fbpx

Може ли АШВАГАНДАТА да помогне за раст на МУСКУЛНАТА МАСА?

tonus

До пред некоја година ретко кој имаше воопшто слушнато за Ашвагандата. Денес, овој извонреден додаток на исхраната е помеѓу напобаруваните на пазарот и тоа во светски рамки. Ова воопшто не е случајно.

                       Што е Ашваганда?

  Ашвагандата е билка која се користи илјадници години, со потекло од Индија. Таа е исклучително потентна и нуди низа корисни здравствени придобивки, поткрепени со научни студии. Помеѓу главните бенефити е нејзиниот адаптоген ефект (прочитајте повеќе за ефектот). Сепак, во последно време ашвагандата се’ почесто се употребува од луѓето што вежбаат, со цел помош при градењето на мускулната маса.

     [Поврзано: Вежби со тежина – Добри за секого!]

"“Online”/

                       Ашваганда за градење на мускул?

  Корисните ефекти од користењето ашваганда се навистина многубројни. Иако за повеќето се потребни повеќе научни студии, постоечката литература и искуствата укажуваат на бројни позитивни ефекти, како диуретичен ефект, ефект на афродизијак, ефект на термогеничен агент, адаптоген ефект, когнитивна поддршка итн. Покрај ова, поради можноста за покачување на тестостеронот, намалување на инфламацијата и нивото на кортизол во организмот, како и поради стимулирањето на протеинската синтеза, се смета дека ашвагандата може да биде особено корисна и за градење на мускулна маса. Но, што велат истражувањата на темата?

                        Што велат истражувањата?

  Првото истражување што ќе го разгледаме е правено на група испитаници што суплементирале 300mg екстракт од ашваганда, двапати на ден, во период од 8 недели. Тоа би значело 600mg дневно. Втората група земала плацебо. Испитаниците правеле 3 комплетни тренинзи со тежина неделно, интензивирајќи ги тежинита со текот на неделите. Резултатите што ги покажале оние што земале ашваганда биле, значително зголемена сила на ,,бенч прес” и на вежбите со тежини за нозе. Дополнитено, утврдено било зголемување на мускулната маса и на рацете и градите.

  За разлика од првото, следното истражување е спроведено на доста активни волонтери, со искуство во вежбањето во теретана. Испитаниците практикувале тренинг со тежини во теретана 4 пати неделно (2 сесии за мускулите од горниот дел на телото и 2 сесии за мускулите од долниот дел), исто така зголемувајќи го отпорот со текот на неделите, како и во претходната студија. Резултатите на ова истражување укажуваат на тоа дека суплементирањето со ашвагандата значително ја зголемило силата кај испитаниците, посебно во ,,бенч пресот” и вежбите со тежина за нозе. Сепак, кај веќе поактивните ,,вежбачи”, нагло зголемување на мускулната маса не е утврдено, за разлика од првото истражување. Се смета дека за таа цел, потребна е подолга употреба на суплементот. Причините се јасни, кај тие што подолго вежбаат, поспоро оди добивањето на маса, бидејќи е потребен подолг период за да се види ,,хипертрофија”  на мускулите, како резултат на суплементирањето.          

 Краткиот заклучок од овие информации би бил дека ашвагандата дефинитивно помага за повеќе сила при вежбањето, но дека оние што веќе се долго време во теретана, треба да бидат потрпеливи (со суплементирањето) во целта дополнително да ја зголемат својата мускулна маса. Дополнително, тоа што се’ уште немаме доволно клинички студии на темата, не значи дека ашвагандата не може силно да допринесе за раст на мускулната маса. Нејзините силни и потврдени карактеристики, како зголемување на силата, енергијата, нивото на тестостерон и намалувањето на кортизолот, водат кон логички заклучок што значи: повеќе мускулна маса! Студиите неминовно ќе следат во наредниот период, па ќе видиме дали овој логички заклучок ќе биде силно потврден и од науката.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ И НАРАЧАЈ АШВАГАНДА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК:  https://shop.drmitov.mk/p/ashvaganda/

 

Извор:

Examining the effect of Withania somnifera supplementation on muscle strength and recovery: a randomized controlled trial

 

Effects of Ashwagandha ( Withania somnifera) on Physical Performance: Systematic Review and Bayesian Meta-Analysis

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор