fbpx

Ем брзо, ем здраво, ем ВКУСНО – Макарони во вегетаријански КРЕМАСТ сос!

tonus

Во повеќе наврати имаме зборувано дека тестенините и лебот не се храна што треба да се избегнува. Секако, кога станува збор за секојдневна употреба, зборуваме за нивните полнозрнести варијанти.

[Поврзано: Лебот е здрава храна!]

Здравите оброци со макарони и шпагети се можни!

Всушност, повеќето од нас се свесни каде грешат при подготвувањето на пастата – преголеми количества или порции, премногу масни и нездрави дресинзи и додатоци како мрсни сирења, сувомеснати продукти и слично.

"“Online”/

Исто така, најчесто се греши кога редовно се одбира бела паста и при нејзиното подготвување: долгото варење. За да бидат здрава храна, тестенините треба да ги вариме ,,ал денте” – кратко варење, пред да се интензивира омекнувањето. Значи, подготовката би траела далеку под 10 минути. Едноставно кажано, извадете ги макароните од водата пред да почнат да омекнуваат. Ал денте тестенините се ниту претврди, ниту меки.

Многу повеќе на оваа тема, дознајте тука: Тестенините се здрава храна, но каде најчесто се греши?

Кремасти макарони со киноа

Во продолжение ќе наведеме еден пример за здрав оброк со тестенини – Кремасти макарони со киноа семе!

[Поврзано: Киноа семе – растителен извор на сите 9 есенцијални аминокиселини!]

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 200g макарони
  • 100g сува, несварена киноа
  • 2 лажички ладно цедено маслиново масло

За сосот:

  • 3 лажици сусамов таан
  • 4 лажици бел сенф
  • 4 лажици лут сенф
  • 2 лажици багремов или обичен мед
  • 1,5 лажица соја сос
  • Лажичка бибер + кари
  • Лажичка сол
  • Мексиканска мешавина зеленчуци
  • Лажичка ладно цедено маслиново масло
  • Малку вода и/или лимонов сок по потреба за регулирање на густината

Како зачин:

  • Малку изрендан пармезан или сомелени индиски ореви
  • лажичка ноктец или сув босилек

Начин на подоготвка:

  1. Во подлабок сад ставете нешто помалку од 1 литар вода и доведете до зовривање. По зовривањето, додајте ја киноата и гответе 5 минути.
  2. Додајте маслиново масло, а веднаш потоа и макароните. Благо намалете ја температурата и со повремено мешање гответе уште 10 минути.
  3. Добро исцедете ја течноста во која се вареа киноата и макароните, но мал дел од неа префрлете во подлабок сад во кој потоа ќе го подготвувате сосот.
  4. Во длабокиот сад најпрво додајте го таанот и енергично промешајте го со течноста. Додајте ги сенфовите, медот и на крајот зачините заедно со мешавината зеленчук. Ако смесата ви е прегуста, додајте малку лимонов сок или обична вода до густината што ви одговара на вкусот.
  • Овој рецепт прави 3 порции.

Нутритивна вредност на една порција (со пармезан):

Калории: 580 Јаглехидрати: 90g од кои растителни влакна: 7g и шеќери: 9g; Протеини: 20g; Масти: 18g од кои заситени масти: 3g и Омега-3: 0,3mg; Витамин Е: 3mg; Витамин А: 1000IU; Витамин Б1: 0.5mg; Витамин Б2: 0.3mg; Витамин Б3: 3mg; Витамин Б6: 0.3mg; Витамин Б9: 110mcg; Бакар: 0,6mg; Фосфор: 360mg; Селен: 16mg; Калиум: 500mg;  Maнган: 1mg; Железо: 4mg; Maгнезиум: 100mg; Цинк: 2,5mg

[Поврзано: Подгответе посен мекенчиз!]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор