fbpx

Намалено либидо – Можни причини и совети за решенија

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Хроничен замор, стрес, постојани грижи околу децата, одредени лоши навики, прекумерна телесна тежина, алкохол, па и некои заболувања (и нивните терапии) – сите овие фактори можат да предизвикаат намалено либидо, односно да станат ,,непријатели” на вашата сексуална желба.

Со текот на времето, нормално е либидото да опаѓа, но доколку тоа нагло се појави порано од 60-тите години, не може да се смета за нешто сосема нормално, односно веројатно е резултат на некои ,,надворешни” фактори, како претходно споменатите –изложеност на хроничен стрес, хормонски дисбаланс, депресија, прекумерно користење алкохол, некакви терапии итн.

Исто така е нормално и очекувано партнерите да имаат ,,подеми и падови” во нивниот сексуален живот низ годините. Сепак, ако забележувате дека сексуалната желба ви е нарушена подолг период, а сте помлади од 60 години, дефинитивно можете да превземете чекори за враќање на либидото.

"“Online”/

Во продолжение, нешто подетално околу тоа што може да предизивка намалено либидо и совети како да го вратиме во нормала.

[Поврзано: Кои продукти во храната можата да влијаат на вашето ЛИБИДО?]


Што може да води кон намалено либидо?


Постојат многу работи кои можат да влијаат на намаленото либидо, природната енергија која не води кон сексуално задоволство.
Имате намалено либидо? Размислете што ве доведува во таква ситуација.

Fibro Gel

1. Дали сте под стрес? Можеби сте анксиозни? Ве мачи депресија?

Притисок на работното место, невработеност, незадовоство од примањата, долгови, несигурна иднина, здравствени проблеми, нарушено здравје на ваша блиска личност – само дел од секојдневните проблеми кои создаат стрес и водат кон неговата хронична форма. Стресот е еден од најголемите непријатели на либидото.

2. Какви се општите односи и атмосферата во врската со партнерот?

Дали одредени ситуации или работи создаваат ,,ѕид” помеѓу вас и партнерот? Можеби имате некои неразрешени конфликти кои тлеат и создаваат непријатна атмосфера,расправии околу децата, проблеми од економска природа итн. Ваквата атмосфера креира лошо разбирање и комуникација со партнерот, па и помала можност за интимен контаткт. Резултатот е јасен: намалена желба за секс и помало задоволство од сексуалниот живот.

3. Дали прекумерно користите алкохол?

Алкохолот може да ја крене самодовербата и да ги ,,скрие” инхибициите, но ако се претера со него, го има токму спротивниот ефект. Алкохолот може да води кон еректилна дисфункција кај мажите, а влијае негативно на сексуланиот живот и на двата пола.

4. Дали спиете доволно?

Модерниот начин на живот често нè остава без квалитетен сон. Недостатокот од сон води кон безенергичност, лесна раздразливост, поголема подложност на стрес итн. Сето ова неминовно има негативно влијание врз либидото.

Дополнително, помалку познат факт е дека нарушувањето на сонот, наречено спиечка апнеа, може да води до невообичаено ниски нивоа на тестостерон кај мажите, што се поврзува со еректилна дисфункција и намалено либидо.

[Поврзано: Тестостерон – симптоми на намалено ниво и како природно да го дигнеме?]

5. Дали користите одредени медикаменти?

Многу видови терапии можат да влијаат на либидото, како на пример: антидепресиви, антихистамини, лекови за контрола на крвниот притисок, антивирални терапии итн.

6. Дали имате проблеми со ерекцијата?

7. Дали сте во менопауза?

Хормонските промени кои се случуваат со започнувањето на менопаузата можат значително да влијаат на сексуалната желба кај жените.

8. Дали имате проблеми со самодовербата?

Проблемите со самодовербата поради најразлични причини, како обезноста на пример, значително влијаат на либидото.

Кратки совети како да го зголемите либидото:


• Зборувајте со партнерот

Проблемите во комуникацијата се еден од најчестите извори на сите проблеми, па и на оние од сексуалната природа. Зацврстувањето на врската оди со подобра комуникација помеѓу партнерите, со што ќе се зголеми довербата и ќе се создаде атмосфера на блискост, односно интимност. Тоа е од особена важност и за сексуалниот живот.

• Отворено покажете ја вашата љубов и приврзаност кон партнерот

Ако се чувствувате сакано и почитувано, секако дека тоа ќе се одрази позитивно на сексуалниот живот. Вниманието во текот на денот е најдобра ,,предирга” за вечерта.

• Не ја заборавајте романтиката

И покрај можеби долгите години поминати со партнерот, не дозволувајте никогаш да згасне ,,огнот”. Излезете на вечера, отидете на вашето омилено место, како што некогаш сте го правеле тоа.

• Зборувајте почесто за сексот

Зборувајте отворено за работите што ги сакате и за оние кои ви пречат. На тој начин подобро ќе се запознате со желбите на партнерот, но ќе ги откриете и вашите, а задоволството ќе биде поголемо.

Употребувајте лубриканти

Внимавајте на исхраната

Здравата исхрана секако има позитивно влијание и врз сексуалната желба. Многу повеќе околу тоа која храна делува како афродизијак, прочитајте тука.

• Побарајте професионална помош

Доколку намаленото либидо ви е предизвикано од одредени лекарства, некакво заболувања или мислите дека е поврзана со некакво заболување, задолжително консултирајте се со вашиот лекар. Дополнително, ако мислите дека намалената сексуална желба е со некаква психолошка позадина, добро е да консултирате психијатар.

Fibro Gel

[Поврзано: Веројатно најсилниот природен афродизијак – АШВАГАНДА]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X