fbpx

Извонредни ефекти на физичката активност врз здравјето на мозокот

tonus

Редовната физичка активност е нераскинлив дел од она што значи здраво живеење, сфатено во неговата целовитост. Нејзиното практикувањe помага при најразлични здравствени проблеми, а што е можеби уште поважно, таа е клучен дел од превенцијата од повеќето познати (особено хроничните) заболувања.

На секој од нас му се јасни силните придобивки на редовната физичка активност во однос на нашето физичко здравје и слабеењето. Но, дали сте знаеле дека физичката активност е можеби покорисна за мозокот, отколку за телото? Во продолжение, прочитајте нешто повеќе на оваа тема и мотивирајте се дополнително за почеста активност.

Само дел од физичките придобивки на редовното вежбање: полесна контрола на телесната тежина, подрав мозок, помал ризик од срцеви заболувања, поздрава дигестија…..

"“Online”/

[Поврзано: Враќање на физичката активност ПО прележан КОВИД 19]

 

Редовната физичка активност има бројни силни корисни ефекти врз здравјето на мозокот!



Во претходните статии често зборувавме за различните придобивки од редовната физичка активност. Денес, ќе се задржиме на тоа како физичката активност се одразува врз нашиот мозок и менталното здравје.

[Поврзано: Физичка активност и мозокот!]

 

На кој начин вежбањето влијае на мозокот?



Луѓето се редовно активни заради најразлични причини, но најчесто тоа е слабеење или превенција од различни заболувања (дијабет, кардиоваскуларни болести, мозочен удар итн.).

Ретко кој е запознаен и мотивиран од невролошките придобивки што има да ни ги понуди во ,,изобилство” редовната физичка активност. По читањето на овој текст, веројатно ќе добиете нов силен мотив да продолжите или пак да започнете со некаква активност.

[Поврзано: Практични совети: КАКО да ЗАПОЧНАМ со физичка активност?]

Постојат 3 доминантни невропсихолошки теории кои го објаснуваат позитивниот ефект на вежбањето врз нашиот мозок. Тие се разликуваат по тоа што опишуваат различни феномени кои истовремено се случуваат во мозокот во текот на вежбањето.

Било која мозочна функција што можете да ја замислите, вежбањето може или може да ја оптимизира, да ја подобри или пак да превенира случувања што можат да доведат до нејзино нарушување.

Додека вежбаме,

  • заситеноста со кислород и ангиогенезата (создавањето на нови мрежи крвни садови) особено се изразени во предели на мозокот што се поврзуваат со рационално размислување, но и со социјалниот, физичкиот и интелектуалниот перформанс.
  • паѓа нивото на стресните хормони, како кортизол и адреналин и се зголемува бројот на невротрансмитерите, како серотонин, норадреналин, но и допамин, со што се забрзува процесирањето на информациите во мозокот, а тоа позитивно се одразува и на расположението.

  • се регулираат невротрофините (протеински молекули задолжени за одржување на правилната функција, развојот и преживувањето на невроните или нервните клетки)

 

10 поконкретни извонредни ефекти на физичката активност врз здравјето на мозокот



Ги видовме базичните механизми според кои вежбањето го подобрува здравјето на мозокот, во продолжение да видиме кои се поконкретните импликации од споменатите механизми:

  1. Намалено ниво на стрес
  2. Намалена социјална анксиозност
  3. Подобрено процесирање на емоции
  4. Превенирање на различни невролошки несакани состојби
  5. Зголемено ниво на енергија, фокус и концентрација (внимание)
  6. Успорен процес на стареење
  7. Подобрена меморија
  8. Подобрена циркулација (низ целото тело, но и до мозокот)
  9. Краткотрајна пријатна еуфоричност
  10. Намален ризик од т.н. ,,замаглување на мозокот” или brain fog

Сите набројани корисни ефекти се поврзани со неврогенезата, односно создавањето на нови неврони и невропластичноста (пластичност на синапсите или подобрување на пластичноста на постоечките синапси).

Повеќето од бенефитите се поврзани и со способноста на вежбањето да ја намали инсулинската резистентност и процесите на хронична инфламација.

[Поврзано: Инсулинска резистентност – Сè почест проблем!]

Бидејќи има навистина многу што да се зборува посебно за секој oд наведените 10 позитивни ефекти, накратко ќе објасниме само за првиот – каков е механизмот според кој вежбањето го намалува стресот и ни помага за подобро процесирање на емоциите.

  • Намалено ниво на стрес

Хипокампусот е длабок дел од мозокот одговорен за учењето и меморијата, а истражувањата покажуваат дека тој се активира и при физичката активност.

Овој дел од мозокот кај лицата што имаат седечки начин на живот, се состои од помлади неврони или уште нарекувани ,,неистренирани неврони”. Тие по природа се послесно надразливи и при дејство на помали стресори. Надразливоста на невроните еволуира од базничниот механизам на стрес кој сите ние го поседуваме – т.н. ,,бори се или бегај”.

При соочување со сериозна опасност, телото соодветно одговара, лачејќи хормони и невротрансмитери што ќе го подготват за борба или за бегање – добро познатиот механизам ,,бори се или бегај”. Хроничниот стрес подразбира, можеби не толку интензивна, но постојана изложеност на овие хормони и невротрансмитери, со што се нарушува нашата способност за рационално мислење и нашата емоционала добросостојба. Тоа знае да биде доста исцрпувачки.

[Поврзано: Како СТРЕСОТ го намалува ИМУНИТЕТОТ?]

За време на физичката активност, истиот механизам ,,бори се или бегај” e активиран; создавајќи ги истите предуслови што го измачуваат хипокампусот.
Па, како тогаш вежбањето е добро за мозокот, кога му го дава истиот невролошки ,,коктел” од супстанции?

Постои одредена значајна разлика – во текот на вежбањето се создаваат одредени неврони кои ослободуваат т.н. GABA невротрансмитери. Со други зборови, токму тие му помагаат на мозокот да ја разликува вистинската опасност, од едноставното зголеменото создавање на невротрансмитери.

Во едно истражување, пронајдено било дека најголемиот дел од неврогенезата се случува во т.н. вентрален дел од хипокампусот, поврзан со емотивното процесирање.

Ова значи дека они што редовно вежбаат, се подобро ,,опремени” за менаџирање со стресот и контролирање на своите емоции. Редовното вежбање овозможува репрограмирање на мозокот и подобро соочување со различните типови стресори.

Поврзани статии и видеа:

Што се всушност калориите и колку дневно треба да се внесат за да слабеете?

10 совети како да слабеете преку пешачењето

Што треба да знаете за вежбите со тежина?

Придобивки од физичката активност

Физичка активност и срцеви заболувања

Физичка активност и зголемено ниво на шеќер во крвта

Кој начин на пешачење најбрзо ги согорува мастите?

5 изненадувачки придобивки од пешачењето

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор