fbpx

Музика – лек за ДУШЕВНАТА, но и за ФИЗИЧКАТА БОЛКА?

tonus

Љубовта и конекцијата на човекот со музиката/пријатните звуци датира уште од праисториски времиња. Музиката не е само нешто што го следи човекот низ времето, туку важна компонента во неговото развивање на индивидуално и социјално ниво.

[Поврзано: Деменција – музиката има ТЕРАПЕВТСКА вредност]

Веројатно сте забележале дека убавата музика може да ни делува на моменталната ментална состојба, но и да побуди носталгични чувства и позитивни сеќавања. Во една од претходните статии зборувавме дека музиката може да има дури и терапевтски ефекти кај заболените од деменција. Општо е познато дека музиката е ,,лек за душата”, но една интересна студија од Канада вели дека пријатните тонови можат да придонесат и за намалување на физичката, не само на менталната болка! Во продолжение, нешто повеќе околу ова истражување.

"“Online”/

Музиката не е само за менталната болка, може да помогне и при физичката!

Истражувачите од Универзитетот Мек Гил во Канада, испитувале каков ефект ќе има врз акутната (моменталната) болка слушањето на омилената музика, наспроти слушањето на релаксирачки тонови или музика која претходно е непозната за слушателот.

Поконкретно, волонтерите биле изложени на болка која траела ограничен период, односно болка која може да се спореди со држење на многу топла чаша чај на кожата, во период од 7 минути. Во истиот период биле пуштани различните типови на музика што ги споменавме претходно.

Утврдено било дека емотивниот одговор на музиката играл значителна улога во однос на тоа дали музиката ќе ја ублажи болка или не.

Што велат резултатите?

Во споредба со контролната група или со групата која ја примала болната дразба во тишина, кај оние што ја слушале омилената музика утврдено било силно намалување во сензацијата за болка и непријатност.

Во целта да испитаат дали самото присуство на звукот прави одредена дистракција, па тоа води кон намалување на болката, истражувачите ги изложиле волонтерите и на неструктурирани звуци кои не можат да се сметаат за ,,музика”. Откриле дека на овој начин не може да се постигне хипоалгесија (намалена сензитивност на болка).

Иако не било утврдено што конкретно биолошки значат пријатните морници што ги чувствуваме кога се наежуваме од музиката, се смета дека токму тие се виновникот, односно причината зад хипоалгесијата предизвиката од музиката. Тие посочуваат на неврофизиолошки процес кој ефективно ги блокира сигналите за болка.

На крајот, истражувачите нагласуваат дека иако ефектот на намалување на физичката болка не бил утврдена кај релаксирачката музика, сепак на долг рок честото слушање на ваквите пријатни тонови на релаксирачка музика потенцијално може значително да допринесе за хроничните болки – проблем кој е далеку посложен и почест.

[Поврзано: 5 правила за самопомош кога сме соочени со ХРОНИЧНИ БОЛКИ]

Извор: Emotional responses to favorite and relaxing music predict music-induced hypoalgesia

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор