fbpx

Зошто редовната ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ се асоцира со ДОЛГОВЕЧНОСТ?

tonus

Добро знаеме дека еден од наједноставните начини за подобрување на целокупното здравје е редовната физичка активност. Без разлика која активност ја преферираме, редовното раздвижување нуди низа на бенефити кои може да го подобрат, но и одржат нашето здравје, кондиција и виталност. Денес ќе зборуваме за ефектите на физичката активност врз долговечноста, односно зошто истата го продолжува животот, но и го подобрува неговиот квалитет.

 

Зошто е важно да сме физички активни?

Редовната физичка активност, покрај здравата исхрана, е можеби една од наједноставните, а сепак најефикасни алатки за одржување на нашето здравје и виталност. Како здрава навика, вежбањето може значително да допринесе кон подобрување на нашето физичко, но и ментално здравје.

Дел од придобивките кои физичката активност ги дава се:

"“Online”/
  •     Одржување на телесната тежина – физичката активност помага да ја одржиме, па и намалиме телесната тежина, бидејќи таа ја зголемува потрошувачката на калории. Било кој тип на активност, во било кој период може да ви помогне да потрошите неколку дополнителни калории.
  •     Подобрено срцево здравје и намален ризик од заболувања – вежбањето е добар начин да се регулира „лошиот“ LDL холестерол, а да се подобри нивото на т.н „добар“ холестерол. Редовната физичка активност го намалува ризикот за: мозочен удар, срцев удар, хипертензија, тип 2 дијабет и сл.
  •     Подобар и поквалитетен сон – физичката активност е еден од најдобрите начини за да го подобриме квалитетот на нашето спиење. Повеќе на оваа тема може да прочитате во една од нашите претходни статии, која можете да ја најдете тука.
  •     Подобрена физичка подготвеност, градење ново мускулно ткиво и поздрави и посилни коски.
  •     Подобрено расположение – вежбањето и движењето доведуваат до лачење на одредени хормони – ендорфини, адреналин и сл. Тие се сметаат за заслужни за ефектот на подобрување на расположението кој го има физичката активност и токму за ова ќе зборуваме во продолжение.

Поврзано: [Редовната физичка активност значи и посилен ИМУНИТЕТ!]

 

Како физичката активност допринесува за долговечност и виталност?

Редовната физичка активност е еден вид синоним за долговечност и виталност. Бројни научни студии покажале дека луѓето кои редовно се физички активни живеат подолг и поздрав живот во споредба со оние кои водат седентарен начин на живот. Физичката активност игра клучна улога во намалувањето на ризикот од хронични болести како што се: кардиоваскуларните болести, дијабетес тип 2, одредени видови на рак и невродегенеративните нарушувања. 

Дополнително, вежбањето помага да се одржи здрава телесна тежина, ја подобрува кардиоваскуларната функција, ја подобрува  функцијата на имуниот систем и промовира подобро ментално здравје. Овие комбинирани ефекти придонесуваат за севкупно повисок квалитет на живот и зголемена виталност како што поединците стареат. 

 

[Поврзано: ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ го продолжува животот на ВОЗРАСНАТА ПОПУЛАЦИЈА!]

 

Покрај тоа, редовната физичка активност е поврзана со подобрена когнитивна функција и намален ризик од когнитивно „опаѓање“ кај постарите повозрасните лица. Физичката активност исто така допринесува во одржувањето на мускулната маса и ја подобрува густината и цврстината на коските, намалувајќи го ризикот од падови и фрактури кај постарите лица. Луѓето кои се редовно физички активни се генерално и посреќни, помалку ги чувствуваат ефектите од стресот, спијат подобро и се чувствуваат подобро за самите себе. 

Може да заклучиме дека навистина постојат низа на придобивки, директни и индиректни, преку кои физичката активност допринесува за виталност, подобрена кондиција, долговечност и едноставно кажано, подолг и поквалитетен живот. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор