно годишното време може да влијае на крвниот притисок и зошто во зимските, поладни денови тој е секогаш повисок.

 

Што претставува крвниот притисок и зошто доаѓа до негово покачување?

Пред да зборуваме за поврзаноста меѓу покачениот крвен притисок и холестеролот, најпрвин накратко да објасниме што всушност претставува крвниот притисок. Крвниот притисок е мерка за силата (притисокот) со кој крвта притиска врз ѕидовите на крвните садови. Тој се мери преку две вредности:

  • Систолен или т.н горна вредност за крвниот притисок, ја покажува вредноста за притисокот во артериите во текот на една контракција на срцевиот мускул
  • Диастолен или долната вредност при мерењето, го покажува притисокот во артериите измеѓу две срцеви контракции.

 

"“Online”/

Висок крвен притисок или хипертензија е состојба кога ваквото притискање врз крвните садови е прекумерно, за време на подолг временски период. Притисокот подложи на промени во текот на денот, во зависност од нашите активности. Но, доколку преку целиот ден имаме покачени вредности за крвен притисок, тоа значи дека е можно да имаме состојба на хипертензија. Најчесто вредносите при кои се смета дека има покачен притисок се 140/90 mmHg.

Постојат две форми на хипертензија:

  • Примарна – се појавува со стареењето и за неа нема очигледна причина.
  • Секундарна – се јавува побрзо и нагло и може да биде поизразена и опасна од примарната. Како главни ризик фактори за нејзина појава се:

–       Бубрежни заболувања

–       Опструктивна спиечка апнеа

–       Вродени срцеви заболувања

–       Проблеми со тироидната жлезда

–       Честа употреба на алкохол

–       Проблеми со надбубрежните жлезди

 

Како влијае времето на крвниот притисок?

Како и многу други аспекти од здравјето, крвниот притисок е под влијание на средината. Температурата може прилично лесно да го промени нашиот притисок, па така во летните денови се очекува тој да е понизок, а во ладните зимски денови тој да се покачи. Тоа се должи на ефектот кој го има  температурата врз стеснувањето и проширувањето (релаксирањето) на крвните садови. Во летните денови, доаѓа до ширење на крвните садови, забрзана работа на срцето и зголемување на протокот на крв, бидејќи телото на овој начин се обидува да ја намали телесната температура преку кожата. 

Спротивното се случува во зимските денови – крвните садови се стеснуваат, па така и крвниот притисок се покачува, бидејќи телото не се обидува да изгуби топлина преку кожата. Поради тоа, зимските денови се период кога лицата со хипертензија треба да бидат повнимателни, а лицата со природно низок притисок треба да внимаваат во лето. Ваквите промени може да бидат толку нагласени, што некои доктори може дури да ја модифицираат терапијата за притисок врз база на годишното време. 

Покрај температурата и други временски услови може да влијаат на притисокот: нагли промени на времето, атмосферскиот притисок, облачноста и сл. Сепак, не секој ќе има подеднакво влијание од временските услови и генерално се смета дека овие промени се повеќе нагласени кај повозрасната популација.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор