fbpx

ОПТИМАКС за подобар сон?

tonus

Сите ги знаеме последиците од нарушениот сон: чувство на тромавост, омалаксаност и безенергичност во текот на целиот ден, но и нарушена концентрација.

Нарушените навики за спиење се поврзуваат и со многу други проблеми, како на пример намален имун одговор, зголемен ризик од дијабет и висок крвен притисок итн.

За жал, многумина дури и со години се во ,,битката” за обезбедување добар и доволен сон. Во продолжение, колку екстрактот од жолт кантарион може да ни помогне во оваа цел.

"“Online”/

[Поврзано: МЕЛАТОНИН – суплемент за спиење – Колку да се зема и кои се несаканите ефекти?]

Лековита билка со векови

Кантарионот (Hypericum perforatum) претставува повеќегодишна тревна билка. Тој има релативно исправено стебло, без лисја и може да порасне од 20 па до 100cm. Има специфични, воочливи жолти цветови, кои се во својот пик во периодот од мај до септември. Карактеристичен е за пределите со поумерена клима, како Европа, Северна Америка и Азија.

Кантарионот има исклучително богата историја во традиционалната или ,,хербална” медицина. Најчесто бил користен за побрзо залекување на раните, а во денешно време најпозната е неговата употреба за третирање на поблаги облици на депресија.

[Поврзано: Екстракт од кантарион – признат како антидепресив во Германија уште во 80-тите години!]

Суплементирањето со хиперицин може да има и бројни други позитивни ефекти, покрај главниот: третирање депресија, полесна релаксација и поуспешно ,,контролирање” на расположението.

Помеѓу нив повеќе истражувања го споменуваат и позитивниот ефект во однос на спиењето.

Оптимакс за подобар сон

Одредени студии сугерираат дека суплементацијата со екстракт од кантарион, може да ги олесни симптомите на стрес и да го забрза заспивањето. Се смета дека ова се должи на ефектот што го има хиперицин на одредени ,,мозочни хемикалии”, како мелатонинот и серотонинот.

Како кантарионот може да помогне за подобро спиење?

Информациите од истражувањата укажуваат дека екстрактот од кантарион може да ја инхибира или попречи реапсорпцијата на одредени невротрансмитери, како серотонин и гама-аминобутерна киселина (GABA).

Хиперфоринот кој се содржи во екстрактот од жолт кантарион ја инхибира реапсорпцијата на серотонинот, невротрансмитер кој го помага регулирањето на сонот.

Хиперицинот кој исто така се содржи во екстрактот од жолт кантарион, служи како рецептор антагонист на GABA или гама-аминобутерната киселина – смирувачки невротрансмитер, познат по позитивниот ефект врз спиењето.

Иако на оваа тема се потребни многу повеќе истражувања, позитивните ефекти на кантарионот во однос на спиењето се движат уште во две насоки.

Продолжување на ,,длабокиот” сон и индиректено дејство за подобар сон

Во праксата, екстрактот од кантарион често се зема за подобар сон. Покрај горенаведените причини, постојат и други причини зошто кантарионот се покажува како успешен за оваа намена.

Некои истражувања покажуваат дека екстрактот од кантарион може да биде корисен за подобар сон преку поттикнувањето на продолжен период на т.н. ,,длабок сон” – фаза на сонот ѝ претходни на РЕМ фазата и се верува дека е најважна за физичкото и менталното ,,рестартирање” на телото.

Имено, во една двојно-слепа, плацебо контролирана студија, 12 испитаници земале 300mg сув екстракт од кантарион или плацебо таблета. Се покажало дека оние што земале кантарион имале подолг период минат во фазата на длабок сон. Друга клиничка студија вели дека ,,хиперикумот значително ја зголемува латенцијата до РЕМ фазата на сонот, без притоа да прави никакви несакани промени во патерните на сонот”.

Дополнително, јасно е дека подобрувањето на симптомите на депресија и подобреното распложение во целина, го олеснуваат заспивањето и го подобруваат квалитетот на сонот. Суплементите на кантарионот несомнено допринесуваат за контролирање на расположението и намалување на непријатните симптоми на депресијата, особено ако станува збор за поблаги облици.

Спречувајќи ги топлите бранови – еден од најчестите непријатни симптоми на (пост)менопаузата, исто така можеме да допринесеме за полесно заспивање и поцврст сон. Многу повеќе на оваа тема, прочитајте на следниот линк: НОВА СТУДИЈА – Екстрактот од кантарион помага и за ТОПЛИТЕ БРАНОВИ во (пост)менопауза

Дозирање на ОПТИМАКС за спиење

Клиничките студии употребувале од до 900mg екстракт од кантарион, дневно.

Една капсула ОПТИМАКС има 300mg сув екстракт од кантарион – околу 0,3% хиперицин и 3-6 хиперфорин. Се зема 3 пати на ден.

[Поврзано: ОПТИМАКС – природна доза оптимизам!]

Можни интеракции со одредени лекарства:

Како и повеќето суплементи и лекарства, ОПТИМАКСОТ може да има несакани интеракции со други лекови. Потврдени се повеќе вакви ефекти, а ќе ги наведеме најважните (ако користите повеќе лекарства, консултирајте се со лекар пред било какво земање суплементи):

Антидепресиви, барбитурати, цитостатици, одредени имуносупресирачки лекарства, контрацептивни лекови, цитохром ензими, Дигоксин (ланоксин), антихистамини, Кетамин, Дилантин, протеаза инхибитори, Триптани, антифунгални лекови и Варфарин (јантовен).

Земањето ОПТИМАКС со овие лекарства може да доведе до нивен намален ефект, зголемени несакани ефекти или преголемо насобирање на серотонин во организмот.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор