fbpx

КАЛИУМ – минерал кој РЕТКО се внесува во ДОВОЛНИ КОЛИЧИНИ!

tonus

Според некои студии, помалце од 0,01% од Американците внесуваат доволни количества на калиум преку секојдневната исхрана. Денес, ќе зборуваме за причините позади оваа загрижувачка статистика и ќе погледнеме како ова всушност се одразува врз здравјето на популацијата.

 

Koe е дејството на калиумот?

Калиумот е еден од седумте есенцијани макроминерали или минерали кои треба да се внесуваат секојдневно, во релативно високи количества. Храната која е богата со калиум е од особена важност за лицата со хипертензија. Тоа е така, бидејќи калиумот има речиси спротивно дејство на натриумот, во поглед на притисокот. Се смета дека калиумот ги контролира и балансира ефектите на натриумот. Овој минерал го намалува крвниот притисок и на тој начин го намалува оптеретувањето врз ѕидовите на крвните садови. Калиумот помага и во балансирањето на течностите и минералите кои минуваат во и надвор од клетките, на тој начин одржувајќи го нормалниот крвен притисок.

Најлесно објаснето, ефектот на калиумот врз крвниот притисок се должи на неговото дејство врз нивото на натриум, но и врз работата на бубрезите. Калиумот е минерал кој помага на телото да се ослободи од вишокот натриум кој е внесен преку исхраната. Колку повеќе калиум е внесен, толку повеќе и полесно ќе се ослободиме од вишокот натриум преку урината. Калиумот се смета за минерал кој го „чува“ кардиоваскуларното здравје, особено во поглед на крвните садови и притисокот. Овој минерал го намалува ризикот за проблеми со срцевото здравје, здравјето на мозокот и  бубрезите. Тој исто така е неопходен за работата и контракцијата на мускулите, заедно со натриумот. Нажалост, калиумот често се смета дека недоволно се внесува преку храната.  Повеќе различни здравствени организации препорачуваат внес на калиум преку секојдневната исхрана како превентивна, но и како терапевтска алатка во поглед на хипертензијата. Препорачаната дневна доза е околу 4700mg или 4,7g. За намирници кои се одличен извор на калиум и може да бидат корисни за лицата со покачен крвен притисок, кликнете тука.

"“Online”/

 

Зошто повеќето луѓе не внесуваат доволно калиум преку исхраната?

Повеќето луѓе не добиваат доволно калиум преку нивната исхрана главно поради неколку меѓусебно поврзани фактори. Прво, луѓето често даваат приоритет на обработената и брза храна, наспроти домашната, зготвена храна која е секогаш поздрава и понутритивна. Процесираната храна најчесто содржи високо количество на натриум и ниска содржина на калиум, што придонесува за дисбаланс меѓу овие два минерали. Вишокот на натриум во крвта се одразува негативно на кардиоваскуларното здравје, главно преку покачување на крвниот притисок.

 

[Поврзано: КАЛИУМ – најважниот минерал за лицата со ПОКАЧЕН КРВЕН ПРИТИСОК! ]

 

Дополнително, одредени преференци или ограничувања во исхраната, како што се диетите или слабиот внес на овошје и зеленчук, може дополнително да го намалат внесот на калиум. 

Покрај тоа, самите методи на готвење можат да влијаат на нивото на калиум во храната; зовриениот зеленчук, на пример, може да го  „исцеди“ калиумот во водата за готвење, која често се фрла. Високата консумација на алкохол, пушењето и високите нивоа на стрес, исто така, можат да го осиромашат нивото на калиум во телото.

За да се реши овој недостаток, може да започнеме со зголемување на внесот на храна богата со калиум како банани, компири, зелени лиснати зеленчуци и сл. Дополнително, разновидноста во исхраната, односно вклучување на повеќе овошја, зеленчук, мешунки и јаткасти плодови може да помогне да се обезбеди соодветен внес на калиум. Намалување на употребата и внесот на преработена, брза храна, богата со натриум, намален внес на алкохол, откажувањето од пушење и управувањето со нивото на стрес може да го поддржи здравото ниво на калиум во телото, но и целокупното кардиоваскуларно здравје. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор