fbpx

Дали ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ може да го направи откажувањето од ЦИГАРИ полесно?

tonus

За ефектот и штетноста на цигарите врз нашиот организам имаме зборувано во бројни наши претходни статии. Ги имаме разгледано штетните ефекти на цигарите врз: кардиоваскуларното здравје, менталното здравје, оралното здравје, плодноста, здравјето на нашите бели дробови и сл.

Поради тоа, редовно ја нагласувавме важноста од намалување или целосно отжакување на цигарите, со цел зачувување на здравјето. Бидејќи откажувањето е особено тежок и за многумина навидум невозможен процес, имаме пишувано и за дел од најдобрите совети кои можат да ви помогнат при тоа. Во тој поглед, денес ќе зборуваме поконкретно за една од најлесните и наједноставни алатки кои можат да ви помогнат при откажувањето на цигарите, а тоа е физичката активност.

 

Никотинот во цигарите – главниот виновник за зависноста од цигари

Никотинот е главната состојка на цигарите и е причина поради која пушачите имаат потешкотии со откажувањето. Имено, во нашиот мозок постои т.н систем или центар за награда. Кога практикуваме некоја активност што ни се допаѓа или ни претставува некакво задоволство, нашиот мозок создава допамин. Допаминот претставува невротрансмитер и е заслужен за начинот на кој осеќаме задоволство.

"“Online”/

Никотинот го користи или може да кажеме – злоупотребува ваквиот систем. Со внес на никотинот во телото, тој многу брзо стигнува до мозокот и предизвикува создавање на допамин. Но, количеството на допамин кое се создава е многу поголемо во споредба со секојдневните активности, како на пример јадење на некоја омилена храна. Ова е воглавно начинот на кои се создава зависност од никотинот и би било донекаде погрешно доколку пушењето го наречеме „навика“.

Со текот на времето, количеството допамин кое се создава станува се помало, а потребата за цигарите расте со цел да се задоволат потребите за допамин. Ова се смета за еден од главните механизми кој се јавува кај сериозните пушачи и за нивната редовна потреба од нова цигара.

 

Како физичката активност може да помогне при откажувањето од цигари?

Симптомите на откажување: надразливост, нервоза, тресење и сл. – се сосем нормални и очекувани. Вежбањето или било која форма на физичка активност може да ги намали и ублажи ваквите симптоми, а тоа е постигнато преку повеќе начини. Голем број студии покажале дека дури и мали интервали на некаква активност се доволни да ја намалат желбата за цигара. Во овој поглед, особено аеробичните (кардио) вежби се покажале како ефикасни. Во оваа категорија спаѓаат: пешачењето, пливањето, трчањето, возењето велосипед, танцувањето и сл. Некои истражувања покажале дека потребата за цигара се намалува и во периодот после завршување со физичката активност. Една студија која користела лабораториски глувчиња, покажала дека физичката активност е особено ефикасна за намалување и ублажување на непријатните симптоми кои се карактеристични по откажувањето на цигарите, односно никотинот.

Дополнително, физичката активност е особено корисна за контролирање на телесната тежина, што неретко се покачува кај лицата кои скоро ги откажале цигарите. Исто така, редовното раздвижување може да ги ублажи анксиозноста, надразливоста и чувството на немир кои се јавуваат кај лицата кои ги откажуваат цигарите.

Затоа, со цел полесно и поуспешно откажување на цигарите, се препорачува редовната физичка активност – во било која форма или интервал. Предност треба да добијат аеробичните вежби, но секако било какво раздвижување ќе има корисен ефект.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор