fbpx

Липиден профил, или народски кажано – МАСНОТИИ во крвта

tonus

Огромен дел од популацијата, пред сé поради неправилната исхрана и неактивниот живот има проблеми со нарушени липиден профил или статус.

Липиден профил

Овој статус е индикатор за нивоата на мастите (липидите или триглицеридите) и холестеролот во крвта. Важно е да правиме разлика помеѓу овие два поими.

Холестеролот е липопротеинска молекула која организмот има способност самиот да ја создава (главно во црниот дроб) и врши низа на многу важни структурни функции – градбен материјал за повеќе хормони (тестостерон, естрадиол, кортизол), дел од витаминот Д, а неопходен е и за синтеза на жолчните киселини кои се неопходни за дигестија на масната храна. Холестеролот можеме да го внесеме и преку храната, а денешната исхрана подразбира навистина високи количества од оваа компонента, што можат да создадат посериозни проблеми на подолг рок.

"“Online”/

Триглицеридите од друга страна се молекули, хемиски гледано составени од глицерол и масни киселини. Мастите се внесуваат преку храната, вршат низа улоги во организмот, а најважната е – најконцентриран извор на енергија. Пред да се користат во катаболизмот или метаболизмот на создавање енергија, тие се разградуваат до градбените единици, а во дадени случаи можат да преминат во глукоза преку процесот наречен глуконеогенеза.

Многу е важно проблемот со покачени триглицериди и холестерол навремено да се третира

Барањето на начин за решавање на овие проблеми е неопходен, бидејќи тие можат на подолг или среден рок да доведат до посериозни компликации како атеросклероза, многу сериозна состојба што може да биде директна причина за срцев или мозочен удар.

Генерално, прва линија на терапија за подобрување на липидниот профил е промената на начинот на исхрана и практикување на редовна физичка активност, односно промени во животниот стил. При доста високи нивоа на холестерол, лекарите препишуваат лекови наречени статини кои делуваат на намалување на нивото на холестерол, но и на маснотии во крвта.

Како делуваат статините?

Статините го намалуваат холестеролот преку блокирањето на ензимот наречен HMG коацетил редуктаза, клучен ензим на црниот дроб за синтезата на холестерол.

Но, се случуваат и други процеси во црниот дроб на кои статините не можат да влијаат.

Покрај синтезата на холестерол, црниот дроб помага во ,,чистењето” на вишокот холестерол од крвта преку специјални рецептори кои ги ,,заробуваат“ молекулите на ,,лошиот“ LDL холестерол. Овие рецептори го вшмукуваат вишокот холестерол од крвта, со што значително ја намалува веројатноста од насобирање на масни наслаги во крвотокот што е главна причина за артеросклероза и понатаму срцеви и мозочни удари.

Статините делуваат и на намалување на триглицеридите во крвта, преку делувањето на одредени ензими на макрофагите, бели крвни клетки кои се сметаат за одговорни за насобирањето на маснотиите во крвните садови.

Сепак, исхраната богата со заситени маснотии, трансмасти и холестерол го намалува бројот и ефективноста на споменатите LDL рецептори, а третманот со статини е немоќен при овие процеси.

Исто така, значајно да се знае е дека статините го намалуваат ризикот само од еден од ризик-факторите за кардиоваскуларни заболувања – влошениот липиден профил. Постојат многу други ризик-фактори за срцеви заболувања, како висок крвен шеќер, инсулинска резистентност, висок крвен притисок итн.

Дополнително, како и од сите лекарства, така и од статините постојат одредени несакани дејства – мускулна болка, главоболка и дезориентираност, запек, протеинурија, зголемен шеќер, сензитивна кожа, но и посериозни несакани ефекти како оштетен црн дроб, невролошки ефекти, катаракта и алергиски реакции.

Природни начини за подобрување на липидниот профил

Заради претходно наведените причини, во секој случај е важно да се промени животниот стил, а статините да се користат при повисоки нивоа на холестерол и триглицериди во крвта, во комбинација со правилна исхрана и редовна физичка активност.

За среќа, проблемот со липидниот профил многу често може да се реши со промена на лошите навики на исхрана и генерално, на живеење.

Во продолжение, 7 кратки совети како да си помогнете при високи нивоа на масти и холестерол во крвта.

1) Променете го начинот на исхрана

Најчесто клучниот извор на проблемот, но од друга страна и на решението е во исхраната.

Јадењето масна и препроцесирана храна која го поттикнува процесот на инфламација во организмот, значително го зголемува ризикот од нарушен липиден профил. Првиот чекор кој треба да го направите е да го ограничите внесот на ваквата препроцесирана храна и да го зголемите на свежа и полнозрнаста храна.

За трајно справување со проблемот треба да најдете здрав начин на исхрана кој ќе ви биде лесен за трајно практикување и нема да ве остави гладни или да ве доведе во ситуација за брзо време да се вратите на лошите навики. Истражувањата ја потврдуваат Медитеранската исхрана како една од најдобрите и најлесно спроведливите начини на исхрана.

Храна која го поттикнува проблемот:

◦ Рафиниран шеќер и продукти богати со вакви шеќери
◦ Секој вид на препроцесирана, пакувана храна
◦ Било кој вид на храна богата со трансмасти
◦ Млечни производи
◦ Месни продукти, особено процесирани
◦ Преголем внес на кофеински пијалаци
◦ Преголем внес на алкохол

Храна која може да помогне во решвањето на проблемот:

◦ Храна богата со омега 3 масни киселини
◦ Храна богата со растителни влакна, особено водорастворливи – го врзува холестеролот внесен во дигестијата преку храна и помага во полесно негово елиминирање од организмот.
◦ Маслиново масло
Лук и кромид
◦ Различни видови на тревки со моќен антиоксидативен состав
◦ Јаболков оцет

2) Витамин Б3 (1500mg дневно)

Ниацинот или витамин Б3 го намалува LDL холестеролот за 25% и го зголемува нивото на ,,добриот” HDL холестерол за 35%, што е причина да внеувате повеќе храна богата со овој витамин. Исто така, препорачаните нивоа можете да ги обезбедите и преку суплементирање.

3) Консумирајте црвен ориз

Црвениот ориз изобилува со активни состојки – монаколини кои се сметаат за природни статини. Од сите монаколини најактивен е Мonakolin K, кој го инхибира ензимот HMG-CoA редуктаза и на тој начин ја стопира синтезата на холестерол во црниот дроб.

Monakolin K е клучен за делотворноста на црвениот ориз во смисла на намалување на вкупен холестерол, намалување на LDL холестерол и триглицеридите во крвта. Покрај монаколинот со процесот на ферментација се создаваат и растителни стероли, незаситени масни киселини, ензими за варење, витамини од Б групата (ниацин) и други продукти кои исто така придонесуваат за делувањето и ефикасноста на производот.

Корисниот ефект се постигнува со дневен внес на 10 mg monakolin K од ферментиран црвен ориз.

4) Оставете ги цигарите

 

Пушењето, покрај низата на штетни влијанија за организмот, има и негативен ефект во однос на холестеролот. Пушењето го зголемува нивото на LDL и го намалува нивото на HDL холестеролот и со тоа дополнително го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

5) Бидете физички поактивни

Седечкиот начин на живот е можеби најголемиот ризик-фактор за срцеви заболувања. Според истражувањата, умерената физичка активност го зголемува нивото на добриот HDL холестерол. Вежбањето помага за намалување на телесната тежина, уште еден ризик-фактор за лошиот липиден статус и неговите последици.

6) Намалете ја телесната тежина

Студиите на тематиката велат дека намалувањето од само 5-10% од телесната тежина, помага значително да се намалат нивоата на триглицериди во крвта и да се зголемат нивоата на ,,добриот” HDL холестерол. Зголемената телесна тежина доаѓа како резлутат на неправилниот начин на исхрана и ошто, на живеење. Поради истите причини се појавува и нарушениот липиден профил, односно покачени маснотии и холестерол во крвта.

Со решавањето на проблемот со прекумерната тежина, оди паралелно и решавањето на прболемот со липидниот профил.


7) Некои есенцијални масла можат да бидат од помош

Истражувањата поврзуваат одредени есенцијални масла, како маслото од лимонова трева, маслото од лаванда, но и одредени други типови есенцијални масла со подобрениот липиден профил. Пред да се обидете со нив, консултирајте се со вашиот лекар

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор