fbpx

Полнозрнести или т.н. интегрални житарки – одличен начин за намалување на воспалителните процеси!

tonus

Бројот на функции и процеси во телото кои се извршуваат на дневна основа е навистина импресивен и речиси незамислив. Во секоја секунда во телото се одвиваат огромен број на реакции, а голем дел од нив се со цел да не заштитат од надворешните влијание и да го зачуваат нашето здравје. Ваквите механизми за заштита се исклучително корисни, ефикасни и комплексни. Еден од нив е и воспалението или т.н инфламација која може да се јави во телото. Тоа е нормален и чест одговор на телото со кој се санира некаква штета или потенцијална опасност. Сепак, инфламацијата доколку трае подолго може да биде и штетна по здравјето. Затоа, преку исхраната постојат и низа на анти-воспалителни компоненти кои можат да му помогнат на телото да се справи со ваквите ситуации. Поконкретно, денес ќе зборуваме за полнозрнестите житарки и нивното корисно анти-воспалително дејство.

Што претставува воспалението?

Инфламацијата или воспалението е природен процес и е дел од одбранбениот механизам на организмот и истото има клучна улога при процесот на заздравување. При појава на „натрапник“ во телото, се јавува одговор со цел негово отстранување. „Натрапникот“ може да биде бактерија, вирус или пак обичен неоргански предмет – трн, прашина или некаков иритант.

Постојат два типа на инфламација – акутна и хронична.

"“Online”/

Акутната инфламација е предизвикана од некаков тип на повреда или заболување и како што кажува името, таа е акутна односно краткотрајна. Таа е проследена со симптоми од типот на: болки, црвенило на повредената област, оток, чувство на топлина и сл.

Меѓутоа, ваквите симптоми не секогаш се присутни, па воспалението може да биде и присутно без никакви симптоми. Најчесто акутната инфламација трае неколку денови. Субакутната инфламација може да трае 2-6 недели.

Другиот тип на инфламација, хроничната, може да трае со месеци па дури и години. Таа е најчесто поврзана со други заболувања како: дијабет, кардиоваскуларни заболувања, артритис, ревматоиден артритис, псоријаза и сл.

Овој тип на воспаление е далеку поштетен и опасен, бидејќи може да трае навистина долго и да предизвика низа на проблеми како покачување на телесната тежина и низа на заболувања – дијабет, срцеви заболувања, канцер и сл.

Најчест начин за мерење на степенот на воспаление е преку мерење на т.н биомаркери или инфламациони маркери.

Како дејствуваат полнозрнестите житарки врз инфламацијата?

Во голем број претходни статии сме ја зборувале важноста од редовна консумација на полнозрнести житарки. Исто така, сме ја објасниле и разликата измеѓу полнозрнестите и рафинираните житарки, а особено во поглед на нивниот микронутритивен состав (витамини и минерали), како и во поглед на протеините, растителните влакна, антиоксидативниот состав и сл.

Ваквиот состав ги прави полнозрнестите житарки особено корисни за состојби како дијабет тип 2, намалување на холестеролот, намалување на телесната тежина, подобрување на дигестијата, намален ризик за појава на одредени типови карцином и сл.

Во поглед на воспалението, полнозрнестите житарки може да имаат значителен корисен ефект, особено ако ги заменат рафинираните житарки и процесираната храна. Една студија покажала дека зголемениот внес на полнозрнести житарки допринесува кон намален степен на инфламација. Се смета дека еден од механизмите преку кои житарки го постигнуваат ваквиот ефект е преку нивното влијание на различни метаболички фактори, како и позитивниот ефект врз телесната тежина. Истражувачите откриле и дека редовното консумирање на рафинирани житарки ја влошува инфламацијата – без разлика на телесната тежина на индивидуата.

Друга студија која вклучила жени на возраст непосредна до менопаузата, открила дека вклучувањето на полнозрнестите житарки во исхраната доведува до 12% намалување во степенот на инфламација. Голем број други студии покажуваат дека полнозрнестите житарки доведуваат до намалено ниво на CRP. Во една студија, резултатите покажале дека на секои 50g полнозрнести житарки на ден – CRP вредностите се намалиле за 0,12mg/L, додека за секои 50g рафинирани житарки вредностите на CRP се зголемиле за 0,23mg/L.

Ваквите студии сепак не можат да потврдат дали ваквите резултати се должат исклучиво на полнозрнестите житарки или поради можни други фактори – други употребени намирници, степен на физичка активност, изложеност кон стрес и сл.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор