fbpx

Неодложна потреба за чешање при ТРЧАЊЕ – Зошто се јавува и како да ја решиме?

tonus

Дали сте ја почувствувале неодложната, силна потреба за чешање додека се потите при утринското џогирање или пак при некоја друга поинтензивна ,,кардио” активност? Без разлика дали имате спринт или пак си трчате лежерно, потребата за чешање нема милост?!

Дефинитивно не сте сами! Станува збор за добро познат феномен што го искусуваат, вообичаено оние што практикуваат трчање и тоа при почетоците. Во продолжение ќе видиме што стои зад овој феномен, односно што е она што толку ја вознемирува нашата кожа во процесот? 

[Поврзано: Дали потењето троши повеќе калории?]

"“Online”/

Што вели биологијата?

Во суштина, неодложната потреба за чешање доаѓа од цела бура на реакции што се случува ,,зад сцената”. Крвните садови што ја хранат кожата продолжуваат да се шират додека трчаме, истото важи и за крвотокот до мускулите – се интензивира.

Целта на процесот е обезбедување на доволно хранливи материи и кислород во период кога се најпотребни и на местата кадешто се најпотребни. Дополнително, на тој начин телото ја регулира темепратурата, односно се превенира прегревање.

Сепак, ваквиот проток на крвта, во комбинација со триењето од облеката, претставува тригер за мастоцитите, клетки ,,пакувани” со хистамин, подготвени за забава. Се работи за тип на имуни клетки кои се наоѓаат во повеќе делови на телото, но особено се застапени во кожата. Тие претставуваат првата линија на одбрана на телото, буквално, бидејќи кожата е нашата бариера од надворешниот свет. Една од нивните примарни функции е излачување на супстанца наречена хистамин, како одговор на различни надразнувања – алергени, повреди или пак силно зголемен проток на крвта во текот на вежбањето. Во овој случај, станува збор за ,,лажен” аларм, бидејќи овој систем обично е доста корисен за заштитување на телото од различни состојби и штетници.

Кој е виновникот?

Хистамините се поврзуваат со хистаминските рецептори што се наоѓаат на нервните завршетоци во кожата, испраќајќи сигнали до мозокот. Токму овие ,,сигнали” резултираат со непријатното чувство, односно потребата за чешање. 

Станува збор за биолошка, односно физиолошка последица, а не психолошка или нешто што нашиот мозок го ,,измислува”. Телото не си игра со нас, се работи за чиста хемија!

[Поврзано: Зошто се јавуваат непријатните “болки од страна” при трчањето и на кој начин да се справиме со нив?]

Како да го избегнеме непријатното чешање

Што можеме да го преземеме за да избегнеме чувство на чешање при трчањето:

  • Пијте доволно вода – пиењето доволно количества вода, значително го помага балансирањето на хистамините во организмот, намалувајќи го чувството на чешање.
  • Соодветно загревајте се пред трчањето – ова помага проширувањето на крвните садови да биде постепено, намалувајќи го пикот на хистамините.
  • Одржувајте ја влажноста на кожата – сувата кожа е посклона на чешање, обидете се да најдете соодветен начин за хидрирање на кожата.
  • Носете облека којашто може да ,,диши” – на овој начин се намалува триењето на кожата со материјалот од облеката, отежнувајќи го ослободувањето на хистамините.

Не дозволувајте да бидете беспотребно демотивирани!

Секако, непријатното чешање, како и заморот од самиот тренинг, се работи што имаат потенцијал да не’ оттргнат од целта. Постојат и низа други препреки.. Никогаш не го заборавајте вашиот мотив за вежбање, без разлика за каква мотивација се работи. Останете фокусирани.

Секоја препрека вреди да се прескокне за да се оствари цел што е благородна, како редовна физичка активност. Посебно тоа важи за ,,проблемите” како оној за кој што зборуваме денес. Имено, вреди да се напомене дека станува збор за нешто што ги погодува почетниците. Со користење на советите што денес Ви ги понудивме, но и со текот на времето и вашата упорност, чешањето ќе биде минато за вас! Како што станувате поискусни, така чешањето станува се’ помал проблем и на крајот исчезнува.

Прочитајте основни совети во однос на тоа како да започнете со навиката трчање: Што треба да знаете пред да почнете со џогирање? Трчање – корисни совети за почетници

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор