fbpx

6 причини за редовно консумирање ПРОКЕЉ!

tonus

Прокељот е зеленчук од семејството круциферозни зеленчуци, што значи дека спаѓа во истата група со брокулите, карфиолот, кељот, зелката и слично. Помеѓу народот е познат по својата форма на ,,мини” зелка, но се работи за зеленчук кој воопшто нутритивно не заостанува зад неа. 

Имајќи предвид во која група или ,,друштво” зеленчуци се наоѓа прокељот, може лесно да се заклучи дека има извонредна нутритивност. Во продолжение, кои се корисните ефекти од честата употреба на овој нутритивно концентриран зеленчук.

Прокељот спаѓа во поширокото семејство Brassica и се смета дека потекнува од регионот на денешна Белгија. Се култивира уште од античко време и иако не е традиционален за нашиот дел од Европа, сепак во последно време се’ почесто можеме да го најдеме низ пазарите. 6 причини зошто треба да го користиме повеќе во исхраната:

 

  • Ризница на здрави компоненти

Прокељот е храна што е особено богата со хранливи материи, а од друга страна има малку калории. Најлесниот начин почесто да употребувате прокељ е да го додавате во свежите салати и во различните рецепти кои во себе подразбираат одреден тип зеленчук. 

"“Online”/

Во само 100g прокељ има значителни количества калиум (над 10% од дневните потреби), потоа витамин Ц и витамин К (над 150% од дневните потреби), витамин А, витамини од Б групата, манган, калциум, магнезиум, железо итн. 

Важно е да се нагласи дека само во 100g прокељ има дури 4g растителни влакна и само 2g шеќери. Дополнително, прокељот е извонреден извор на различни антиоксидативни компоненти и тоа флавоноиди, глукозинолати, сулфурни антиоксидативни компоненти, како познатиот суфурафан и други. Како антиоксидативен минерал се содржи и селенот. Ваквата уникатна комбинација овозможува намалување на инфламацијата во организмот, поддржувајќи го нашето општо здравје.

 

  • Антиканцероген ефект

Студиите велат дека редовната употреба на прокељот може да има заштитна улога од појавата на различни типови на канцер, како рак на желудникот, на белите дробови, бубрезите, но и рак на мочниот меур и простата

 

  • Подобро здравје на срцето

Крцкавиот прокељ може да ни помогне за подобро здравје на срцето на повеќе различни начини. Главните начини се борбата против високиот притисок и холестерол во крвта, но и преку контролирањето на нивото на шеќер.

 

  • Поздрави очи

Богатиот хранлив состав на прокељот, кој подразбира и доста витамин и провитамин А, овозможува одржување на здравјето на очите и превенција од многу чести заболувања, особено кај повозрасните лица.

 

  • Одлична храна за дигестијата и при процесот на слабеење 

Изобилството на пребиотици или храна за корисните бактерии од нашата микрофлора, го прави прокељот одличен и за нашата дигестија. Ваквиот состав овозможува и поголема заситеност, односно помала потреба од храна. Дополнително, малата калориска вредност, а голема нутритивност од друга страна, го вбројува прокељот во низата свежи продукти што се од голема помош при процесот на слабеење.

 

  • Подобра контрола и превенција од дијабет

Содржината на алфа-липоична киселина во прокељот покажува потенцијал за намалувањето на шеќерот во крвта.  Овие компоненти придонесуваат и за зголемување на инсулинската сензитивност и превенираат предијабетот да премине во дијабет.

[Поврзано: Како предијабетот да не премине во дијабет?]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор