[Поврзано: Диетите не се решение, диетите се проблем!]
Нутиртивно сконцентрирана храна
Секому е потребна храна што ќе обезбеди задоволување на физиолошките, но и на хедонистичните ,,нагони”.
Здравиот начин на исхрана подразбира состојба или ситуација во која воопшто не сме загрижени во однос на тоа колку калории ќе внесеме. И тоа не заради тоа што калориите не ни се важни, туку заради тоа што ако ги почитуваме принципите на здравата исхрана, имаме одмерени оброци составени од намирници кои изобилуваат со хранливост, а не со калории (иако и калориите не недостасуваат).
[Поврзано: Кои се најважните принципи за успешно одржување на нормална телесна тежина?]
Калориите се важни, но поважно е нивното ,,потекло”
Во продолжение Ви нудиме еден одличен пример за оброк во кој можете да уживате и количински, без никаква грижа на совест. Дополнително, притоа да внесете одредено количество (најчесто солидно – погледнете ја нутритивната табела најдолу!) од речиси сите можни макро и микронутиренти.
Многу повеќе за конкретните бенефити од намирниците како грашок и прокељ, прочитајте на следните линкови:
- Грашок – БОГАТ со протеини, извонреден за слабеење!
- Група на НАЈЗДРАВИТЕ зеленчуци – 5 конкретни ефекти по нашето здравје!
За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:
- 450g грашок
- 1 голема главица црвен кромид, ситно исечкана
- 3 чешниња лук, ситно исечкани
- 300ml доматно пире (погусто)
- 300g прокељ (свеж или смрзнат)
- 150g слатка пченка
- 200g црвен грав (претходно сварен или од конзерва)
- Зачини (ноктец, копар, бибер, кари и кумин)
- Сол и црвен пипер
- 3 лажици ладно цедено маслиново масло
- 6 кришки интегрален, полнозрнест леб
Начин на подготовка
- Најпрво во еден подлабок сад за чорба, ставете го маслото и кратко пропржете ги лукот и кромидот, па додајте ги и зачините (освен копарот). Внимавајте топлината да не биде превисока, ниту пак прениска. Можете да додадете и лажица брашно за подобра текстура.
- По неколку минути, додајте го доматното пире, заедно со прокељот. Доведете до вриење, а потоа додајте 3 чаши вода, заедно со грашокот и прокељот.
- Варете на потивок околу 15-20 минути, а кога грашокот ќе биде подготвен, додајте го црвениот грав, заедно со слатката пченка. Посолете и додајте бибер според вкус. На крајот, додајте го и копарот.
- Овој рецепт прави околу 3 до максимум 4 порции.
- Добиената здрава манџа, комбинирајте ја со свежа, сезонска салата во што е можно повеќе бои (внимавајте на маслото кое го додавате!).
Нутритивна вредност:
(на една голема порција, без салата, со 2 кришки полнозрнестиот леб)
Калории: 600 Јаглехидрати: 94g од кои растителни влакна: 20g и шеќери: 20g; Протеини: 24g; Масти: 16g од кои заситени масти: 2g и Омега-3: 0,2mg; Витамин Е: 4,5mg; Витамин K: 120µg; Витамин А: 5000IU; Витамин Б1: 0.6mg; Витамин Б2: 0.4mg; Витамин Б3: 5mg; Витамин Б6: 0.7mg; Витамин Б9: 300mcg; Бакар: 1mg; Фосфор: 310mg; Селен: 6mg; Калиум: 1200mg; Maнган: 1mg; Железо: 8mg; Maгнезиум: 200mg; Цинк: 2,5mg