fbpx

Брз, уникатен рецепт за печена тиква во сос, со фета сирење!

tonus

Поради нејзината ниска калоричност, а висока хранлива вредност, тиквата се смета за особено нутритивно сконцентрирана храна.

Таа е богат извор на витамини, посебно на витамин А, но и на Ц, Е и витамините од Б групата, потоа на минерали, како бакар, железо, фосфор, цинк и особено значајниот калиум.

[Поврзано: Тиква – најбогатиот природен извор на бета каротен!]

"“Online”/

Покрај ова, тиквите се одличен антиоксидативен извор, пред сè на флавоноидните антиоксиданти. Заради исклучителната хранлива вредност, овој зеленчук се вбројува во редот на најздравите зеленчуци присутни на пазарите, особено кога времето е поладно. Искористете ја максимално хранливата тиква, додека сè уште ја има низ нашите пазари!

[Поврзано: Семки од тиква – грицкање без грижа на совест!]

Во продолжение, еден брз уникатно вкусен рецепт за тиква комбинирана со фета сирење, во специјален сос кој најверојатно не сте го пробале. Уникатна комбинација на вкусови, во основата оној на тиквата, збогатен со низа антиоксидативни зачини, фета сирење, ореви и  киселкаст сос.

[Поврзано: 2 вкусни рецпети за тиква]

Повеќе детали околу самата извонредена хранливост на овој рецепт, прочитајте најдолу во нутиритвната таблица!


За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • една мускатна тиква од околу 1 килограм, излупена, исчистена и исечена на кришки
  • 1 главица лук, користете ги сите чешниња, но не ги лупете
  • ½ кафена лажичка оригано
  • ½ кафена лажичка сув босилок
  • ¼ кафена лажичка суво нане или мајчина душичка
  • ¼ кафена лажичка чили во прав
  • 150g фета сирење, распарчено
  • 50g ореви, искршени

За сосот/преливот:

Начин на подготовка:

1)                  Загрејте ја рерната на температура од 200°C и подгответе еден голем плех за печење така што ќе го обложите со хартија. Исечете ја тиквата прво на половина и извадете ги семките, а потоа исечете ги на резанки (можете да ги излупите резанките пред печењето, иако печените кожинки имаат многу вкус и даваат добра текстура на јадењето). Префрлете ги резанките во плехот и додадете многу малку маслиново масло, неизлупените чешниња лук, чили, оригано, босилок, нане и мајчина душичка. Зачинете добро со сол и црн пипер. Плехот ставете го во претходно загреаната рерна и печете околу 30 минути додека тиквата не омекне.

2)                  Во меѓувреме, направете прелив така што ќе изматите вински оцет со кафен шеќер, малку сол и бибер, а потоа ќе го додадете маслиновото масло.

3)                  Кога ќе се испече тиквата, истурете го преливот преку резанките. Додадете ги фета сирењето и оревите, нежно промешајте со рацете, а потоа послужете.

–        Овој рецепт прави 4 порции.


Нутритивна вредност:
(на 1 порција)

Калории: 315 Јаглехидрати: 22g од кои растителни влакна: 2,5g и шеќери: 9g;  Протеини: 10g; Масти: 23g од кои заситени масти: 6g и омега 3 масни киселини: 1,2g; Витамин Б2: 0,6mg; Витамин Б6: 0.5mg; Витамин Б12: 0,6mcg; Витамин A: 21 000 IU; Витамин Ц: 30mg; Витамин Е: 5,2mg; Железо: 2.5mg; Калиум: 1000mg; Фосфор: 280mg; Манган: 0,7mg; Калциум: 300mg; Бакар: 0,6mg

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор