fbpx

Која ХРАНА го чува и подобрува СРЦЕВОТО ЗДРАВЈЕ?

tonus

Проблемите со кардиоваскуларното здравје секоја година се меѓу првите три најчести здравствени состојби, а нажалост, тие се и први во статистиките за смртност. Проценките се дека, во 2019 година, 17,9 милиони луѓе умреле како последица од некое срцево заболување. Оваа бројка е екстремно алармантна и всушност претставува 32% од вкупниот број на смртни случаи таа година. 

Превенцијата, односно промени во навиките и начинот на живот е убедливо едно од најсилните оружја во борба против кардиоваскуларните заболувања. Денес, ќе зборуваме за една нова студија која се фокусирала на повеќе групи на намирници и открила токму кои се најкорисни и најдобри за одржување на кардиоваскуларното здравје.

 

Што претставува кардиоваскуларното здравје и кои се најчестите заболувања?

Под поимот кардиоваскуларно здравје се подразбира здравјето на срцето и крвните садови. Кардиоваскуларните заболувања се група на состојби кои можат да го нарушат здравјето и функцијата на срцето и на крвните садови. Имено, како главни кардиоваскуларни заболувања се сметаат :

"“Online”/

1 . Коронарни срцеви заболувања

  • Ангина – болки во градите предизвикани од намален доток на крв до срцето
  • Инфаркт – дотокот на крв до срцевиот мускул е ненадејно блокиран и запрен
  • Срцева слабост – неможност на срцето да пумпа доволно крв за целото тело

2. Мозочен удар – дотокот на крв до делови од мозокот може да е целосно запрен, што може да предизвика оштетувања кај мозокот па дури и смрт.

3. Периферни артериски заболувања – блокирање во артериите на екстремитетите, најчесто кај нозете

4. Заболувања на аортата – група на состојби кои ја засегаат аортата, која претставува најголем крвен сад во телото. Најчестата појава е анеуризма на аортата, каде таа е ослабната и испакната. 

 

Кои намирници и начини на исхрана го намалуваат ризикот за проблеми со кардиоваскуларното здравје?

Една понова студија анализирала повеќе начини на исхрана и податоци од над 80 држави. Биле анализирани податоци од над 166.000 испитаници, на возраст од 35-70 години. Просечното време на следење на здравствената состојба на испитаниците било 9,3 години. 

Резултатите покажале дека исхраната богата со овошје, зеленчук, мешунки, риба, млечни производи и јаткасти плодови има најдобри резултати во поглед намалување на ризикот од кардиоваскуларни проблеми. Резултатите биле конзистентни и усогласени во сите држави, без разлика на континентот, климата и сл.

Врз база на она што пријавиле дека секојдневно јадат, испитаниците добивале оценка за нивниот начин на исхрана. Просечната оценка била 2,95, а истражувањето покажало дека лицата со оценка над 5 имале значително помал ризик од кардиоваскуларни компликации, споредено со оние чија оценка била околу 1. Воглавно, лицата со најдобра исхрана имале за околу 30% помал ризик од смртност, 19% помал ризик за мозочен удар и 14% намален ризик за инфаркт. 

Ваквите резултати не се изненадувачки, бидејќи ваквите намирници се во основата на Медитеранската исхрана, која е именувана како најздрава исхрана неколку години по ред. Ова се должи на повеќе фактори: голем внес на растителни намирници, исхрана богата со антиоксиданти, незаситени масти, но и лимитирање и сосем мала употреба на високо-процесирана храна

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор