fbpx

Што мислите, каде ,,одат” килограмите кога слабееме?

tonus

Интернет просторот е преполн со лажни ветувања за ,,лесно и брзо” слабеење преку најразлични диети. Огромен дел од популацијата буквално е опседнат со телесната тежина и неретко лажната потреба од слабеење. Броење на секоја калорија, мерење на храната со малечки вагички, опседнатост со секојдневно мерење на тежината……

[Поврзано: Диетите не се решение, диетите се ПРОБЛЕМ!]

Дури и професионалците од областа имаат дилеми

Сепак, ретко кој знае каде навистина ,,одат” килограмите кога вагата ни покажува дека сме намалиле од својата телесна тежина. Еден интересен анкетен прашалник кој бил поделен помеѓу 150 доктори, персонални тренери и нутриционисти, ни дава особено интересни резултати. Имено, дури и помеѓу професионалците од областа има изненадувачко непознавање на биохемискиот механизам зад слабеењето.

"“Online”/

Апсолутно најчестото недоразбирање помеѓу сите испитаници е дека маснотиите се претвораат во енергија и на тој начин доаѓа до слабеење. Одговорот не е целосно неточен, но проблемот настанува кога целокупното слабеење се препишува на овој механизам кој е во противречност со законот за зачување на материјата, закон на кој се потчинуваат сите хемиски реакции.

[Поврзано: Што всушност се калориите и како да ги користиме за слабеење?]

Другите најчести погрешни одговори се дека маснотиите се претвораат во мускулно ткиво, што е невозможно, потоа дека слабеењето се одвива преку фецесот, урината и слично. Само 2% од испитаниците го имале целосно точниот одговор.

Каде навистина “одат” килограмите кога слабееме?

Точниот одговор едноставно кажано е – мастите метаболитички се претвораат во јаглероден диоксид и вода. CO2 издишуваме преку белите дробови, додека водата оди во крвотокот додека не се излачи преку урината или преку потта.

На пример, ако изгубиме 10 килограми, точно 8,4kg од материјата губиме преку издишувањето, а најголемиот дел од останатото преку водата. Со други зборови, речиси целата тежина ја издишуваме. Интересно, нели.

[Поврзано: 5 распространети НЕВИСТИНИ за јаглехидратите!]

Речиси сите внесени јаглехидрати и маснотии (па и алкохолот) на “крајот” од корисните метаболитички патишта се претвора во CO2 и вода. Ова важи и за голем дел од протеините, но дел од нив се разложува и до урина и други поцврсти материи што се излчуваат низ урината.

Единствениот ,,нутриент” кој завршува во дебелото црево недигестиран се растителните влакна. Тие се метаболизираат од нашата корисна цревна микрофлора, односно се храна токму за неа.

[Поврзано: Кои се најчестите симптоми на недостатокот од фибер или растителни влакна?]

Внесени vs потрошени калории

Сите на училиште сме учеле дека енергијата не може да биде загубена, односно дека внесената енергија е еднаква на онаa што излегува, ако сакаме килограмите да останат исти. Но, енергијата е често збунувачки концепт, особено кога станува збор за слабеењето. Најчесто е поедноставно да ги следиме самите килограми кога слабееме, отколку килоџулите и калориите.

Во просек, секој човек внесува околу 3,5 килограми храна и пијалоци во текот на денот. Нешто помалку од половина килограм од тоа е цврста храна, додека останатото е вода. Но, секојдневно вдишуваме и околу 600g кислород што е исто така многу важно за телесната тежина.

Ова би значело дека во текот на денот внесуваме околу 4 килограми материја во себе. Тоа значи дека ако истото количество материја не го излачиме, не само што нема да слабееме, туку ќе се здебелиме.

Околу половина килограм храна ќе ,,продуцира” 800g јаглероден диоксид, 350g вода и до 50g урина. Ниту едно апче не може да го промени ова, впрочем затоа и не постојат ефективни таблетарни “терапии” за слабеење.

Па, дали забрзаното дишење слабее?

За жал не. Тоа само може да не одведе кон хипервентилација, што ќе создаде вртоглавица и општа непријатност. Единствениот начин да издишуваме повеќе јаглероден диоксид е да ги движиме повеќе мускулите, односно да сме повеќе физички активни.

[Поврзано:Дали кога се ПОТИМЕ значи дека автоматски трошиме и повеќе КАЛОРИИ?]

Добрите вести се дека метаболизмот го забрзуваат и наједноставните активности, како прошетки, па дури и работа низ дома.

[Поврзано: 7 ЛЕСНИ начини за да потрошите 100 калории!]

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор